Мени
Исхрана според крвни групи

МЕСО ЗА НУЛТА КРВНА ГРУПА

       На почетокот, сите човекови предци  ја   имале крвна група О, која се смета за најстара. Тие биле ловци и јаделе се што можеле да најдат во околината: месо, риба, птици, зелени лисја, корења, шумски плодови, диво овошје, семки, ореви и лешници. Всушност, тоа е храна што е најдобра за луѓето со крвна група О.
       И денес тие треба да јадат најмногу готвена храна со зеленчуци, месо,риба и пилешко месо.Тие прехрамбени производи се најдобриот извор на белковини за оваа крвна група. Ако се консумираат и ореви, бадеми, лешници и семки неколку пати во неделата,тогаш дополнително се внесуваат белковини,есенцијални масни киселини и некои минерали.
       Со консумирање на овошје, свежо или суво,се задоволува и природната потреба за благо.
       Луѓето со О крвна група можат да јадат месо зошто нивниот организам е предодреден за тоа. Дигестивниот ситем кај нив ги содржи потребните ензими и киселини. Тоа овозможува белковините од животинско потекло оптимално да се сварат и да се разложат до искористливи компоненти. Тие, пак,што не сакаат да јадат месо, често чуствуваат потреба да консумираат барем мали количества таква храна. Со јадење на месо се балансира нивото на шекерот во крвта и помага да се обезбедат потребните јаглено хидрати.
      Всушност, еден од начините да се зголеми енергијата во организмот, а притоа да не се внесуваат шекери и да не се дебелеете, може да се постигне само со јадење белковини од животинско потекло. Но не треба да се јаде месо во големи количества. Пожелно е месо да се јаде  3 до 6 пати неделно и тоа по 100 до180 грама.
      Луѓето со крвна група О  се единствените што можат да јадат морска храна од секаков вид. Мрсните риби се добри за оваа крвна група бидејќи содржат Омега3 масни киселини, неопходни за спречување на евентуални воспалителни процеси.
      Заеднижко за сите крвни групи е тоа што треба да јадат големи количества на зеленчук. Посебно се корисни кељот и зелените салати бидејќи дополнително го снабдуваат организмот со потребниот калциум.О-група не треба да јаде компири, ориз и зелка, а воопшто пченка. Од зеленчуците треба да избегнува карфиол, прокељ, модар патлиџан, пченка и леќа. Овошјето треба да се консумира редовно. Ако луѓето со крвна група сакаат да ја намалат прекумерната телесна тежина, треба секојдневно 30 минути пред јадење да консумираат по едно парче овошје. Треба да избегнуваат јагоди, капини, портокали, мандарини и дињи.
      Оревите, бадемите, лешинците и семките треба да бидат редовно на менито. Тие се добар извор на есенцијални масни киселини, белковини и на минерали.Лененото семе,богато со Омга 3 масни киселини, содржи елемент што во цревата се трансформира во супстанција што има антираков ефект и го регулира нивото на хормоните во менопаузата и кога е присутен т.н. предменструален синдром кај жените.
      Од млечните производи се препорачува јогуртот, киселото млеко и кефирот. Пресното млеко, полномасните сирења и кашкавалите не се препорачуваат. Може да конумираат во мали количества козјо или кравјо сирење. Бремените жени и доилките не треба да консумираат пресно млеко и не треба да се плашат дека нема да имаат доволно калциум во организмот. Брокулите, сусамот и оревите содржат големи количества цалциум и треба да бидат алтернатива за млечните полномасни сирења и кашкавали. Луѓето со крвна група О треба да го избегнуваат оцетот, а за закиселување да користат лимон.Од мастите освен ладното цедено маслиново масло треба да користат и путер без сол. Наместо бел леб да користат р’жен, во помали количества.
      Физичката активност  е многу битна, па затоа треба 3-4 пати неделно да вежбаат по 30 минути.

