Мени
Лекување со полен
 
 

ЦВЕТЕН ПРАВ - ПОЛЕН
Тоа се машки полни келии на цветоносните билки . Поленот е составен од целулоза 10 -15% , киселински фракции 10% и масти 55 - 65% .  Во внатрешниот слој содржи протеин и пектини , јагленохидрати масти , витамин , микро елементи , ензими , хормони и др . Во поленот се најдени и следните амино киселини : аргинин  , иизолеуцин , хистидин , леуцин , лизин , метионин , аланин , триптофан , аспаргинска и глутаминска киселина , серин , пролин , тирозин , цистин и цистеин .

Цветниот прав ги содржи сите за човекот незаменливи амино киселини , како и следните јаглено хидрати : Глукоза , фруктоза , сахароза , арабиноза , рибоза  , галактоза , стахилоза , ксилоза , декстрини и лактоза.
Цветниот прав содржи многу минерални материи : калиум , магнесиум , бакар , молибден  , манган , титан  , стронциум , сребро , силициум , цинк , циркониум , хром , ванадиум , калај , калциум , никел , галлиум  , олово , фосфор , железо , алуминиум , бариум , волфрам , иридиум , жива , палладиум , платина .  Цветниот прав е богат и со витамин : Провитамин  А (каротин) , Б1 , Б2 , Б5 , Б6 , П  , Х  , Е ,  фолна и пантотенска киселина .  Во составот на поленот учествуваат и пигменти . Во поленот се пронајдени преку 50 ензими кој вршат функција на биолошки катализатор во многу процеси . Содржи уште и нуклеинска , рибонуклеинска и дезоксирибонуклеинска киселина . Во него  пронајдени се две интересни материи . Едната е антибиотик , а другата го забрзува растењето . Поленот има и антибактериска активност на стафилококи ,салмонелла ...
Резултатите покажуваат дека поленот собран од келиите на саќето (перга)  има многу поголем квалитет од поленот собран од поленофаќачите пред самата кошница .

Причината најверојатно е во тоа што пчелите го обработуваат поленот со ензимите , и поленот помешан со медот влегува во процес на млечно - кисела ферментација . Со редовно конзумирање на цветен прав или перга многу се подобрува апетитот , забрзаното растење и развивање и долго живеење . Предноста на цветниот прав во однос на другите прехранбени производи е во тоа што во неговиот состав се присутни основните хранливи елементи : протеин , јаглени хидрати , органски киселини , витамин , микро елементи  , хормони и др .
Посебно добро делува на болестите како :  хроничен колитис , нередовна столица , кај дијареа каде што официјалната терапија не помогнала , во лекување на простатата , за лекување на разни заболувања на тенкото и дебелото црево , кај лекувањето на дијабетесот бидејќи  предизвикува и мало зголемување на инсулинот , кај атеросклероза , срце и крвни садови анемија , гушавост ... Исто така содржи компоненти кои спречуваат излив на крв во мозокот , перде на окото . Пергата  добри резултати дава кај реконвалесцентите после тешки заболувања , се користи кај лечење на дерматолошки заболувања припремено во вид на крем . Можни се и  маски на кожата на лицето кое постанува меко , мазно и  еластично , а се користи и со жолчка , белка , пивски квасец , мед  , овошни сокови и др . Поленовиот прав успешно се применува кај болни од депресија , малаксаност  , алкохолизам , цироза ,  хепатопатија ...