Намалете ги шеќерите
Дијабетисот создава зголемен ризик за појава на кандидијаза. Продолжениот хроничен физички и психички стрес, како и исхраната со многу шеќери и концентрати од шеќери,разни слатки и преработени прехрамбени производи создаваат оптимални услови за ширење и размножување на кандидата. Докажано е дека употребата на оралните контрацептивни средства влиае на зголемено присуство на кандидата. Кандида причинува и разни гинеколошки проблеми - вагинална габична инфекција, која се манифестира со чешање, црвенило, иритираност и густ бел секрет. Симтоми во дигестивниот тракт се манифестираат со зголемени гасови, периодичен запек, дијареа, лошо варење на храната и грчеви во цревата. Во устата се појавуваат бели наслаги (скрами). Чести се болките во мускулите и глуждовите, а на жените рацете и ножете им се студени.
Народната медицина и нутриционизмот препорачуваат употреба на ориблети со прочистен прополис во комбинација со неколку лековити растенија. Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само 8 секунди. За борба против габичните инфекции се препорачува земање витамин Ц, најмалку трипати дневно по 1 гр секогаш во комбинација со матичен млеч. Се препорачува и секојдневна употреба на лукот, витамини од Б-групата како и есенцијални масни киселини од незагреано ленено масло. Помага и редовно пиење и свежо исцедени сокови од зеленчук пред секое јадење. Од исхраната освен шеќерите треба да се отстранат и ферментирани газирани напитоци.Исхраната треба да биде според крвните групи. За да се заштитат жените од габичните инфекции, освен хигиена треба да ги избегнуваат стресните ситуации и да носат памучна долна облека, а не треба да носат тесна облека.
Свежи сокови против нарвози и невралгии.
-Потребни состојки: 280 гр моркови, 170 гр спанаќ.Исцедете го зеленчукот. Сокот се пие по 1 филџан,трипати дневно пред јадење.
-Смеса од 255 гр сок од моркови и 200 гр сок од целер.Се пие по 1 филџан, теипати дневно пред јадење.
-Смеса од 200 гр сок од моркови, 110 гр сок од целер, 60 гр сок од магдонос и 90 гр сок од спанаќ. Се пие по 1 филџан трипати на ден пред јадење.
Храна против висок крвен притисок
храна која што можи да го снижи високиот крвен притисок: целер, лук, масна риба, овошје, зеленчук, маслиново ладно цедено масло, храна богата со калциум, храна богата со калиум, земањето на витамин Ц од овошјето и зеленчукот го намалува крвниот притисок, а по некогаш треба да се земаат поголеми на витамин Ц како би се задоволиле недостатоците на организмот, а со тоа и намалувањето на крвниот притисок. Треба да се знае дека со природната храна (целер, лук...) треба 1 месец редовно да се зема за да има ефект.
Храна против мозочен удар
јадете многу овошје и зеленчук 5 и повеќе пати на ден, а најповеќе морков. Јадете риба, поготово мрсна риба најмалку 3 пати неделно. Не јадете сол. Не претерувајте со алкохолот, не повеќе од 1-2 чаши дневно. Пијте чај, поготово зелен. Јадете: спанаќ, блитва, меласа, сок од домати, свеж сок од портокал, диња, сува кајсија, моркови, грав, авокадо, банана, бадеми, печена соја, печен компир, сардина, сабјарка.
Храна против опстипација и (која спречува опстипанцја)
– житарица (пченични трици). Тие се најбезбедни, најефтини и најприроден метод за лечење и спречување на опстипацијата. Таа настанува заради недоволно внесување на храна богата со целулозни влакна. Интегралниот ориз е добар – ласкатив, пиете поголеми количества на вода, леб од цело зрно, зеленчук (грашак), суво овошје, компир, морков, зелка, спанаќ и цело овојше.
Дијареја и исхрана
вистина е дека од дијареата побргу ќе се справиме ако продолжиме да јадиме. Најважно е – немојте да престанувате со јадење, заблуда е подобро да престанеме со јадење и да ги пуштиме цревата да се одморат. Јадете ориз, густа супа од морков, јадете по малку и почесто банана, ориз, пире од јаболка и тост. Бистри течности да не се земаат и благи – густи и матни не се препорачуваат кај мали деца, а помагаат каши од житарици.