РИБАТА ИДЕАЛНА ЗА КРВНА ГРУПА   А

            Нашите предци биле принудени да мигрираат кога немало доволно дивеч на територијата каде што живееле. Дивечот бил главна храна на луѓето со крвната група О. Во ново населените територии морале да се приспособат на новите услови на живеење, што предизвикало промени, а надворешните промени придонеле човекот да се измени и однатре. Така настанала нова крвна група А. Овие луѓе ја обработувале земјата, ги одгледувале и ги припитомувале животните и почнале- првпат во историјата-да го користат житото. Од сите крвни групи, крвната група А е најблиска до вегетаријанците. Вегетаријански начин на живот не се препорачува на останатите три крвни групи.
            Белковините од животинско потекло кај луѓето со оваа крвна група значително ја забавуваат размената на материите и ги прават луѓето мрзеливи и недоволно концентрирани. Ова се случува бидејќи системот за варење не лачи доволно количество концентриран стомачен сок.
            Наместо белковините од животинско потекло да се разложат оптимално до аминокиселини и како текви да влезат во крвта, често се случува разложувањето да се одвива само до меѓупроизводот-ацидумурикум (мочна киселина).
             Солите на мочната киселина, уратите, кога се во поголема концентрација создаваат лоши последици по здравјето.Најчесто се таложат во глуждовите и на други места и предизвикуваат разни ревматски тегоби. Често се случува месојадачите од крвната група А да боледуваат од артхритис,гихт,па дури и да имаат ревматоиден артитис, кое е мошне тешко заболување.
            На луѓето со крвна група А најмногу им одговара: риба,  мешумкаст зеленчук и лека, соино сирење “тофу” и ферментираните соини производи, ореви, бадеми, лешници, кикиритки, семки, жито, овошјето и многу зеленчуци. Треба да ги избегнуваат производите од кравјо млеко, а се препорачува да конзумираат производи од козјо и од овчо млеко. Пиење пресно млеко не се препорачува, а се препорачува конзумирање млечно-киселински производи, но не во големи количества.
             Од риби се препорачуваат: лосос, скуша, сардини, туна, харинга, пастрмка, шкарпина, бакалар и други што се богати со

 есенцијални масни кисилини. Ова е битно бидејќи луѓето со крвна група А и АБ имаат ризик од кардиоваскуларни заболувања, а рибата овозможува заштита од тие заболувања.
              Желудочната киселина кај луѓето со крвната група А покажува тенденција да биде недоволно концентрирана-не е во состојба оптимално да ги свари тешко сварливите црвени меса.  Затоа припадниците на А-групата треба  да консумираат мали количества пилешко, кокошкино и мисиркино месо,а внесувањето белковини може да го дополнат со производи од соја, со рибата и со јајцата. Месото треба да биде варено или печено, но секогаш да се консумира без кожа.Напоменувам дека варењето на пилешкото месо секогаш треба да биде во вода што веќе врие, а печењето во загреана рерна. Јајцето може да се јаде повремено, но не секој ден. Ако луѓето од А-групата се приспособиле да консумираат месо, тие најчесто имаат зголемена телесна тежина често чувствуваат тежина во желудникот.
             Мешункастите зеленчуци, особено леќата, се дополнителен извор на белковини за оваа група.Мешункастиот зеленчук содржи  фитостероли и растителни влакна кои не само што го намалуваат  прекумерното ниво на холестеролот туку го заштитуваат организмот од карциномите. Тој зеленчук овозможува  оптимална перисталтика и работа на цревата, со што се надминува можноста од појава на хемороиди и рак на дебелото црево. Сојата содржи и лецитин,кој е неопходен за регулирање на нивото на холестеролот во крвта и помага за оптимална функција на црниот дроб, жолчката и на мочниот меур. Сојата содржи и висок процент на растителни естрогени, кои се неопходни за балансирање на хормонската рамнотеза кај жените.
                Иако луѓето со крвна група А можат да консумираат жито и пченка, треба да ги внесуваат внимателно, бидејќи ако ги консумираат во поголеми количества лесно може да ја зголемат телесната тежина. Наместо да јадат само бел леб треба да консумираат помали количества ‘ржен, грахамов и пченкарен леб.
                Оревите, бадемите, лешинците и кикиритките како и лененото семе, сончогледовото, тиквино и сусамово може да се консумираат секојдневно на каков било начин и  се, меѓу другото дополнителни извори на белковини за оваа група.Препорачувам зачинувањето на салатите да се врши со комбинација на овие семиња, кои претходно треба да бидат сомелени.

                 Од видливите масти се препорачува ладно цедено маслиново масло и путер од кикиритки. Путерот без сол и маргаринот не се препорачуваат.
                  На сите крвни групи им одговара да консумираат поголеми количества зеленчук, термички обработен, како свежа салата или како сок со свежо исцеден зеленчук. За крвната група А не се препорачуваат домати, бидејќи тие содржат лектин,што не одговара на нивната крвна група (многу малку да се консумираат и компири и модрите патлиџани). Кога консумираат салати не треба да ги зачинуваат со оцет туку со исцеден лимон кој има базна реакција.
                  Од овошјето што помага да се избалансира енергијата во организмот,групата А треба да ги избегнува:бананите,портокалот, мандарините и дињата.
                    Како заштита од канцерозни заболувања се препорачува оптимално консумирање на брокули,кељ,кромид,лук, спанаќ, грав и мешункастите зеленчуци. Од овошјето особено се препорачува редовно консумирање на ананас, заради корисниот ензим бромелаин, потоа грејтфрут и лимон. Повремено можат да консумираат и термички обработени полжави. Сок од портокал и сок од домати не се припорачуваат. Треба да одбегнуваат да пијат пиво, кола-напитоци и разни минерални газирани или негазирани води.
                     Прифаќањето на овие предлози кои се научно потврдени, треба да зависи од резултатите, кои ќе се покажат за кратко време.
      

