Диета за чир
Млеко – не, сок од зелка, банана, зелен чај без кофеин , умерена количина сладок корен – европски, храна богата со диетални влакна и црвен грав, лутиот пипер и лукот се многу битен лек против чирот (ако некој почувствува болка нека престане да го зема), земањето помали оброци на ден на место 3 вообичаено нема никаква корист околу лекувањето на чирот, дури се вели дека таквите чести оброци се штетни заради зголеменото лачење на киселина, но не е ни добро да се земаат големи количини на храна бидејќи го растегнува желудникот.
Камен во жолчната кеса
јадете многу зеленчук, поготово мешунки, јадете што помалку шеќер, доколку пиете алкохол – пиете умерено тоа што може да е од корист, не правете долги периоди помеѓу оброците и на утро задолжително доручкајте, вишокот на тежина слегувајте го пополека, брзото слабеење може да доведи до појава на камчиња, земајте по малку маслиново масло.
Да не дозволиме да се создаде камен во жолчното кесе
Камен во жолчното кесе се најчесто се формира кога жолчката ќе биде презаситена со холестерол,кој "кристализира"и се создаваат тврди топчина,како зрнца песок,или покрупни со пречник до 2,5 см,кои создаваат проблеми.Најчесто човекот не знае дека камчина во жолчното кесе,се додека не почувствува непријатна болка во десниот горен дел од стомакот,под ребрениот лакт.Камен во жолчното кесе се дијагностицира кога ќе се направи ехографија на стомакот.
Жолчното кесе се наоѓа под црниот дроб,има облик на круша и е полно со жолчка.Жолчката е наменета да овозможи разградување на мастите внесени со храната.Ги помага варењето и искористувањето на мастите бидејќи овозможува тие да се разложат во ситни капки.Се додека камчето или камчината не го напуштат и не навлезат во жолчниот канал и го попречат излачувањето на жолчката,не се чуствува никаква болка.Болката може да престане ако камчето евентуално се врати во жолчното кесе,но може да настанат и разни други компликации-воспаленија на жолчното кесе,поради кое треба или да се вади каменот или да се отстрани жолчното кесе.Појавата на камен во жолчното кесе е трипати почеста кај жените,особено кај жените со зголемена телесна тежина,отколку кај мажите.Некои луѓе имаат генетска предодреденост за појава на каменот.Затоа оние чии родители веќе имаат проблеми со жолчката треба да обрнат поголемо внимание на исхраната,која е еден од главни фактори за појава на каменот.Со начинот на исхрана можеме да придонесеме да се зголеми или намали заситеноста на жолчката со холестерол.Некои прехрамбени производи овозможуваат растворање на холестеролот.Растворениот холестерол во тој случај нема да биде причина за создавање на камен.Некои прехрамбени производи создаваат услови каменот да го напушти кесето и да навлезе во каналот што доведува до тешки болни напади.За да го спречиме создавањето на камен во жолчното кесе и да не дозволиме создадениот камен да навлезе во жолчниот канал,треба да јадиме редовно разни видови на зеленчук термички обработен и двапати повеке термички не обработен-како салата. Ова особено е важно да гоприменуваат луѓето што обожаваат да јадат многу месо,а забораваат да го комбинираат со многу зеленчук.
