Мени
Диети - 4
Страна 1, 2, 3, 4, 5

Народен лек

Коњско опавче, рачки од вишни, троскот. Се вари чај и помага против камен во бубрезите.

Каква треба да биде исхраната при заболување на црниот дроб ?
Поради улогата во метаболизмот на мастите,јагленохидратите, белковините витамините,минералите, на водата; во создавање на некои компоненти неопходни за коагулација на крвра,како и во неутрализирањето на токсините од организмот, црниот дроб го нарекуваат "хемиска лабораторија" на човекот. Може да се случи овој исклучително важен орган во човековиот организам да не биде во состојба оптимално да ја извршува својата важна улога поради појавата на хронични и акутни воспаленија,а најчесто поради вирусни инфекции како што е, на пример-инфективниот хепатитис.
Тоа се должи на долготрајниот неправилен начин на исхрана во која нема доволно белковини,особено ако исхраната била комбинирана со големи количества алцохол. На тој начин предизвикано е ниско ниво на имунитетот на клетките, што доведува до непотребно натрупување на масти во хепатоцитите (составни делови на црниот дроб),а со тоа до нивно оштетување и создавање сврзно ткиво - до појава на цироза на црниот дроб. Акутното воспаление на црниот дроб најчесто е предизвикано од вируси.Првиот стадиум на болеста се карактеризира со појава на мачнина,гадење,повраќање и тапи болки под градната коска и десниот ребрен лак,со незначително зголемена телесна температура.По 5 до 10 дена се појавува жолта боја на лицето.Со текот на времето жолтата боја станува појака,а по 3 до 4 недели најчесто исчезнува.Штом се појават симтомите на болеста,се препорачуваат стационирање во специјализираните медицински установи и медицинска грижа за болниот.Овој,втор стадиум на болеста може да трае и подолго време.Третиот стадиум откако ќе се надмине жолтилото најчесто завршува со целосно оздравување-по 4 до 5 месеци.Во текот на болеста се препорачува лебот да биде приготвен со квасец и тој да се дава во помали количества,особено во првата фаза на болеста.На заболените што имаат крвна група " О " им се дава 'ржен или без глутенски леб.На луѓето со крвна група " А "- 'ржен и грахамов леб,а на тие со крвната крупа " Б " може д аим се дава пченичен лаб.За луѓето со крвната група " АБ " се препорачува 'ржен леб, леб со пченични трици,леб од повеќе видови жита,како и интегрален леб.Лебот го користиме поради присуството на квасецот,кој е извор на витамини од групата Б,неопходни за организмот на јагленохидратите.Треба да знаеме дека преголемо количество витамини од групата Б може негативно да влијаат и да предизвикаат непотребно натрупување на масти во хепатоцитите.
Затоа не треба да претерување со консумирање леб.Исклучок претставува витаминот Б 12,кој влиае корисно во овој случај. Затоа препорачувам да се земаат и слатководните микроалги "афа" и "спирулина" , кои се најголем извор на витаминот Б 12 во природата.
Месото,рибата и јајцата се препорачуваат за заболените,но во мали количества.Пилешкото месо се препорачува за заболените со крвните групи "О" и "А".Џигерот за тие со "О", "Б" и "АБ".Месо од мисирка може да јадат сите групи.Јагнешко месо е за "О" , "Б" ,и "АБ" , а телешко само за групите "О" и "Б".
