Мени
Семе од чиа
 

Семе од чиа – одличен извор на Омега 3

Семето од чиа (salavia hispanica ) e познато уште од времето на древните култури и претставувало значаен извор на енергија на Маите и Инките. Поради извонредните карактеристики на семето Маите го нарекле "Chia" што значи "Сила".


Семето од чиа е најбогатиот растителен извор на Омега-3 масни киселини ( дури 30%), Омега-6 масни киселини (10%), протеини и моќни антиоксиданси. Ова "супер семе" како што го нарекуваат нутриционистите е одличен извор на есенцијалните минерали ( фосфор, манган, калциум и цинк), a содржи и висок процент од диетални влакна.

Знаете ли дека?
Семето од Чиа содржи:
- 8 х повеќе Омега-3 од лосос 
- 30% повеќе антиоксиданти од капина
- 25% повеќе влакна од ленено семе
- 5 х повеќе калциум од млеко
Семе од чиа – Нова природна супер енергија

Поради богата нутритивна вредност со внесување на семето од чиа во секојдневната исхраната ќе почуствувате низа бенефити:
- Зголемено ниво на енергија и подобрено расположение
- Подобрена концентрацијата, работна способност и појасно размислување
- Богатството од Омега -3 масни киселини влијае на намалување на високиот крвен притисок и намалување на холестеролот во крвта
- Позитивно влијае во одржување здрави коски - Семето од чиа содржи висок процент на калциум, една лажица семе од чиа содржи исто количество на калциум како две чаши млеко
- Високиот процент на диетални влакна (растворливи и нерастворливи) во семето од чиа позитивно влијае при дигестија на храната, перисталтиката на цревата и го елиминира проблемот со опстипација
- Позитивно влијае во одржување здрава телесна тежина и витка фигура

Четири својства на семето од чиа кои влијаат за намалување на телесната тежина:
- Семето од чиа има способност да нарасне и до 12 пати од неговата големина кога ќе се додаде во течност. Toa влијае да се чувствувате сити за многу кратко време и да го намалите внесот на храната. 
- Семето од чиа е нутритива бомба - ќе внесете богатството од Омега-3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, фолна киселина и есенцијални минерали со минимален внес на калории
- Бавно се вари во организмот, што овозможува чуство на ситост подолго време и бавно ослободување на енергија. Ова ќе помогне да се спречи недостатокот на енергија што често се јавува при диети
- Со додавањето на семето чиа во диетата ќе се чувствувате по енергични и ќе ви биде многу полесно да практикувате половина час пешачење или други вежби во дневната рутина.

Чиа – "супер семе" во твојата чинија
Семето од чиа многу едноставно може да го внесете во вашето секојдневно мени како здрав додаток во напитоци, салати, тестенини, супи, десерти, мусли и останати комбинации. Нема да го промени вкусот на јадењето, туку само ќе ја подобри нутритивната вредност на истото. Започнете да го воверувате постепено 1-2 кафени лажички дневно, а по неколку недели зголемете на 1-2 супени лажици дневно.

Семе од чиа во 25 здрави комбинации
1. Измешајте мелено семе од чиа, лен, тиква, сончоглед или интегрален
сусам во ливадски мед и консумирајте секое утро по една лажичка за енергија
2. Додадете семе од чиа во свежо цеден сок од овошје или зеленчук
3. Додате го во бистар сок да ја згусните струкурата и да го збогатите
4. Миксирајте во блендер свежо овошје, семе од чие и Виталиа мусли по ваш избор и подгответе енергетски напиток
5. Промешајте семе од чиа во шејкови
6. Во оброк од мусли со млеко додадете семе од чиа да ја збогатите нутритивната вредност
7. Измелете го семето од чиа, потопете го во топло млеко и направете каша
8. Утринската овошна салата со мед и јаткасти плодови збогатете ја со семе од чиа
9. Промешајте мелено семе од чиа со путер и имајте поздрав намаз за утринскиот појадок
10. Промешајте го во јогурт
11. Јадете чисто сме од чиа како ужина
12. Додадете измелено семе од чиа во интегрално брашно и подгответе вкусно и здраво лепче
13. Направете милиброд комбинирајќи семе од афион и семе од чиа
14. Направете палачинки со мелено семе од чиа, интегрално брашно, млеко и јајца
15. Додадете семе од чиа во изматени јајца , оставете ги да отстојат 10 мин и направете омлет
16. Додете семе од чиа во супа за да ја збогатите нутртивната вредност
17. Попрскатје семе од чиа врз салати или додадете го во сос за салата
18. Додадете го врз веќе зготвена леќа, спањаќ, ѓувеч и други варива
19. Додадете семе од чиа во веќе сварен интергален ориз
20. Здрав додаток во ќофтиња од тиквички и соини трошки
21. Додете семе од чиа во сосови за тестенини
22. Направете пире во поздрава варијанта - оставете семето од чиа да отстои во млеко и потоа додадете го во пирето од компири
23. Напревете пудинг од чиа со соино млеко или кравјо млеко
24. Семето од чиа е одличен додаток во колачи
25. Измешајте семе од чиа во кремови за торти ..и шарено и здраво
.... и тоа не е се. Бидете креативни, употребете ја вашата имагинација и внесете го ова "супер семе" во вашите омилени јадења за повеќе здравје и енергија.