Што помалку црвено место
Бидете внимателни со црвеното месо. Нема врска количината на мастите, стручњаците нè предупредуваат дека постои нешто во црвеното месо што е опасно, дури и повеќе од самата маснотија што е во него. Ни најмалата количина на црвено месо не е безбедна и може да предизвика рак. Од друга страна, јадењето риба три пати неделно ја смалува опасноста на рак на дебелото црево. Исто така, и пилешкото месо без кожа може за околу 50% да ја намали опасноста од рак на дебелото црево.
Производи кои природно го имаат аспиринот
Спрема најновата теорија, овошјето многу допринесува за спречување на ракот на дебелото црево. Природниот аспирин, т.е. салицилат го има во јаболкото, урмата, сува рибизла, боровинка, цреша, кари, краставица, пиперка, малина.
Пиво или вино
Пазете се од претераното внесување на алкохол. Спрема најновите истражувања, најопасно е пивото, помалку жестокиот пијалак, а најмала опасност доаѓа од виното. Секојдневно внесување на пиво го зголемува ризикот од 13%.
Исхрана против рак на дебелото црево
Јадете пченични снегулки или изртена пченица ('ркулецот да е околу 5 mm, а не повеќе од 1 cm), избегнувајте го црвеното месо и маснотијата од него. Јадете месо, спремајте го во рерна, или во микробранова печка, никако на скара или пржено. Јадете повеќе зеленчук (брокула, карфиол, краставица, кељ, прокељ, зелка..) и да се зема три пати неделно. Јадете пилешко и риба, и двете делуваат како заштита како рак на дебелото црево. Обраното немасно млеко и обраниот немасен јогурт, поготово тој со ацидофилна култура се дел од механизмот за одбрана против канцер на дебелото црево. Смалете го алкохолот на два пијалаци на ден, поготово не пиво.
Рак на бели дробови
Повеќе зеленчук, особено оној со каротиноиди и бета каротен, морков, брокула, спанаќ, темнозелена салата, тиква, индиски компир, кајсија, праска (сува), диња, кељ, да се пие повеќе зелен чај, и да се јаде доста мешункаст зеленчук, домати, брокула, портокал, кељ. Ако сте пушач, или сте пушеле до пред 10 години, не дозволувајте да има "дефицит" од зеленчук.
Рак на панкреас – еден портокал на ден
Јадете повеќе овошје, агроми, домати, мешунки. Најнеповолни продукти за панкреасот се сланината, шунката, колбаси, преработено и непреработено свежо месо, а обично со ориз имаат неверојатно висок удел за појава на рак на панкреасот. Јадењето на свинско месо секој ден го зголемува изгледот од 70% од оние кои не јадат повеќе од 2 пати неделно. Научниците откриваат дека јадењето овошје (јаболко, портокал, банана) има заштитно дејство на панкреасот. Исто така, ликопенот од доматот многу нè чува, а ликопен има и во лубеницата. Јадете мешунки барем еднаш неделно, вклучувајќи ја и сојата. Што помалку месо и масти пржени или на скара, месото да е варено, но пак има ризик. Друг канцероген елемент е натриум нитрид, кој се користи како конзерванс во месните преработки.
Панкреасот "Бомбардиран" од силна храна и алкохол
Во панреасот се наоѓаат три вида клетки, Алфа - клетки, Бета-клетки, Гама - клетки. Алфа - клетките го создаваат хормонот глукагон, Бета-клетките - хормонот инсулин, Гама - клетките-хормонот - соматостатин.
Денес човекот, како последица од штетното дејство на разни отрови што ги вдишуваме од загадениот воздух, од пиење загадена вода и од консумирање хемиски третирана храна, боледува од болестите на органите за варење, воспаление на цревата, на желудникот, воспаленија и камен во жолчниот меур и жолчните канали. Во семејствата често се консумираат алкохолни напитоци, неконтролирано се употребуваат лекови, а во стопанството и индустријата се користат пестициди, хербициди и сл. Кај луѓе што имаат камен во жолчката или воспаление на жолчните канали е зачестена појавата на болестите на панкреасот. Алкохолот како отров што најчесто го загрозува човековото здравје, освен црниот дроб го загрозува и панреасот. Прекумерната исхрана и исхраната што се состои од многу мрсна храна, освен крвните садови, ги "погодува" и панкреасот. Разните инфекции, изложеноста на хроничен стрес, нарушениот метаболизам на мастите и некои други фактори се исто така причина за зголемениот број заболени.
