Мени
Лекување со семиња
 

ПЧЕНИЦА
Освен тоа што денешната исхрана не можеме да ја замислиме без пченичното зрно, пченицата претставува и разновиден лек.  Меѓутоа луѓето кои веќе традиционално се навикнале на неа се помалце се интересираат за нејзиното корисно својство.  Пченицата е незаобиколен дел од диетите за жени кај кои што дошло до прекин на месечниот циклус.  Иситнети пченични зрна се ставаат во платнена торбичка и се ставаат на стомакот на жената кај болните менструации.  Варена пченица и чај треба да пијат жените кои што патат од обилна менструација.Свеж сок од недозреана пченица се користи за лечење на неплодност кај мажи и жени: се пие по ½ чаша 2-3 пати на ден 20 мин.пред јадење. 
MASTITIS
Да се направи облога од густо варена пченица во млеко и цвет од шумски слез во иста количина.  Да се стави смесата на градите (температурата на облогата мора да биде 36 степени целзиусови). 
ЗАПЕК
Против запек се препорачуваат следните средства: 2 супени лажици од пченица да се прелиат со врело млеко,садот да се поклопи и да остане така 30-40 мин.  Да се јаде по половина чаша пченица на утро и на вечер наеднаш,во времетраење месец дена.
Две супени лажици пченица да се варат 15 мин. во една чаша млеко.Да се зема 2 пати на ден во текот на еден месец.  Еднаш неделно неопходно е да се прави клизма.
СРЕДСТВО ПРОТИВ ИЗНЕМОШТЕНОСТ,ХРОНИЧЕН УМОР
200 грама пченица да се стават во 1 литар зовриена вода, да се вари еден час па да се процеди,да се додаде мед по вкус.  Да се зема од 1/2-1 чаша 3-4 пати на ден пред јадење.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА АПЕТИТОТ
2 супени лажици пченица да се измешаат со половина чаша ладна зовриена вода. На утро во смесата да се исцеди половина лимон и да се додаде една супена лажица млеко, едно ситно исецкано(излупено) јаболко и две супени лажици мелени ореви.
НЕСОНИЦА
На утро,за време на ручек и пред спиење,да се држи на челото 30 мин.тесто направено од средината на лебот со додадени свежи или кисели краставици(измелени), кисело млеко и глина.Ова е стар народен рецепт.

 

`РЖ
`Ржта како култивирана житарица во Европа е позната уште од бронзеното време и откриена на територијата на денешна Словачка.  Нејзините лековити својства се користат за лечење на многу болести,како против камен на желудник и црн дроб,кај старечка слабост,додека `ржаното брашно помага за разни гнојни чиреви како и кај неконтролираното мокрење.
ТЕЖОК БРОНХИТИС
Доколку се преладиме или настиниме,или доколку добиеме тежок бронхитис,треба да се зоврие 1,8 литри вода,да се стават 400 грама `ржани зрна и да се варат 10 мин. Сето тоа да се процеди,да се заслади со мед по вкус и да се пие жешко како кафе. Овој напиток:

  • добро загрева
  • го зајакнува организмот
  • го поттикнува имунолошкиот систем за борба против болести

БОРБА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНА
`Ржаните зрна можат да се јадат сирови,варени во вода,потпечени во рерна или малце намокрени,но најважно е добро да се џвакаат и да не се комбинираат со друга храна,туку да се јадат наместо неа. Таквата храна добро го нормализира метаболизмот чие што пореметување често е причина за вишокот килограми.Натопени `ржани зрна да се чуваат во вода 24 часа со малку масло и мед-не само што е одличен нискокалоричен доручек туку и средство кое што стимулира лачење на плунка и работа на цел дигестивен тракт. Таквиот доручек добро ги чисти цревата и ги исфрла токсините од организмот.
Изртените зрна `рж се извор на високо квалитетни растителни белковини,аминокиселини и многу витамини. Го стимулираат имунолошкиот систем при појава на авитаминоза. Припремата е многу едноставна:
-`ржаните зрна да се измијат во ладна вода и да се стават во плиток сад помеѓу две натопени ткаенини со топла вода. Садот да се стави на топло место (22-23 степени) и да се внимава ткаенината стално да биде влажна. После 24 часа ќе се забележи дека на секое зрно се појавува мал,бел израсток,а зрната стануваат меки.Да се измелат зрната на машина за мелење месо,и се додава малку мед по вкус,може малку сол и млеко и да се јаде 2-3 лажици на утро,во текот на 30-40 дена. Со самото ова користење се зголемува активноста,сонот и расположението,се чисти лицето и се добива здрава боја на тенот.
СРЕДСТВО ЗА СМИРУВАЊЕ
Се меша по една лажица `ржани и овесни зрна нелупени и се варат во 0,6 литри вода се додека зрната не набабрат. Чајот одма да се процеди и да се пие во текот на денот место вода. Ова средство не само што ја отстранува несоницата, туку и добро го смирува организмот во случај на стрес.
НЕКОНТРОЛИРАНО МОКРЕЊЕ
Се меша 60 грама `ржано брашно и 20 грама семе од коприва,се додава малку мед и се прави тесто.Од тестото се прават мали топчиња кои се јадат по едно секоја вечер пред спиење во текот на еден месец,со што ќе се воспостави контрола над мокрењето.

