Мени
FULL COMBAT

 

Напорни тренинзи! Исцрпувачки борби! Мускулите се под константен притисок и стрес! Сите кои се занимаваат со боречки спортови знаат колку пати во текот на тренингот и борбите се довеле во кризни ситуации! Сите физички елементи мораат да бидат испочитувани: Сила, Брзина, Експлозивност, Издржливост...
За разлика од другите, во боречките спортови секој сегмент на физичка неподготвеност болно се казнува. Затоа за секој борец е важно да биде целосно подготвен.

Ultimate Nutrition активно ги прати ММА натпреварувањата од самиот почеток и беше дел од тимот на познатиот шампион Олег Тактаров кој својата титула ја освои на 6-то UFC натпреварување во 1995 година. Од тогаш до денес Ultimate Nutrition следи многу борци во сите ММА натпреварувања. Моментно член на тимот на Ultimate Nutrition е еден од најперспективните борци во UFC, бразилецот Тиаго Силва кој е член и на „American Top Team“.

Дел од големата боречка приказна на Ultimate Nutrition се двете супер ѕвезди на WWF, популарно наречени кечери, Хулк Хоган и Џон Сина. Хулк Хоган нема потреба посебно да се претставува бидејки тој е најсјајната ѕвезда на сите времиња на WWF, додека Џон Сина е најголемиот современ супер стар кога кечерите се во прашање. Покрај тоа што е вистинска медиумска атракција Хулк Хоган со своето огромно искуство дава голем придонес како еден од главните советници во креирањето на производите на Ultimate Nutrition.

Стручните лица од компанијата се во редовни консултации со самите борци и нивните тренери со цел што подобро да се одреди какви додатоци се потребни за ММА/UFC/WWF натпреварувањата. Сета таа активност доведе до создавање на посебна линија на производи на Ultimate Nutrition наречена FULL COMBAT.
Оваа палета на производи во целост содржи се што му е потребно на еден професионален атлета успешно да се соочи со предизвиците кои ги носи неговиот спорт.