Акутниот панкреатитис не се манифестира исто кај сите заболени. Постојат специфичности, но најчесто заболувањето почнува со појава на послаби или појаки болки и мачнина во пределот на желудникот или грбот, повраќање, црвенило на лицето, метеоризам (подуеност), зголемена телесна температура, жолтица, зголемено ниво на шеќерот во крвта, нарушена циркулација, недоволно уринирање, забрзан пулс, многу намален крвен притисок, отежнато дишење, состојба на шок, парализа на цревата и др.
Течна и лесна храна во првите денови од болеста
Во првите денови од болеста не смее да му се дава на заболениот храна преку уста,а евентуалните изгубени течности и електролити треба да се дополнат парентерално (преку вена), да нема големи физички активности, да мирува и правилно да се храни. Температурата се нормализира по 3-4 дена, а другите симптоми за 4 - 5 дена. Кога ќе почне празнењето преку дебелото црево и кога ќе се појават гасови, полека се преоѓа на исхрана преку уста. Во почетокот се дава исклучиво течна и кашеста храна. Белковините и мастите најмногу ја стимулираат секрецијата на панкреасот и затоа не се даваат во првите денови.
Кафето и силните чаеви се забранети за болниот. Се препорачуваат лесни чаеви со лимон, со двопек или со бисквити, безглутеински леб, помали количества свежо овошје, свежо исцеден сок од свеж сезонски зеленчук (според крвните групи).На болниот потоа му се даваат незамастени чорби од мешан зеленчук со тестенини без јајца, тестенини од ориз без јајца, а потоа и други јадења како, на пр, пире од компир без мрснотиии, ориз варен во вода, пире од моркови, пире од јаболка, печено јаболко без лушпа, ориз варен во вода, а може да пие и зелен чај. Исто така на болниот може да се понудат салата од рендано цвекло со лимон или рендан морков со лимон, компот од јаболка, или пуддинг на вода со малинов сок. Алкохолни напитоци се забранети, а болниот не треба да пуши. Се забрануваат и мрсни јадења и јадења со агресивни зачини. Кога состојбата значително ќе се подобри може да се даваат благо замастени јадења со маслиново масло. Од чаевите особено се препорачува чај од камилица наместо други напитоци.
Акутниот панкреатитис може да се излекува со помош на пропишаната терапија и правилна исхрана. Но ако дојде до појава на хроничен панреатитис, последицита се трајни - болеста е доживотна. Ако болниот од хроничен панкреатитис продолжи неправилно да се храни во периодот на реалиментација, да пие алкохол и да пуши цигари,да се храни според претходните навики во пакреасот може да му се појават бенигни тумори (аденоми) или малигни тумори (аденокарциноми), за чие лекување одлучуваат исклучиво медицинските стручњаци.Болните во таа фаза на болеста видно ја губат телесната тежина,чувствуваат континуиран хроничен замор,изнемоштеност,зголемени гасови,имаат поголеми тешкотии во варењето на храната, чести опстипации (запек), а често имаат обилен кашест и мрсен измат.
Диетална исхрана при заболен панкреас
Панкреасот (подстомачна жлезда) е сместен во стомакот под желудникот во висина на вториот слабински прешлен. Тежината на панкреасот изнесува од 60 до 160 грама, а има должина од 12 до 30 сантиметри. Тој се состои од глава, врат, тело и опашка. Низ средината на панкреасот минува канал,низ кој истекува панкреасниот сок, кој се "влива" во дванаесетпрсното црево. Без тој сок не може нормално да се разложат состојките од сварената храна - белковините до аминокиселини, мастите до масни киселинини, а јагленохидратите до гликоза. Низ главата на панкреасот минува главниот жолчен канал (холедохус) низ кој се слива жолчката во дванаесетпрсното црево, неопходна за емулзија на мастите. Клетките на надворешниот дел од панкреасот лачат три главни дигестивни ензими: трипсин, кој ги разложува белковините од предходно сварената храна во желудникот, липазите кои ги разложуваат мастите и амилазите, кои ги разложуваат јагленохидратите.
