За регулација на основните хемиски процеси во организмот, клучна улога игра соодносот на киселините и базите. Во неизменичен ритам, тие протекуваат низ ткивата на организмот. Органите кои во прв ред управуваат со регулацијата на кисело-базната рамнотежа во организмот се црниот дроб, бубрезите и белите дробови.
При активност на клетките настануваат кисели валенции и протони, кои мораат да се неутрализираат со базни супстанции. Колку повеќе киселини настануваат во организмот, на пр. Преку работа на мускулите или преку внесувањето храна која создава киселост, толку е поголема потребата од валенции, кои можат да ги влијат тие киселини.
За да може во организмот да се одвива здрава размена на материи потребни се базни супстанции кои пред сè се создаваат со внесување на растителна храна во доволни количини. Но, тешкит телесни напори, на пример: професионалниот спорт, или храната богата со животински протеини и со многу киселост, каква што за жал се произведува преку постапките на рафинирање, може да доведат или до брз и силен наплив на млечна киселина (болки во мускулите) или постепено да придонесат за намалување на pH-вредноста во организмот.
Нов поттик за вашиот желудник
Луѓето најпрво воопшто не го чувствуваат хроничното постоење на преголемата киселост во нивниот организам, но подоцна се појавуваат симптоми во форма на киселини во желудникот, функционални пречки во подрачјето на желудникот и жолчката и општи проблеми во горниот дел на стомакот проследени со мачнина и чувство на надуеност. Ваквите луѓе често се без енергија, не расположени се сè до степен на депресија и имаат недостиг на концентрација. Освен тоа, како резултат на хроничните воспаленија и таложењето токсини нив ги мачат и јаки болки во зглобовите и меките делови. Заради ублажување на симптомите во акутните состојби на болест, идеално средство што создава базна средина преставува АЛКАЛА Т и Н („Alkala T“и „Alkala N“). „Alkala T“ содржи натрумхидроенекарбонат и може да се користи и во форма на таблети. „Alkala N“ е во форма на прав и содржи главно натруѕмхидрогенкарбонат како и калиумхидрогенкарбонат и натриумцитрат. На тој начин тоа преставува идеално средство кое брзо може да воспостави кисело-базна рамнотежа во организмот и тоа од една страна со впивањето преку натриумхидрогенкарбонатот, а од друга страна со дотурот на калиумови јони и конечно преку солите на слабата органска киселина. Слабите органски киселини можат во организмот преку размената на материи да станат базни и затоа исто така служат за намалување на протоните во ткивата. Делува и против таложење на млечна киселина и може да ја спречи евентуалната преголема киселост која настанува поради голем емоционален напор.
Alkala “N”
Состав: 150 г прашок содржи: Natriumhydrogencarbonat 133,93 г, Kaliumhydrogencarbonat13,40 г, Natriumcitrat X2H20 2,67 г.
Начин на припрема: Доколку не е поинаку одредено, за возрасни и деца над 12 години се зема прашок од 3 г. со помош на приложената мерица и се раствора во 200 мл. топла вода во порцеланска чаша. Се пие во период од 15 минути. Потребно е медицинска препорака за жени во тек на бременост и доење и за деца под 12 години. Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
|