Свинското месон е се препорачува за ниедна крвна група.Сувомесните производи поради присуството на одредени хемикалии,воопшто не ги препорачувам за исхрана кај ова заболување.Јајцата може да се земаат,но само тврдо варени.Не треба да се јаде повеќе од едно јајце дневно.За сите крвни групи се препорачува користење на морска риба.Таа треба да се јаде варена,не пржена.Предвиденото месо несмее да биде мрсно и несмее да биде пржено ниту печено,туку само варено.Млекото и млечнокиселинските напитоци,како и производите од кравјо и овчо млеко се препорачуваат за болни со крвните групи 'Б" и "АБ" додека болните со крвните групи "О" и "А"
треба д аим дадат предност на соиното млеко и на оризовото млеко.Болните од крвната група "А" може да консумираат и помали количества јогурт и кефир,како и фета и козјо сирење. Но болните со крвната група "О" треба да ги избегнуваат сите млечни производи приготвени од кравјо и овчо млеко освен мали количества фета сирење и тврдо козјо сирење.
Тие треба главно да земаат соино сирење тофу,соин јогурт и соино кисело млеко,како и оризово млеко.Овие производи се препорачуваат поради можната непотребна аглутинација во крвта.Од мастите се препорачуваат оние производи што имаат ниска точка на топење,а тоа се:маслиновото ладно цедено масло и путерот без сол.Маргарините треба да се избегнуваат.Путерот не се препорачува само за болните со групите "А" и "АБ" ,кои наместо путер без сол може да консумираат путер од кикирики.
Од зеленчукот предност треба да се даде на компирот,кој содржи мали количества натриум,а многу калиум.Компирот термички обработен со варење се препорачува за сите крвни групи освен за крвната група "А" , која треба да го избегнува. Лиснатиот зеленчук се препорачува за сите крвни групи,исто како и свежо исцедените сокови од зеленчук зачинети со лимон и со малку ладно цедено маслиново масло.Конзервираниот зеленчук треба да се избегнува,како и киселата зелка,гравот и грашокот бидејќи може да предизвикаат непотребно создавање гасови во цревата и оти содржат поголеми количества натриум.Овошјето треба да го консумираме во свежа состојба наутро,а во текот на денот може да се јадат и компоти.
Овошјато секогаш треба да се зема пред јадење,а никогаш не по јадење за да не му се блокира патот во желудникот,и да не се создадат услови за непотребна ферментација.
Од напитоците предност имаат густите овошни сокови,бозата,чаевите и олигоминералните негазирани води,кој содржат минимално количество натриум.Се забранува консумирање на каков било алкохолен напиток за време на трите фази на болеста.
Од шекерите и концентрзтите на шеќери се дозволува употребата на медот и другите концентрати освен чоколадата,која не се препорачува бидејќи содржи големи количества масти.
Од нутриционистички аспецт се препорачува земање на инактивиран и одгоречен пиварски квасец во таблети особено во случаи кога не се консумираат синтетските препарати од Б-комплекс.
Освен препораките за темелно џвакање на храната,која треба да биде распределена во пет оброци,избегнување да се консумира храна меѓу оброците,како и откажување на навиката да се јаде храна во текот на ноќта по 20 часот,болниот треба главно да лежи и да се одмора се додека жолтицата целосно не се излекува.Откако со помош на сменетиот начин на исхрана и медикаментозната терапија пропишана во специјализираните медицински институции болеста ќе се надмине,во наредниот период,од најмалку 6 месеци,закрепнатиот пациент треба да избегнува потешки физички активности,пиење алцохол и пушење цигари и други токсични состојки,кој можат само да ја забават рехабилитацијата.