Во текот на денот панкреасот лачи просечно околу 600 грама алкален панкреасен сок, кој ја неутрализира киселата содржина на претходно сварената храна во желудникот.
Клетките од внатрешниот дел на панкреасот т.н. бета-клетки, меѓу другото лачат и инсулин,неопходен за искористување на шеќерите.
Ако заболи надворешниот дел на панкреасот, се јавуваат тешкотии во варењето на храната, а ако заболи внатрешниот дел од панкреасот, се јавува шеќерна болест.
Воспалителните заболувања (акутен или хроничен панкреатитис) се јавуваат најчесто како последица од воспаление на жолчната кеса или жолчните канали, во кои се присутни каменчиња, како и од алкохолизам (континуирано консумирање големи количества алкохол). Причина за заболување на панкреасот може да биде и преголемо внесување храна, особено обилна и мрсна храна.
При панкреатитис што настанал како последица на алкохолизам болниот чувствува силна болка во горниот дел од стомакот, која се шири најчесто на левата страна, а можна е и појава на калцификати(камчина во панкреасот и во панкреасните каналчиња).
Тие болни несмеат да консумираат алкохол,бидејќи го засилува воспалителниот процесс и многу често доведува до фатални компликации.
При хроничен панкреатитис болниот има чести дијареи,пречки во варењето на храната,чести гасови и зачестен обилен кашест и мрсен измет.
Во крвната слика кај хроничните болни од панкреатитис значително се зголемени сите ензими во серумот бидејќи доаѓа до опструкција (зачепување) на панкреасните канали,така што панкреасниот сок наместо оптимално да истекува во дванаесетпрсното црево,преоѓа во крвта.
Во лекувањето на панкреатитисот, кој претставува мошне сериозно заболување,најважно е болниот да нема големи физички активности, да мирува и правилно да се храни.
Кога ќе помине шокот од акутната фаза на болеста, а болниот е под континуирана контрола на лекарите, во почетокот треба да јаде помали количества свежо овошје, кашести чорби од мешан зеленчук, свежо исцеден сок од свеж сезонски зеленчук (според крвните групи), безглутенски леб, двопек, пире од јаболка.Смее да консумира и тестенини од ориз без јајца (јуфки, макарони,шпагети од ориз), пире од компир, пире од моркови,компот од јаболка,ориз варен во вода, печени јаболка без лушпи,а може да пие и зелен чај.
Подоцна диеталниот третман се проширува и со други јадења, по претходна консултација со лекарот и со нутриционистот. Исхраната треба да биде во согласност со крвните групи за да недојде до непотребна аглутинација на оформените елементи во крвта.
При хроничен панкреатитис најважна е диеталната исхрана, со која се ограничуваат мастите, особено од живитинско потекло. Се даваат лесно сварливи и искористливи белковини, јаглени хидрати и задолжително се препорачува дополнително да се зема панкреатин или некој друг дигестивен ензим, според препорака на специјалистите. Ваквиот диетален третман трае повеќе недели, се додека не се подобри здравствената состојба на болниот.
Ако болниот од хроничен панкреатитис не се придржува на советите за променет начин на исхрана во периодот на реалиментација и понатаму консумира алкохол и се храни според претходните навики, болеста може (но не мора) да прерасне во малигна форма, кога е присутна и жолтица. Во такви случаи хирушката интервенција е неминовна. Болните во таа фаза на болеста видно ја губат телесната тежина,чувствуваат континуиран хроничен замор,изнемоштеност,зголемени гасови,имаат поголеми тешкотии со варењето на храната, чести оптипации (запек) а често имаат обилен кашест и мрсен измет.
