ДИЕТ ЏЕМОВИ СО ФРУКТОЗА |
|
|
|
 |
|
Џем од Јагода
Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежувачки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од Капина
Капината - е овошје богато со пектин, калиум и витамин Ц. Содржи малку шеќери и има благотворно дејство при воспаление на усната слузница и при настинки. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од малина
Вкусни и квалитетни диетални џемови подготвени според традиционалниот рецепт од специјално одбрано овошје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од вишна
Вкусни и квалитетни диетални џемови подготвени според традиционалниот рецепт од специјално одбрано овошје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од кајсија
Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста према болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од модра слива
Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Џем од праска
Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза. |
|
|
|
|
|
|
ДИЕТ ЏЕМ СО АЛОЕ ВЕРА |
|
|
|
Во денешно време, кога многу болести се актуелни, човекот станува се повеќе свесен за зачувување на своето здравје..
Дозволете си во својата исхрана да внесете овошје бидејќи содржи драгоцени флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против многу болести и ја чуваат младоста. Овошјето е одлична природна и здрава храна која го регенерира организмот и го чисти од наталожените отровни материи.
ВИТАЛИА од својата богата палета Ви ги препорачува да ги пробате новите ДИЕТ џемови збогатени со алое вера. Подготвени се според традиционалниот рецепт од специјално одбрани свежи плодови на овошје од домашното поднебје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам. Диет џемот на ВИТАЛИА содржи 55% овошје. Изберете според сопствениот вкус: диет џем со вкус на кајсија, слива, праска или јагода.
Диет џемот ги содржи сите хранливи состојки присутни во плодот и тоа:
Кајсијата содржи 482 мг. Калиум доволни да се намали ризикот од шлог за 40%. Содржи фосфор, магнезиум и провитамин А од каде потекнува бојата. Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста спрема болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни.
Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. Обилува со витамини, минерали, ензими и антоцијанини кои благотворно делуваат подобрувајќи ја острината на видот.
Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза.
Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежува~ки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. Материите присутни во плодот се значајни за намалување на холестеролот во крвта, помагаат во релаксација на заморените мускули и влијаат на заздравување на рани. Диет џемовите на ВИТАЛИА покрај богатството на свежиот плод од овошјето се збогатени со алое вера кактус кој е исклучително лековито растение. Алоето во својот состав содржи доволно витамини ( А, Б, Ц, Е и фолна киселина), мукополисахариди, аминокиселини неопходни за синтеза на протеини, ензими (протеаза, амилаза, липаза).
Алое верата има повеќекратно корисно дејство: го зајакнува имунитетот, помага во варење на храната, делува антибактериски и антивирусно и врши детоксификација на организмот. Токму затоа започнете го денот со оброк од житарици засладен со диет џем и почуствувајте го вкусот на природата. Ви го препорачуваме и како десерт во кој уживаат децата, спортистите, дијабетичарите и сите оние кои се грижат за сопственото здравје. Најдобро е да консумирате џемови произведени исклучително од свежо овошје. Само така ќе го почуствувате вистинскиот вкус и арома на овошјето и ќе бидете сигурни дека внесувате богатство од хранливи состојки. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
FRUITIN
ОВОШЕН ШЕЌЕР
Фруктозата е природен, високо растворлив шеќер кој има најјака засладувачка способност од сите видови на шеќери, така во однос на белиот шеќер има два пати поголема засладувачка моќ. Со консумирање на фруктозата пред оброк се намалува чувството на глад, што е корисно во случај да сакате да ја регулирате телесната тежина. Нејзините корисни својства се изразени и при спортување, гојазност како и при диета, кај диабетес без инсулинска зависност.
Фруктозата може да се користи самостојно или во комбинација со други засладувачи. Таа е одличен засладувач на спортски пијалоци (помага при рехидратација, бидејќи брзо се дигестира) и особено им се препорачува на атлетите.
Фруктозата може да се употребува и во подготување туршија, џемови, компоти или слатки. Го подобрува вкусот и квалитетот на чоколадите, желето, карамелите. Со нејзино додавање во колачите се подобрува нивната влажност, а може да се користи и како засладувач на Вашиот појадок од интегрални житарици.Супериорниот вкус и високиот квалитет на фруктозата е погоден за фамилии со членови кои спроведуваат специјални диети, како што се диети за слабеење или диети за диабетес, бидејќи на таков начин се избегнува приготвувањето на посебни оброци.Препорачана дневна доза е 40-60гр. рамномерно распоредени во текот на денот. Има поголема моќ на засладување: 60гр. фруитин заменува 100гр. обичен шеќер.