Во зеленчукот има се сеуште неоткриена состојка,која оневозможува содавање на камен.Констатирано е дека жените што јадат редовно мешумкаст зеленчук(граф,леќа,грашок, боранија),како и ореви,бадеми и лешници,имаат двапати помалку шанси да заболат од камен или,пак,од неговото навлегување во каналот,отколку жените нередовно што јадат мешумкаст зеленчук.Се претпоставува дека содржината на растителните влакна во мешумкастиот зеленчук и присуството на белковини од растително потекло овозможуваар надминување на тегобите во врска со жолчката.Познато е дека гравот содржи 25 отсто белковини,а сојата дури 40 отсто растителни белковини.Тие веројатно претставуваат најголема заштита од камен на жолчното кесе.Една нутриционистичка студија покажа дека кај оние луѓе што поднесуваат алцохол,ако повремено пијат по една чаша црно вино дневно,или,пак чаша пиво,за 40 отсто се намалува можноста за појава на камен во жолчката.Нагласувам дека поголеми количества вино и пиво не претставува заштита од камен.Се претпоставува дека внесениот етилалкохол во мали дозипомага да се намали концентрацијата на холестерол во жолчното кесе.Начинот на исхрана во која преовладуваат благите работи и шеќерот,а недостигаат растителните влакна,е главна причина за создавање на камен во жолчното кесе.На луѓето што имаат генетска предодреденост за создавање на камен им советувам да се откачат од шеќерот-да го заменат со малку мед.
Тие треба редовно да јадат интегрални жита,свежо овошје на празен желудник,И многу зеленчук,во согласност од препораките за исхрана според крвни групи. Луѓето што имаат камен во жолчката не треба да пијат кафе, бидејќи кафето приготвено на турски начин често може да предизвика контракции во жолчното кесе, а со тоа и можност постојното камче да се најде во жолчниот канал.За нив не се препорачува ниту филтер-кафе,ниту експресо-кафе.Зголемената телесна тежина,односно присуството на непотребно масно ткиво,е голем фацтор на ризик за појава на камен.Затоа од зголемена телесна тежина треба да се ослобоуваме,но на физиолошки оправдам начин-постапно,најмногу по еден и пол килограм неделно.
Особено е опасно непрородното-нагло симнување на тежината.
Тоа претставува голем ризик за појава на камен. За време на постапното слабеење неопходно е редовно со јадењето да земате по две лажици ладно цедено маслиново масло дневно. Многу светски нутриционисти препорачуваат поради риик од појава на камен во жолчката,значително да се намалат мрснотиите од животинско потекло,а редовно да се користи ладно цедено маслиново масло. Ова особено треба да го применуваат луѓето што се склони кон оздавање на камен.
Совет:За да не ризикувате да добиете камен во жолчката,применувајтеги следните препораки:
Јадете секој дневно многу зеленчук(обработен и свеж) и редовно пијте по малку сок од исцеден свеж зеленчук во согласност со препораките за исхрана според крвни групи.
Користете што помалку консумен шеќер.
Ако имате навика за пиење на вино и пиво,праветего тоа умерено.
Не правете долги паузи меѓу оброците и не прескокнувајтего појадокот или вечерата
Вишокот килограми симнувајтеги бавно.Брзото слабеење често доведува до појава на камен во жолчното кесе.
Не пропуштајте во текот на денот да консумирате барем две лажици ладно цедено маслиново масло.
Камен во бубрегот – диета како лек
Најстариот лек е "пиете што повеќе вода (најмалку 2 чаши на секои 4 саати), смалете го внесот на натриум на 2.500 мг. дневно, смалете го внесот на белковини од животинско потекло, поединци што се склони на создавање на камен во бубрегот, да се намалат: спанаќот (равена), засладени безалкохолни пијалаци кои исто така содржат доста оксалати, калиум да се зема од 650-800 мг дневно, јадете што повеќе зеленчук и житарици богати со растителни влакна. Ваквата диета може дупло и повеќе да го смали ризикот од настанување на камен во бубрегот. Ако сте склони кон формирање на камен во бубрегот, смалете го внесувањето на месо, по готово ако јадете повеќе од 200 гр. на ден. Поголемиот дел од белковините на крајот се претвора во камен. Еве уште еден доказ дека месото прави камен, а зеленчукот го спречува неговото формирање во бубрегот, вегетаријанците три пати поретко заболуваат од камен во бубрегот, отколку оние кои јадат месо. Вегетаријанците внесуваат и двапати повеќе влакна, кои се мисли дека се противници на формирањето на камен во бубрегот, а со експеримент ако вегетаријанците внесуваат месо во исхраната се забележува повеќе калциум во урината. Што помалку сол – тоа е една од најкорисните работи кои можете да ги направите. Луѓето со камен во бубрегот да ги избегнуваат и преработките на месо: сланина, сувомеснати производи, маслинки, конзервирани работи, кисела зелка. Исто така смалете ги и засладените безалкохолни пијалаци – тие содржат оксалати, смалете го внесот на калциум во организмот, но не помалку од 650-800 мг дневно.