При дијареја не се препорачуваат газирани пијалаци, па ни обична вода. Добри се густите супи направени од ориз, пченка, пченица и компир, морков, сок од кокос и пилешка супа со тестенини. Продукти кои треба да се земаат ако имате дијареја се: житарица, банана, ориз, зеленчук од кој се користи коренот (компир, морков). Продукти кои не треба да ги внесуваме: храна која што прави гасови (грав, зелка, кромид), млеко, течности со многу шеќери, безалкохолни пијалаци и сокови, кафето и др. Добри резултати има и сувата боровница во доза од околу 10 гр., јогуртот има моќ да ги уништи микроорганизмите кои ја предизвикуваат дијарејата, и Escherichia coli бактеријата умира во јогуртот, а додека пак во млекото се размножува. Бактериските култури од јогуртот произлведуваат млечна киселина во цревата, а тоа ја сочинува цревната средина кисела, кочејќи ја способноста на инфективните бактерии да преживеат и да се размножуваат. Напомена: ако јогуртот се загрева, тој повеќе не може да ја убива Escherichia coli, но, и понатаму може да го запре нејзиното размножување.
Диета против дијареја: најпрво да го отфрлиме млекото и млечните производи, засладувачот сорбитол, кафето, газирани пијалаци, овошните сокови, поготово сок од јаболко.
Желудочни проблеми
Бананата дава добри резултати, и тоа една банана дневно во времетраење од еден месец. Од друга страна треба да се смали кафето, мајонезот, зелката, пржена и пресолена храна, газирани пијалаци и овошни сокови. Кога имаме киселини во желудникот, најдобро е да пробаме со интегрален ориз, варен, околу половина шола. Тој е сложен јагленохидрат и ја врзува вишокот на желудочна киселина и е многу лесен за желудникот. Кај некои помага и гравот и тоа белиот и црвениот и пченката во умерени количини. Тофуто (сирење од соја) ги неутрализира киселините. Пијалаци кои го стимулираат лачењето на желудочната киселина се: пивото, виното, млекото, кафе (обично без кофеин), чај, Кока-кола, 7-up, а се смета дека највисоко котира пивото (ја дуплира желудочната киселина за дупло во рок од 1 час), млекото може во прво време да нè залаже, но потоа се лачи уште повеќе киселина. Џумбирот е чудо од лек против мачнини, повраќање, морска болест... исто за пореметен желудник избегнувајте сокови од лимон, портокал, грејпфрут (лимонската киселина премногу го надразнува желудникот), храна која предизвикува гасови; млеко и мешунки, а храна која што можи да ги намали гасовите се: џумбирот, лукот, нането. Најголеми произведувачи на гасови се: брокула, прокељ, карфиол, грав, грашак, млеко и млечни производи, кромид, соја, репа. Умерени произведувачи на гасови се: јаболко, банана, леб и пецива од бело брашно, морков, целер, црн домат. Слаби произведувачи на гасови: јајца, риба, месо, масло, живина, ориз. Додадете бел лук и џумбир на таа храна што ви создава гасови.
Чир – збогум на млекото
во првиот момент од млекото можеби ќе чувствувате некое подобрување, но потоа нагло се влошува состојбата. Желудникот повеќе лачи желудочен сок и тој сок ја надразнува пак раната. За жедудникот и дванаесет палачното црево многу е добра исхраната со доста целулозни влакна. Храната која содржи јаглени хидрати богати со целулозни влакна, добра е за чирот, а храната со малку влакна е штетна. Како тие делуваат целосно не е јасно, но се знае дека влакната ја намалуваат концентрацијата на желудочната киселина. За да го заштитиме желудникот и дванаесетпалачното црево од чир, треба да јадеме по 1 банана. Бананата го зајакнува желудникот. Исто така и во зелката постојат природни лекови против чирот. За таа цел, потребно е да се испие секојдневно по 1 литар сок од зелка, а резултатите се од 2-5 дена – оздравувањето е околу 95%. Најдобра е пролетната и летната зелка и задолжително свежа, и што е пократок патот од бавчата до стомакот, тоа е подобро. Стоењето му ја одзема силата. Исто така зелката мора да биди сирова. Таа лечи на тој начин што ја зајакнува отпорната на слузокожата на желудникот од нападот на киселините. Уште една можност, зелката е антибиотик. Таа може да ги уништи разните врсти на бактерии како helicobacterpylori која се споменува како причинител за настанувањето на чирот. Кај чирот многу помага и слаткиот корен. "Ако би имал чир прво што би направил е да го побарам слаткиот корен", вели д-р. Џејмс Дјук, биолог во Министерството на САД. Исто така многу помага и зелениот чај со редовно пиење, околу 2-3 шоли на ден ја намалува опасноста за околу 90% . Еве ги најголемите кривци за појачување на желудочна киселина: млеко, пиво, кафе, 7-up, кафе без кофеин, чај, Кока-кола |