МЛЕЧНИ ПОРИЗВОДИ ЗА КРВНА ГРУПА Б

      Крвната група Б се појавила кај луѓето треат по ред,по групите О и А. Се претпостава дека со миграцијата на луѓето со крвната група О во областа на Хималаите и потоа на север, во краишта со посурова клима, се појавила групата Б. Исхраната на луѓето во новонаселените краишта, меѓу другото, главно била од месо и ферментирани млечни производи. Денес луѓето со крвна група Б се чувствуваат најдобро кога консумираат преработки од млекото - млечни производи. Како и луѓето од другите крвни групи, луѓето од крвната група Б главно не ја поднесуваат и не ја искористуваат лактозата (млечниот шекер) и затоа не се препорачува возрасните луѓе да конумираат големи количества пресно млеко. Лактозата (млечниот шекер) оптимално се искористува од луѓе што во ензискиот систем го имаат ферментот лактоза, која овозможува разложување на лактозата до гликоза.Луѓето што не ја поседуваат лактозата имаат гастрични проблеми кога консумираат пресно млеко и затоа треба да го избегнуваат.Во јогуртот киселото млеко и во другите ферментирани млечни производи не се наоѓа лактозата и затоа тие производи  лесно се искористуваат од луѓе со крвна група Б.
       Освен млечните производи, за оваа крвна група се препорачуваат  мали, количества, месо, риба, мешумкасти производи,  ореви, бадеми, зеленчуци и овошје. Предноста на крвната група Б се состои и во тоа што можат да ги јадат и оптимално да ги искористуваат сите видови на овошје, освен калинки. Луѓето кај кои прекумерно се создаваат гасови треба редовно да јадат ананас. Ова егзотично овошје ја содржи состојката бромелин, која значително помага да се подобри варењето и искористувањето на храната. Луѓето со крна група Б без особено ограничување може да јадат компири и сите видови зелки. Ограничувањата се состојат во следното: од зеленчуците треба да се избегнуваат маслинките, доматите, роквиците, репата и тиквата, а од мешункастиот зеленчук да ја избегнуваат леќата. Особено се нагласува да не се консумира пченка, како и пилешко месо (мисиркино месо во мали количества).
            Од месото што содржи заситени масни киселини не им се заканува опасност, бидејќи луѓето со крвна група Б имаат ензими што лесно се справуваат со тие маснотии.
            Главниот проблем кај луѓето со крвна група Б е            консумирање жито:пченица, пченка, хаљда и ‘рж. При нивно енормно консумирање се создаваат тешкотии. Тие производи негативно влијаат на крвните садови и на циркулацијата. Затоа овие луѓе и при нормална телесна температура, често имаат ладни раце и нозе. Овие производи содржат лектини што го блокираат лачењето на инсулинот и го нарушува метаболизмот на јаглеродните хидрати. Затоа, од лебовите се препорачува консумирање  на грахамовиот наместо белиот леб, пченкарниот или ‘ржениот леб.
       Изворот на неопходните Омега 3 масни киселини за оваа крвна група, освен рибата, се оревите и лененото семе. Од јатките и семките, луѓето со оваа крвна група треба да ги избегнуваат: лешници, кикиритки, сончогледови семки, сусам, фстаци и семки од  тиква.
            Од видливите масти, корисни се ладно цедените растителни масла (маслиново, масло од орев) и путер без сол. За разлика од другите крвни групи, луѓето со крвна група Б можат да ги закиселуваат салатите и јадењата, освен со лимон и со вински и со јаболков оцет. Од чаевите не се препорачува само липовиот.  Другите чаеви, особено зелениот треба почесто да се пиат и постепено да го заменуваат кафето.
           Овошјето и зеленчукот се основа на здравјето на секој човек и затоа треба да се консумираат секој ден било како салати, било термички обработени или во вид на свежо исцедени сокови. Зелениот зеленчук - кељот и зелката (бела, зелена или црвена) треба редовно да бидат присутни во исхраната бидејки содржат бета - каротин и многу магнезиум. Магнезиумот е неопходен особено во стресни ситуации (особено им се препорачуваат зелените салати).
            Исто така се препорачуваат и свежо исцедени сокови од овошје. Зеленчукот и овошјето не треба да се мешаат. Секогаш прво треба да се зема сок од овошје, а потоа сок од зеленчук, за да не се блокира патот на овошјето, кое мошне брзо се користи од организмот. Термичката обработка на зеленчуците по можност треба да се прави на пареа, поради можноста за помало оштетување на состојките - температурата на пареата е пониска од температурата при варењето во вода и при печењето во рерна. Луѓето со оваа крвна група повремено можат да јадат чоколадо, мед (најдобро ливадски мед).
            Имунолошкиот систем кај луѓето со крвна група Б е релативно слаба точка и затоа оптимално количество зеленчук во сите форми ќе помогне во борбата со натрапниците - патогените бактерии и вируси.