Да го спречиме создавање камен во бубрезите
Човекот отсекогаш имал проблеми со појавата на камен во бубрегот. Постојат повеќе причини за создавање камен во бубрег-предиспозиција,нарушување во размената на материите,последици од разни инфекции,неконтролирано земање на лекови и погрешен начин на исхрана. Тоа значи дека човекот несакајќи може да придонесе да дојде до појава на камен во бубрегот.
Кристалите на разни минерални соли - оскалатите, уратите и фосфатите - вклучувајќи го и калциумот од храната, се раствораат во урината, која се елиминира преку бубрегот. Кога ќе биде презаситена се оформуваат кристали, кои понатаму се групираат во грутки, а потоа може да се формира и камен. Со оглед на тоа каква храна јадеме, се создаваат и такви кристали. Со помош на одреден режим на исхрана може да придонесеме да не се создаваат големи количества на цалциум и разни соли(најчесто оксалати)во уринате. Се претпоставува дека околу 80 отсто од сите камења во бубрегот се создадени од цалциум оксалати.
Се чини дека главната причина за појава на камен во бубрегот е современиот начин на исхрана, кој се карактеризира со прекумерно внесување на храна.
Менувањето на режимот на исхрана е најдобро решение против каменот кај оние луѓе што веќе исфрлаат мали камчиња или пак, врз основа на ренгенските снимки се забележува нивно зголемување.
Кај овие луѓе, освен менувањето на навиките во исхраната се препорачува и пиење поголемо количество течности, за да биде концентрацијата на создадените кристали во уринате,што е можно помала.
Луѓето кај кои се создаваат камења треба да обрнат внимание на внесувањето белковини од живитинско потекло, натриум, особено ореку готварската сол, внесување соли на оксалната киселина (оксалати), цалциум и течности. Важно е да се напомене дека мажите од камен во бубрегот заболуваат три пати повеќе од жените.
Применувајт еги следн ите совети
Ако сте наклонети кон создавање камен во бубрегот и ако припаѓате на крвната група О, Б или АБ, намалетего консумирањето месо од топлокрвните животни на минимум. Месото треба да го исклучат од исхраната и луѓето со крвна група А.
Бидејки е констатирано дека вегетеријанците во однос на другите луѓе поретко заболуваат од камен во бубрегот, препорачувам редовно земање на сите видови на зеленчуци (1/3 како вариво,а 2/3 како салати), во оброците. Начинот на исхрана со сосема малку месо, а со изобилство од зеленчуци за неколку пати ја намалува можноста за појава на камен.
Зголеменото пиење течности во текот на денот значително ја намалува можноста од создавање на камен кај луѓе предиспонирани за оваа болест. Оваа е порака од Хипократ таткото на медицината, пред 2400 години.
Најчесто камен во бубрег имаат луѓето што на"непробано" ги досолуваат јадењата .Препорачувам да не се зема повеќе од 5 грама сол дневно во просек. Тоа значи дека е сосема доволно човекот да конумира 100 грама сол за 20 дена. Ова може лесно да се контролира ако се измери 100 грама сол и да се стави во едно тегличе и од него се зема сол за солење на јадењата 20 дена. Ако тоа количество се потроши за 10 дена консументот треба да знае дека внесува двојно повеќе сол од потребното. На ваков начин се контролира потрошувачката на сол и кај повеќе члени семејства што не се склони кон оваа болест.