Токму затоа размислете каков шеќер користите. Направете здрав и квалитетен избор. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Диет какао крем табла со фруктоза
Вкусен и сладок продукт за секој кој дава предност на нискокалоричноста.
Погодно за дијабетичари. Состав: фруктоза, растителни масти, млеко во прав, какао во прав, лецитин, ванила.
*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.
Вкусен и сладок продукт за секој кој дава предност на нискокалоричноста. Погодно за дијабетичари. Состав: фруктоза, растителни масти, млеко во прав, какао во прав, лецитин, ванила. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Diabet Hon
Diabet Hon е дијабетски намаз со арома на мед
Diabet Hon е вкусен десерт кој содржи природни состојки, билки и екстракт од полен. 100% природен производ засладен со природен засладувач: фруктоза и сорбиол.
Се употребува како намаз на леб и ароматски засладувач за пијалоци,
Соодветен за дијабетичари.
Билки: коприва, шипка и нане.
Diabet Hon е дијабетски намаз со арома на мед. Diabet Hon е вкусен десерт кој содржи природни состојки, билки и екстракт од полен. 100% природен производ засладен со природен засладувач: фруктоза и сорбиол. |
|
|
|
|
|
|
 |
|
Диетална таан алва
според најдобриот традиционален рецепт
Сусамовата таан алва е уште еден деликатес од Далечниот исток. Претставува сладок, посен десерт кој содржи фруктоза - овошен шеќер поради што може да ја консумираат и дијабетичари. Така имате можност да го одбегнете шеќерот, а сепак да уживате во вкусот на алвата.
|
|
|
|
|
|
|
 |
|
Соја пудинг
Ако чувствувате желба да се заблажите, изберете нешто здраво, хранливо и нискокалорично. Одберете Соја пудинг според сопствениот вкус: јагода, ванила или чоколадо.
Пудингот од соја на ВИТАЛИА е 100% растителен производ. Засладен е со фруктоза - овошен шеќер кој не го покачува шеќерот во крвта и има скоро два пати поголема засладувачка моќ од белиот шеќер. Поради тоа може да го консумираат и дијабетичари и сите оние кои сакаат протеински десерт со ограничен внес на шеќери.
Зошто е посебен пудингот од соја? Не содржи масти, холестерол и лактоза, а збогатен е со соин протеин поради што е лесно сварлив во организмот. Се препорачува како сладок оброк за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција и покачен холестерол, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети, но и за оние кои постат. Всушност, соја пудингот е прав избор за сите оние кои се грижат за своето здравје. Соја пудингот на ВИТАЛИА е економичен, брз и едноставен за подготовка зошто во себе ги содржи сите неопходни компоненти и тоа Соино млеко во прав и овошен шеќер. Така за да подготвите сладок десерт ви преостанува само да додадете вода и да уживате. Консумирајќи го соја пудингот не мора да ги броите калориите. Тој е вистински избор посебно за време на постите. Може да го користите самостојно или како крем во различни слатки рецепти, колачи, торти или овошни салати. Ќе Ве изненади неговиот пријатен вкус и арома. Не заборавајте дека со консумирање на 25 грама соин протеин дневно се намалува ризикот од срцеви заболувања и канцер. Начин на приготвување: потребно Ви е една кесичка Соја пудинг на ВИТАЛИА и 225 мл. вода. Од ладната вода одземете 8 лажици и помешајте ги со содржината на кесичката. Остатокот од водата зовријте ја, тргнете ја од оган и додадете го растворениот пудинг. Варете со мешање една минута, врелиот пудинг истурете го во влажни садови и оставете да се олади.
Добар апетит и добро здравје! |
|
|
|
|
|
|
 |
|
РАСТИТЕЛЕН KAKAO КРЕМ СО ФРУКТОЗА
Вкусен, сладок десерт направен со фруктоза. Вегетаријанскиот како крем е одличен фил за палачинки и прелив за торти и колачи. Состав: фруктоза, соин протеин, растителни масти, соино млеко во прав, какао во прав, лецитин, ванилa. |
|
|
|
|
|
|