СОИНИ ПРОИЗВОДИ ЗА КРВНА ГРУПА АБ

Крвната група АБ за разлика од другите крвни групи не е дел од процесот на еволуцијата, туку е резултат од родители со крвни групи А и Б. Оваа крвна група е најмлада и настанала пред околу 1000 години. Се претпоставува дека само 5 одсто од светската популација ја имаат оваа крвна група. Еден познат француски психолог ја опишал оваа крвна група како најтемпераментна од сите крвни групи, но и дека луѓето со оваа крвна група се жртва на сопстваните несогласувања и контрадикторности. Оваа крвна група понекогаш личи на крвна група А,понекогаш на крвна група Б, а понекогаш личи на својот далечен предок, крвна група О.
         Бидејќи концентрацијата на желудочниот сок и присуството на дигестивни ензими им се многу ниски, потсетува на крвна група А и затоа припадниците  со оваа крвна група не треба да јадат црвани меса (телешко, јунешко, говедско и свинско). Од месата  можат да консумираат мало количество јагнешко месо,од мисирка или од зајак. Пилешкото и кокошкиното месо треба да го избегнуваат.
           Рибата им е главен извор на белковини и масни киселини Омега 3, со што се заштитуваат од кардиоваскуларни заболувања. Освен  рибата како извор на лесно усвои белковини, се препорачуваат производи од сојата (соино сирење - тофу, соини трошки и соини парченца).
           Машункастиот зеленчук е добар извор на белковини, раститителни влакна и јаглени хидрати. Гравот и леќата, кои содржат фитостероли и растителни влакна, оптимално го заштитуваат организмот од зголемено ниво на холестеролот и канцерозни заболувања. Присутните растителни влакна ја оптимализираат работата на цревата, со што го заштитуваат гастроинтестиналниот тракт од рак на дебелото црево и од хемороиди.Од зеленчукот не се препорачуваат црни маслинки, пиперки и ‘рдокви.Од житарките можат редовно да јадат се освен пченка и ељда. Производите од пченица треба да се редуцираат кај луѓе  на кои им е зголемена телесната тежина. Таква редукција е препорачлива и при евентуална шеќерна болест. Во тие случаи наместо пченични производи,се препорачуваат пченични никулци, бидејќи во процесот на ‘ртењето се уништуваат штетните лектини од пченицата.
         Можат да ги конзумираат сите млечни производи, бидејќи во овој случај е присутна сличноста со крвната група Б. Од млечните производи треба да се редуцираат екстра - масните сирења и кашкавали бидејќи можат да предизвикаат зголемено ниво на вкупниот холестерол. Млечните производи треба да ги избегнуваат луѓе со крвната група АБ само ако имаат астма или треска. Кога ќе ги надминат симптомите на овие заболувања, повторно можат да јадат млечни производи.
         Од јатките и семките, кои се дополнителни извори на белковини, масти и растителни влакна, можат даконсумираат се освен лешници, сусам и семки од сончоглед. Од семињата најкорисно е лененото семе, кое освен масни киселини Омега 3, содржи и супстанции што ја заштитуваат мозочната циркулација и ефикасно го чистат цревниот тракт. Оревите, лененото семе и ладно цеденото маслиново масло го заштитуваат организмот од воспаленија, алергии, астма и од екцеми. Јадењето зеленчук е предуслов за оптимално здравје и тој треба да се користи во сите форми. Кељот, зелената салата и репата се извор не само на бетакаротен, туку и на магнесиум, кој исклучително помага на организмот во стресните ситуации. Лукот успешно дејствува во борбата со патогените микроорганизми и е мошне добар антикоагуланс.
         Консумирањето овошје е неопходно за оптимално здравје. Од овошјето треба да се избегнуваат банана, јагоди и портокали. Другото овошје го заштитува здравјето на луѓето со оваа крвна група, од вируси, патогени микроорганизми и од карцином. Зелениот чај го штити организмот од кардиоваскуларни заболувања И од рак, госпречува создавањето непотребна  коагулација на крвта и го намалува високиот крвен притисок.   
        Крвната група АБ е најчувствителна на непочитување на препораките за исхрана според крвните групи.