 

ПРОСО
Просото е една од најстарите зрнести култури која во човековото здравје зазема важно место веќе илјада години.Просото содржи 14 % белковини,јаглехидрати 60 %,како и голем број витамини и минерални соли,аминокиселини и микроелементи. Од сите зрнести култури, просото содрзи најповеке витамини Б1 и Б2. Просото помага против кила варено во млеко како  млечна каша со средна густина.Исто така оваа каша е корисна против пролив и како средство за мокрење.
СРЕДСТВО ЗА СЛАБЕЕЊЕ
Просото во било каква форма-сирово,во зрна, каша, или припремано во рерна како потпечено јадење,како крем или пудинг (без сол, шеќер или масло) корисно е за луѓе кои патат од гојазност. Со убаво џвакање на оваа хранкива,но и доста вкусна храна,се добива брзо чувство на ситост,неопходни калории,како и витамини и минерални соли.
ДИЈАБЕТИС
Просото широко се применува во диеталната исхрана на дијабетичарите:

  • 1 чаша просо се вари во 1 литар вода,се додека не се свари убаво. Во смесата се додава 200 гр. свежи,изрендани тикви и се вари уште 20 мин. По вкус се додава  сол и масло. Потребно е 20 дена да се јаде оваа каша како вечера.
  • На една чаша просо се додава 2 лажици масло, сол по вкус и 4 чаши вода. Се вари прво на силно,па потоа на послаб оган. Така припремано просото, може да се користи за припрема на крокети,уштипци,каша и др. јадења
  • Како средство за зајакнување: 50 гр. просо во зрна и по 100 гр. `рж,јачмен и пченка  се вари во 5 литри вода,додека пченката не се свари. Се процедува и чајот се чува на темно и ладно место. Се пие наместо вода со мед и лимон.
 

ПЧЕНКА
Пченковото зрно ги содржи најважните растителни белковини, масти, скроб и шеќер.Посебно се важни аминокиселините-лизин и триптофан кои организмот сам не може да синтетизира.Исто така, пченковото зрно е богато со магнезиум, фосфор, калиум, калциум, натриум,алуминиум, бакар, никел, кобалт, злато.
 Одамна е познато дека во тие земји (Индија, Јапонија) каде основна храна е пченката како и другите зрнести култури, процентот на заболени луѓе од атеросклероза и онколошки болести е многу понизок од другите земји каде основна храна е месото (Германија, Америка).
Супа-пире од пченка е корисна за луѓе кои   боледуваат од гастритис. Конзервираната пченка со морков е добра против гојазност. Жолтите пченкови зрна се богати со каротин корисен за децата и старите луѓе, па затоа е добро зрната да постојат во вода 24 часа па во нив се додава масло и мед ( на 3 лажици зрна пченка-1 лажица масло и 1 лажица мед). Зрното припремано на ваков начин ги стимулира органите за варење и ги исфрла токсиние од цревата.
Пченката содржи многу Б-витамини кои се многу неопходни за организмот во борбата  против стрес, како и витамин Е, пантотенска киселина, нијацин.
Глутаминската киселина која ја содржи пченкарното зрно е неопходно за нормална работа на мозочните ќелии. Затоа пченката се користи за лечење невритис, прогресивни мускулни дистрофии, психоза, епилепсија.
Пченката исто е извор на витамин Ц и се користи во индустриското производство. Водата во која се натопени пченковите зрна е одлична средина за раст на микроорганизми кои произведуваат антибиотици како што се пеницилин, стрептомицин, биомицин и терамицин.
Во народната медицина, пченката се препорачува на жени кои патат од бело перење со непријатен мирис. Исто јадења со пченкарно брашно се препорачуваат на жени кои не можат да забременат и на мажи за појачување на половата потенција.
Пченката е корисна против пролив, дизентерија, анорексија, отоци за време на бременоста, мачнина и повраќање, болни менструации.
ИСЦЕЛУВАЧКА МОЌ НА ПЧЕНКОВА “СВИЛА “         
Пченкарната свила која се собира во млечна зрелост на зрното,има уникатни лековити особини. Во неа се содржат етерични масла, горка гликозна материја, алкалоиди, флавоноиди, сапонини, витамини Ц и К, смоласти материи, бакар, хром ,алуминиум. Ваквиот богат состав овозможува пченковата свила да се користи против камења во мокрачните патишта и бубрезите, камен во жолчката, помага во исфрлувањето на зголемените количества на вода и сол во организмот, болести на мочниот меур, циститис, хепатитис.
ЕЛИКСИР НА ЗДРАВЈЕТО
Пченкарниот мед се користи за лечење хипертензија,кој е најдобар и најефтин од сите еликсири на здравјето.Во две лажички пченкарен мед се содрзи дневната доза на витамините А,Б,Ц и Д.
Пченкарното зрно во било која форма е многу корисно за луѓето кои патат од гојазност.Посебно ефикасни се изртените зрна пченка кои се добиваат на следниов начин: 4-5 лажици пченкарни зрна се мијат и се распоредуваат во танок слој во плиток сад на крпа која е добро навлажнета со топла вода.Одозгора се покриваат со уште една влажна крпа.Садот се чува на 22-23 степени целзиусови, влажнејќи ја крпата со вода на истата температура. Изртените зрна се мијат во неколку води,се додека водата не стане чиста и се мелат со машина за мелење месо.Добиената смеса се меша со вода да стане потечна,и се става на оган да проврие еднаш ( не е потребно да вари). Добиената каша е добро средство за намалување на тежината и против авитаминоза.

 

ПЧЕНКАРНО МАСЛО
Пченкарното масло е побогато од другите растителни масла со линолна и линолеинска киселина. Во него има 10 пати повеке витамин Е,отколку во маслиновото масло. Содржи лецитин кој спречува создавање холестеролски наслаги на крвните ѕидовии е особено важно за старите луѓе и идните мајки.
Во народната медицина се наведува дека пченкарното масло е корисно за миење на сува и расцветана коса, на тој начин што се загрева маслото, добро се втрива во коренот на косата и се завиткува косата со мокра, топла крпа. Потоа косата се мие со природен шампон или сапун. Постапката се поновува 5-6 пати.

 
1, 2, 3, 4