Најдобрата храна за да го спречиме ракот:
- Како храната делува:

потполно развиен рак (канцер) е резултат на долготрајно случување, тоа значи дека со години можеме да го храниме канцерот. Некои хемиски супстанции мораат да бидат активни пред да произведат канцер, а храната тоа може да го спречи. Некои супстанции од храната можат да го подигнат детоксиканиот систем на организмот и така да го спречат генетското оштетување на ќелиите т.е. вовед во канцерот. Хемикалиите од исхраната можат од ќелиите да одредат дали вирусот кој го предизвикува канцерот или природниот придвижувач на канцерот, како што е естрогенот, може да го претвори здравото ткиво во канцерогено, антиоксивансите од храната можат да го уништат канцерогеното па дури и да ги поправат некои од пооштетените келии кои се веќе направени. Па и ако имало ќелии формирани и се сеуште бенигни, мали структури кои што можат да се развијат во опасни тумори, состојките од храната можат да го застанат понатамошниот раст или практично да се смалат групите пред канцерогени ќелии! Исхраната е помалку моќна во касните фази, но сепак многу делува на метастазите т.е. ширењето по телото. Лутајќи канцерогената ќелија бара добри услови каде ќе влезе и ќе се вгнезди и ќе расти. Состојките од храната можат за нив да направат неповолни или поволни услови. Правата храната ни го продолжува животот. Главни борци против канцер се: лук, зелка, сладок корен (сладич), соја, џумбир, морков, целер, пашканат, кромид, чај, лимон, портокал, грејпфрут, цело зрно пченино, лен, интегрален ориз, домат, црн домат, пиперка, брокула, карфиол, прокељ, овес, нане, оригано, краставица, рузмарин, жалфија, мајчина душица, компир, диња, босилек, јачмен. Намирници (производи) кои можат да го спречат ширењето на канцерот: рибино масло и зелка кај рак на дојка, ахоин и алицин од лукот – може да се користат како хемотерапија против канцерогените ќелии – воопшто. Бета каротин и темнопортокалово и темнозелено овошје и зеленчук. Тритерненоид од слаткиот корен, кој може да ги уништи брзо растечките канцерогени ќелии и да ги доведи до некој предканцерогени ќелии и поново нормално да растат. Према најновите сознанија се верува дека ликопенот кој го има во доматот е два пати помоќен од бета каротинот. Ликопенот помалку го има во лубеницата и кајсијата. Исто така и лутениот се смета како и бета каротинот за антиканцероген и антиоксиданс. Во спанаќот има многу лутеин, но во кељот го има два пати повеќе. Овошјето и зеленчукот колку повеќе се потемни – толку повеќе имаат каротиноиди за блокирање на канцерот.
Иглутатион е антиканцероген – антиоксиданс. Цел портокал содржи голема концентрација на овој проверен противник на канцерот. Меѓутоа, кога ќе се исцеди, сокот губи извесна количина глутатион (најдобро да се јади цел). Портокалот содржи и глукаратон, друг противник на канцерот.

Против канцер – сирово или варено
Многу студии кажуваат дека сировото овошје и зеленчук има поголема антиканцерогена моќ. Но тоа не важи и за зеленчукот богат со бета каротин. Не многу високата температура го менува обликот на бета каротинот и така полесно се апсорбира. Истото е и со доматот, ликопенот повеќе се апсорбира обарен, отколку од сировиот домат. Топлото не ги оштетува и другите важни антиканцерогени каротиниоиди како што е лутеинот од зелениот лиснат зеленчук, а од топлото се уништува само витаминот Ц и индолите (антиканцерогени супстанци). Затоа треба да се внесува и суров лиснат зеленчук, како што е зелената салата, спанаќот, брокулата, краставица, карфиол, зелка. Гответе ги кратко и на што пониски температури како би се зачувале хранливите состојки. Сакајте ја сојата, таа има голема антиканцерогена моќ вклучувајќи го и тофуто. Таа содржи најмалку 5 антиканцерогени супстанци. Од чаевите најголема антиканцерогена има зелениот чај. Со пржењето и скарата на ќумур се создава многу канцерогена материја, а микробрановата е многу подобра. Чувајте се од мрсната храна, таа допринесува за карциногени болести, исто така и маслото од пченка е лош избор. Мастите ја стимулираат жолчната киселина во дебелото црево, кои можат да допринесат во претворањето на ќелиите во малигни. Мастите му служат како гориво на канцерот. Исто така не треба големи дози на Омега-6, алкохол да не се зема во поголеми количини, на пример: пивото се споменува т.е. 5 и повеќе пива се голем ризик за дебелото црево. Антибиотски и антиканцерогено делува лукот на дебелото црево и на желудникот. Новите истражувања покажале да инфекцијата со хеликобактерпилори допринесувала за настанок на тие тумори. Бета каротинот е главно оружје против ракот.

Рак на дојка
Јадете ја зелката, краставицата, брокулата, кељ, прокељ, карфиол, тука има специфични индоли во тој зеленчук. Забрзувајќи го процесот каде организмот го деактивира или го отстранува оној тип на естроген кој може да поттикне рак на дојката. Пченичните снегулки го намалуваат естрогенот во крвта со јадењето на каша од нив. Постои нешто магично во пченичните снегулки, а го нема во другите снегулки кои можи драстично да го намали нивото на естроген, кој предизвикува рак. На ракот на дојката поволно делува и гравот бидејќи содржи некои антиканцерогени супстанци.