Кога зборуваме за оксалатите и за опасноста од нив,треба да спомнеме дека оксалати има најмногу во какао, чоколадите, спаноќот,цвеклото и во блитвата. Затоа треба умерено да ги користиме производите што содржат какао. Кога термички го обработуваме спаноќот, по бланширање треба да го доваруваме со еден филџан млеко. На тој начин го"жртвуваме"калциумот од млекото бидејќи тој се сврзува со оксалатоте од спанаќот во нерастворено соединение-калциумоксалат. Овој пат цалциум оксалатот не се исфрла преку бубрего, туку преку дебелото црево, така што се надминува можноста да се создаде камен во бубрег од постојните оксалати во прехрамбениот производ. Цвеклото треба да го вариме и да го консумираме варено. Треба да внимаваме да не консумираме енормни количества сок од свежо цвекло. Умерени количества сок од свежо цвекло дејствуваат како лек за многу заболувања, но од големи количества сок од свежо цвекло, поради присуството на оксалатите, ризикуваме да предизвикаме создавање камен во бубрег. Исто така, не се препорачува претерано пиење пиво, бидејќи и пивото содржи оксалати.
Калциумот од храната му е неопходен на организмот, но неконтролираната употреба на препарати од цалциум може да биде дури и штетна. Кога земаме шоља млеко очекуваме организмот да го искористи калциумот од млекото. Но ако често ставаме какако во млекото, создадениот калциум оксалат оневозможува искористување на калциумот, бидејќи во овај случај калциумот ќе биде исфрлен преку дебелото црево. Ова е важна напомена за мајките што честопати непотребно им нудат на децата млеко со какако. Присуството на какако во млекото го оневозможува оптималното искористување на калциумот во организмот.
Присуството на растителните влакна во исхраната многу помага да не дојде до енормно собирање на калциум оксалатот во уринате. Затоа треба да консумираме главно интегрални прехрамбени производи кои содржат растителни влакна, а не рафинирани производи, кои воопшто не ги содржат. Оваа препорака се однесува за сите, дури и за луѓето што не се предиспонирани за појава на камен во бубрег.
Исхрана при бубрежни заболувања
Бубрезите се парни органи, сместени од двете страни на 'рбетниот столб. Обложени се со масно ткиво, долги околу 11 а широки околу 6 см, а нивната дебелина изнесува околу 2,5 см тежината на еден бубрег е од 135-150 грама. Секој бубрег е составен од околу еден миллион нефрони. Во бубрезите се врши пречистување на крвта и исфрлање на штетните материи, особено материи кои се создадени со разградување на белковините (уреа, креатинин и мочна киселина) кои преку урината се исфрлаат од организмот. Од друга страна бубрезите спречуваат исфрлање материи неопходни за одржување на функциите на оделни органи и за нормално живеење. Тие материи се враќаат преку крвта во организмот и ги задоволуваат неговите физиолошки потреби. Секоја минута во нефроните се прочистува околу 1200мл крв. Во нефроните се создава урината која преку бубрежната карлица и мочните патишта доаѓа во мочниот меур и потоа периодично се исфрла од организмот. Дневно се излачува од организмот од 500 до 2000мл урина зависи од внесените течности. При разни заболувања волуменот на излачената урина може значително да се зголеми или намали. Преку урината организмот се ослободува од вишокот кисели продукти кои се создаваат во метаболичките процеси како и од повеќе лекарства кои ја извршиле својата функција Ако функцијата на бубрезите е намалена, лековите што во тој период се пијат можат да го влошат постојното бубрежно заболување. Бубрезите го регулираат нивото и прометот на готварската сол од организмот. Од количеството готварска сол (натриум хлорид) во организмот зависи волуменот на телесната течност вон клетките на човекот. При зголемено внесување сол се зголемува и нејзиното излачување преку бубрезите. На тој начин се регулира концентрецијата на солта во организмот. Ако со храната човекот не внесува сол, бубрегот за неколку дена пестанува да