Рак на желудник – решението е во салатите
Јадете сиров зеленчук и овошје. Посебно ефикасни се сировиот целер, краставица, морков, зелена пиперка, домат, кромид, зелена салата. Зелка да се консумира на секој втор ден како и лукот и стеблото на младиот бел лук, кромидот се антиканцерогени. Во овие студии се дава важност и на зелениот чај како антиканцероген. За да направите добра заштита, направете мисо супа со соја како можност да се заштитите од рак на желудник. Избегнувајте ја претераната количина на сол, поготово е канцерогена ако е здружена со чадот и сокот од месото на скара. Исто опасни се и преработките како кренвишла, шунка, сланина. Солта е лоша состојка која го поттикнува ракот. Таа го надразнува желудникот, предизвикувајќи гастритис и ги зголемува предканцерогените промени во ќелиите, и ја зголемува снагата на канцерот. Солта е поготово опасна ако исхраната е сиромашна со овошје и зеленчук – кој можат да се борат со канцерогениот процес.
Рак на кожа
Не внесувајте пченкарно, сончогледово, шафранково масло. Внесувајте повеќе Омега-3 масти од риба. Причина: кога вашите ќелии имаат премногу Омега-6 масти, а недоволно Омега-3, настануваат премногу просгландини кои поттикнуваат за настанување и раст на ракот на кожата. Само добриот внес на Омега-3 го блокира катастрофалното биохемиско случување. Јадете Омега-3 масни киселини, а избегнувајте Омега-6, богати со линолна киселина, како што е пченкарното масло. Маслиновото масло е во ред. Заклучено е дека путерот кој има повеќе Омега-3, отколку Омега-6 е побезбеден, отколку растителните масла кои содржат Омега-6. Земањето на овошје и зеленчук ја слабее способноста на Омега-6 мастите да предизвикаат меланом. Како понатамошна заштита од рак се препорачуваат и лук, ленено семе, кромид.
Зеленчук против рак на матката
Морков, спанаќ, брокула, диња, зелена салата – храна богата со бега каротин, обрано, не мрсно сирење, јогурт, изварка (урда), домат. Малку брокула дневно ви ја дава половината од дневната заштитна доза. Жените кои имаат високо ниво на фолна киселина во црвените крвни зрнца имаат помал ризик да добијат канцер. Недостаток на фолна киселина доведува до промена на хромозомите и има поголеми изгледи да се кршат на "слабите" места при што му дозволува на вирусот да влези во здравиот генетски материјал и предизвикувајќи така почетни промени кои го најавуваат ракот. Кога ракот еднаш ќе настани, витамините многу не помагаат.
Со исхрана против болестите на простата
Простата е жлезда што се наоѓа меѓу мочниот меур и пенисот. Иако е мала,таа има витална функција во организмот кај мажите. Урината се отстранува од организмот преку канал што минува низ простата и се нарекува уретер. Во простата се создава семената течност,која ги храни сперматозоидите. Најчести болести на простата се хипертрофирана (зголемена) простата и рак на простата - болест што немора да се развие. Хипертрофирана простата е честа појава кај постарите мажи.Се претпоставува дека 50 до 70 одсто од мажите над 50 - годишна возраст имаат проблеми со простата.Болестите на простата се во тесна врска со хормонската рамнотежа - со лачењено на машките полови хормони. Вишокот тестостерон најчесто доведува до овие заболувања, слично како што вишокот на естогените кај жените доведува до неколку хормон - зависни заболувања - цисти, миоми, мастопати, дури и рак на дојката и на матката.Нутриционистите сметаат дека начинот на исхрана, иако не е единствен, е мошне важен фактор за создавање на хормонската рамнотежа и кај мажите и кај жените. Според статистичките податоци бенигната форма на заболувањата, може а немора да премине во малигна форма - рак на простата, најчесто кај мажите што континуирано консумираат храна богата со масти од животинско потекло. Раното дијагностицирање, пропишаната терапија и променетиот режим на исхрана може да доведе до видно подобрување и до спречување на болеста.
Кога кај мажот ќе се јави: зачестено ноќно уринирање, намалено количество урина, тешкотии при уринирањето, уринирање со капење наместо млаз и крв во урината,треба веднаш да се побара медицинска помош за рано да се дијагностицира хипертрофираната простата. Повремено овие мажи може да имаат проблеми и со сексуалната потенција.