Соја – чудо од природата
Содржи супстанции кои директно делуваат на кочење на канцерогените ќелии, а делува и на естрогенот. Една соина состојка хемиски е многу слична на лекот тамуксифен кој се дава за да се спречи ракот на дојката и неговото ширење. Фитоестрогените од сојата се спротивставуваат на естрогенот – предизвикувачот на ракот – исто како и тамоксифенот. Изгледа дека сојата ја заштитува азиската жена од рак на дојката. Заклучено е дека тие што јаделе повеќе соја околу 100 грама, тука се производи од соја, тофу сирење, мисо, имале во мокрачата најповеќе концентрација на изофлавоноиди т.е. антиканцерогена супстанција поготово против рак на дојката и рак на простата. Ваквото дејство го имаат сите соини производи освен соиниот сос и соиното масло.

Заштита од морето
Храната од морето, поготово мрсната риба, може да помогне во кочењето на ракот на дојката. Уште нешто важно, рибиното масло може многу да го успори напредокот на канцерот, кога веќе е настанат т.е. може да го спречи метастазирањето на ракот на дојката

Витамин Д – значи добро
Новите податоци покажуваат дека старите жени кои внесуваат малку витамин Д имаат повеќе изгледи да добијат рак на дојката. Мрсната риба изобилува со витамин Д. Витаминот Д, од храната ги намалува постменопаузните тегоби, рак на дојката над 50тите години, но, не е и случај кај оние што добиваат рак во помлади години. Најдобар извор на Д витамин се мрсната риба – лосос, сардина, скуша, харинга, туна, но најбогата со витамин Д е јагулата. Поголемите количини на алкохол го поттикнуваат ракот на дојката, еден пијалак не е штетен, напротив, тој е корисен. Опивањето е посебно опасно, само едно тровање со алкохол, доволно е да го испровоцира канцерот на ширење. Друга опасност се мастите – тие се против вас. Најопасни се животинските масти, Омега-6 растителните како што е пченкарното масло. Наспроти тоа, Омега-3 рибиното масло и маслиновото масло, ладно цедено, го спречуваат растот на туморот. Кај медитеранската жена која што јади маслиново масло, многу е редок канцерот на дојката, како и кај Јапонките, кои јадат доста рибино масло, а малку животински масти. Ако се има рак на дојката, да не внесуваат животински масти – сирење, путер и мрсно од месото. Тие масти можат пак да поттикнат рак и после хируршка интервенција.

Диета против рак на дојката
Било да сте во предменопауза или постменопауза, јадете масна риба и мешунки, поготово соја, пченични снегулки, јадете различно зелен зеленчук, карфиол, ќељ, прокељ, брокула... Смалување на алкохолот на една чаша дневно, јадете Омега-3 масни киселини, и Омега-9, кои ги има во ладно цеденото маслиново масло, а ограничете ги животинските масти, како и Омега-6, кои ги има во пченкарното масло, шафрановото и сончогледовото, како и маснотиите и маргаринот. Јадете слично како Јапонките, 250 гр. овошје, 270 гр. зеленчук, 100 гр. производи од соја, 100 гр. риба, многу малку млечни производи и малку алкохол. 

Рак на дебело црево
Лекот е евтин, безбеден, тоа се влакната од растителната храна која има способност да го спречи ракот на дебелото црево. Колку треба да се јади растителни влакна од храната? Отприлика, 100гр. пченични снегулки е доволна доза, а ги има уште во овошјето, житариците, зеленчукот, мешунките. Но, пченичните снегулки имаат најдобра потврдена репутација т.е. нивната неверојатната моќ. Само за пченичните снегулки, а не и за овесните и другите утврдено е да имаат заштитно дејство од канцер и после операција, бидејќи делуваат како лек, т.е. го запираат неговото поново јавување. Исто така, мрсната риба ги лекува полипите на дебелото црево. Од зеленчукот, најдобар избор е зелката и родот на краставиците (брокула, прокељ, крфиол, кељ... ) кои се непријател на канцерот на дебелото црево. Во поново време, се смета дека калциумот му е непријател на ракот на дебелото црево и по високото ниво на витаминот Д. Исто така, ацидофилното млеко е трострук борец (Lactobacillus acidophilus). Важен е и пектинот, а него го има во јаболкото, бананата, крушата, сувата слива, кајсијата, морковот, гравот и агрумите. Да не се употребуваат масти. Се мисли дека тие продукти, од варењето на мастите од храната го оштетуваат дебелото црево.


Страна 1, 2, 3, 4, 5