Го јакне срецето и тенкото црево и влијае на намалување на масните наслаги во организмот. Црвениот грав е хранлив, одличен извор на протеини, а сиромашен е со калории, масти и натриум. Во процес на `ртење на никулци од црвен грав, количината на витамини, особено на витамини А и Ц не се намалува, додека пак, во процес на сушење тој не ги губи хранливите состојки. Црвениот грав не содржи глутен, така може да го конзумираат луѓе заболени од целијакија. Стручни лица од областа на нутриционизмот и медицината советуваат да се внесуваат што повеќе растителни влакна во исхраната кои ги има во гравот. Бидејќи тие имаат функција да го одржуваат правилно дигестивниот систем и да ја спречат појавата на опстипација. Погодни се за лечење на хемороиди, дивертикулоза, канцер на дебело црево, како и одржување на здрава цревна микро-флора која е предуслов за добар имунитет. Покрај позитивното влијание, на цревната флора, црвениот грав го намалува нивото на холестерол во крвта и спречува болести на кардио-васкуларниот систем (ризикот опаѓа за 82%). Исто така, содржи глукохихим (соединение слично на инсулин) кое помага за намалување на нивото на шеќер во крвта.
|