излечува сол преку урината и на тој начин ја задржува телесната течност во физиолошки оправдани рамки. Рамнотежата на калиумот(главна состојка на клеткината течност) се регулира со нормална функција на бубрезите. Симтомите на резните бубрежни заболувања ги лекуваат лекарите специјалисти-нефролозите. Нутриционистот со совети за менување на режимот на дотогашната исхрана може да помогне во соработка со специјалистите симптомите на болеста побрзо да се надминат. Симптомите како што се поголеми промени во количеството на излачената урина, промени во ритамот и квалитетот на мокрењето, отоци по телото, болки во пределот на слабината, зголемен крвен притисок и слабокрвност се знаци дака треба стручно да се испита функцијата на бубрезите. Количеството на внесената вода во организмот треба да биде поголемо при констатирани инфекции на бубрегот и мочните канали како и при присуство на бубрежни каменчина или бубрежен дијабетес инсипидус. Внесената вода треба да се намали кога се присутни отоци по телото како и при завршната фаза на бубрежното заболување при која е неопходна дијализа. Количеството натриум треба да се зголеми со внесување натриум хлорид, ако болниот повраќа и има дијареа. Количеството на внесениот натриум треба да се намали или исклучи при висок крвен притисок. Вредностите на калиумот во крвта на бубрежните болни се различни и зависат од природата на болеста и состојбата која која придонесува да се наруши наговата рамнотежа во организмот. Најчесто во состојби на хронична бубрежна инсуфициенција треба да се намали внесот на калиумот, а во завршната фаза на болеста треба драстично да се намали. Знаеме дека калиумот се наоѓа во зеленчукот и во овошјето. Тој е растворлив во вода. За да го намалиме количеството на калиум што го внеуваме со храната треба да јадеме варен зеленчук и овошје без течноста во која се вареле. Кога од различни причини пациентот користи диуретици (лекови кои го зголемуваат количеството на урината) тоа може да доведе до недостиг на калиум во крвта. За нив се препорачува внесување храна која е богата со калиум (свеж зеленчук и овошје) па дури и калиум како лек. Недоволното количество калиум во крвта кое е присутно подолго време може да доведе до дополнителни оштетувања на бубрезите. Количеството калциум во крвта при хронични бубрежни заболувања е главно намалено.При зголемено присуство на калциум тој треба да се исклучи од исхраната. Храната богата о калциум се редуцира кога се присутни камчина во бубрегот создадени од калциум оксалати. Ако се присутни камчиња од урати (соли на мочната киселина) од исхраната треба да се исклучат изнутриците, а понекогаш и месото од кој било вид.
Заболените од нефротските синдроми преку урината исфрлаат големи количества белковини, кој не треба да се дополнат со храна.Белковините преку храната треба да се намалат или извесно време да се исклучат од исхраната при воспаление на бубрезите во акутната фаза, како и при хронична бубрежна инсуфициенција. Присуството на заштитните материи-витамините е особено важно за луѓето што имаат еднолична исхрана и ретко јадат свеж зеленчук и овошје.Во такви случаи е неопходно земање витамини од Б-групата преку пивскиот квасец, во таблети или на друг начин по препорака од лекарите специјалисти. Зачините во исхраната на бубрежните болни не треба да се редуцираат освен ако не содржат дополнителни количества сол (сенф,вагета). Како зачини се препорачуваат лимонот, магдоносот, целерот, циметот, лукот, босилекот, нането, ѓумбирот и др. Кафето не се забранува, но треба да се пие во мали количества, секогаш по јадење. Ако присуството на калиумот во крвта е повисоко од нормалното ниво, се забранува пиењето кафе.
Пиењето алкохол на оние што навикнале на него треба да биде во мали дози секогаш по јадење. Ако кај болниот е оштетен црниот дроб (хепарот), се забранува алкохол. Напоменувам дека начинот на исхрана за бубрежно болните луѓе е специфичен и индивидуален.
|