Во такви случаи треба да се јаде храна со малку масти од животинско потекло. Главниот извор на масти без кои несмее да го оставиме организмот треба да бидат мастите од растително потекло, богати со незаситени масни киселини (ладно цедено маслиново масло).
Не се препорачуваат заситените масни киселини (масти од животинско потекло) ниту, пак хидрогенизирани масти, како што се разните видови маргарини.
Јагленохидратите треба да потекнуваат од т.н. сложени јагленохидрати (скробови), житарици, тестенини (особено тестенини од ориз) и од другите извори, наместо од шеќерите.
Овошјето и зеленчукот во свежа форма треба да биде на менито секој ден - овошјето секогаш пред јадење на празен желудник, а свежиот зеленчук како салата со секое готвено јадење. Соковите од свежо исцедениот зеленчук, кои треба редовно да се консумираат, имаат голема улога воснабдување на организмот со неопходните ензими и микроелементи, кои непречено бргу влегуваат во крвта и го подобруваат имунитетот на клетката.Ензимите од салатите бавно влегуваат во крвта.
Базната реакција од свежата храна(свежо овошје и зеленчук) помага организмот да ја одржува ацидобазната рамнотежа, односно киселоста на крвта да биде приближно 7,4(Пх=7,4), што е оптимална вредност.Намалувањето на вредностите на Пх во крвта на пример на 7,3 или под 7 представува т.н. ацидозна состојба во организмот, која е "почва" за туморозни формации.
Во нутриционистичката литература се наведени прехрамбени производи што битно го намалуваат ризикот од рак на простата- грав,леќа, грашок, домати, суво грозје,урми,суви сливи,суви кајсии и смокви. Овие производи треба да ги јадеме во согласност со препораките за исхрана според крвните групи. Белковините од црвеното месо и млечните производи (полномасни сирења и кашкавали) треба да ги замениме со сојата и соините протеини, пилешко месо од пилиња на кои не им се давани хормони и со морска риба.
Важен додаток во исхраната кај мажот што има проблеми со простата е цинкот.40 милиграми цинк дневно го намалува ризикот од ракот и помага во лекувањето (ако ракот е создаден).
Семките од тиква се природно богати со цинк. Цинк има и во семките од сончоглед, јајцата, грашокот, сојата, печурките и во харингата. Освен од овие извори, цинкот може да се земе и како препарат,со витаминот Б6,манган и хром заради негова оптимална апсорпција. За цинкот подобро да се апсорбира, е препорачливо земање оптимални количества бета - каротин од моркови, тиква, тиквички и сл.
Освен цинкот, редовно земање поллен (ако мажот не е алергичен на поплен) значително помага да се намали зголемената простата.
Витаминот Ц, со лиофилизираниот матичен млеч ефикасно дејствува како антиоксиданс, како превентива и во лекувањето на проблемите со простата.
Оптимален сооднос на неопходните масни киселини "омега 3" , "омега 6" и "омега 9" во организмот ќе овозможи ако консумираме еднакви количества сомелено ленено, сончогледово, сусамово и тиквино семе и тоа по 3-4 кафени лажички дневно. Користењето на американскиот жен-шен и слаткиот корен во вид на чаеви или капсули показува добри резултати за воспоставување хормонска рамнотежа кај мажите, особено ако е констатирано ниско ниво на тестостеронот и на андрогенот. Чајот од свила од пченка дејствува корисно особено ако има некој воспалителен процесс на само на простата, туку и на уретерот, мочниот меур и на бубрегот.
Мажите со болести на простата треба да избегнуваат алкохол, шеќери, кофеин и сите адитиви и конзерванси, како и вода во која има прекумерно количество хлор. Хиперхлорираната вода треба да се филтрира преку филтер за вода. Пушењето не се препорачува, а мажите со заболување на простата треба да избегнуваат и друштво на пушачи. Треба да се избегнува готвење во алумински садови, поради алуминиумските оксиди, кои се штетни за здравјето.
Се препорачуваат умерени физички активности (стручно одбрани вежби), кои ќе помогнат да се надминат последиците од континуираниот стрес. Потребни се чести прошетки во природа, заради контакт со зеленилото, кое зрачи позитивна енергија, неопходна за сите, а особено за луѓето што имаат проблеми со простата. |