Азуки грав се користи во Јапонија и Кина повеќе од 2 века, не само како храна, туку и како лек. Азуки грав има сладок и остар (луткаст) вкус. Одличен е за бубрезите, срцето, тенкото црево и панкреасот. Исто така, азуки гравот ја прочистува крвта, го детоксифицира организмот, ја подобрува циркулацијата, го намалува потењето, добро е против дијареа и др. Содржи голем број на витамини, меѓу кои се издвојуваат витаминот А, Б5, Б11, а од минерали бакар, манган, натриум, цинк и др. Во алтернативната медицина се прави паста од азуки грав која се употребува како облога за чир и акни така што се нанесува на проблематичниот дел од кожата, се прекрива со памучна крпа и се задржува неколку минути.
Начин на подготовка: Се меле зрното и се меша со топла вода и мед. Исто така при продолжен менструален циклус се џвакаат 5 зрнца азуки грав дневно додека да се намали. Начинот на подготовка е ист, како и за обичниот грав. Исто така, голема нутритивина вредност има сокот од азуки грав (во размер 1:5). Конзумирањето на мала чаша половина час пред јадење помага кај бубрежни проблеми, нефритис и ја зголемува количината на мајчиното млеко доколку има недостаток во период на доење.
|