ЈАЧМЕН
Јачменот е билка која се применува во исхрната на луѓето и животните скоро во сите континенти. Семето содржи скроб,белковини, целулоза и различни ферменти.
Има широка примена во народната медицина: за смирување на воспаленија на слузницата на внатрешните органи,во вештачката прихрана на децата како додаток на полномасното кравјо млеко, а водениот раствор од јачменов слад благотворно делува на нервниот систем, против хемороиди, камен во бубрези,болести на уринарните органи и мочниот меур.
Купката од јачменов слад опуста и го смирува воспалението на кожата.
Слузавите чаеви од јачменовите зрна,олупените зрна и грубо сомелените зрна имаат ублажувачко и заштитно дејство,го намалуваат воспалението на желудочната слузница,цревата и другите внатрешни органи, се користат против прелада,а ја зајакнуваат и тонизираат кожата при кожни заболувања.
Јачменот се користи на различни начини кај жени со застој на менструација и собрана крв. Облоги од топол полуварен јачмен се ставаат во долниот дел на стомакот од жената при болни менструации. За тоа е потребно јачменот да се вари 10 мин.,да се стави во платнена кесичка , малку да олади и да се стави на долниот дел од стомакот не пократко од 30 минути.Овој облог се користи и против други гинеколошки болести: бартолинитис, вагинитис, бело перење,спуштена матка.
Јачменот е одлично средство за зајакнување на имунитетот после тешки операции или тешки породувања.
- ЧАЈ ОД ЈАЧМЕНОВ СЛАД ????????????????????
Јачменовото семе се мие во топла вода и се става помегу 2 ткаенини претходно натопени со топла вода.Ткаенините повремено се навлажнуваат со топла вода се додека не изртат зрната. `Ркулците треба да бидат со големина околу 1 мм, а зрната ке се исушат брзо и добиениот слад се претвора во брашно. Сладот содржи околу 40% скроб, 30 % целулоза, 10 % декстроза, 10 % белковини, витамини А, Б, Д, Е, минерални соли и ферменти.
2 лажици брашно од јачменов слад се мешаат со 100 гр.зовриена вода ( собна температура), се пие целата добиена течност после доручек и исто толку после ручек. Лечењето трае еден месец.
Може да се користи и сушено јачменово стебло: 30 гр.мелено стебло се меша со 250 гр. нелупен овес и се прелева со 2 литри ладна вода, па се остава да стои цела ноќ, а утрото се вари и се остава 30 минути во затворен сад, па се процедува. Чајот се пие во текот на денот место вода со неколку капки лимонов сок.
-1 лажица јачмен се прелева со една чаша зовриена вода и се вари на тивок оган се додека не се сварат зрната, а кога ќе олади се процедува. Овој чај се додава во полномасното млеко.
-на 1 дел полномасно млеко се додава 3 дела јачменов чај. Количината на чајот се намалува, а млекото се зголемува со растењето на детето. Исхраната со овој чај трае до 8-9 месечна возраст на детето.
- ИЗНЕМОШТЕНОСТ И СЛАБ ОРГАНИЗАМ
2 лажици брашно од јачменов слад се оставатт 4 часа во 1 литар зовриена вода, па се процедува. Се пие по пола чаша 4-5 пати на ден,засладен со мед по вкус.
1,5гр.јачменов слад се става во када и се прелева со 2-3 литри зовриена вода.Се остава да стои половина час додавајќи ладна вода до посакуваната температура за капење.
-Се зема иста количина семе од јачмен,овес и `рж,се додава цикорија и 2 гр.олупени горки бадеми и се вари како обично кафе. Може да се додаде и млеко. Користењето не е ограничено.
-Во термос се тура 3-4 лажици лачменов слад и се прелева со 0,5литри зовриена вода. Се остава да стои 1-2 часа, па се процедува. Се пие по 1/3-1/2 чаша чај 2-3 пати на ден.
-2-3 лажици јачменов слад се прелева со 1 литар зовриена вода,се засладува со мед. Се пие по ½ чаша 5-6 пати на ден.
Се зема 20 гр.јачменово семе и се остава да стои во чаша вода 4-5 часа. Потоа се вари на тивок оган 10 мин. и се процедува.Добиениот слузав чај се пие по 1 лажица 4-6 пати на ден.
Се мели во прав јачменовиот слад. 2-3 лажици прав се прелеваат со 1 литар зешка, зовриена вода.Треба да постои извесно време и се процедува. Се пие наместо вода во текот на денот.
1оогр јачменови зрна и 4-5 круши да се сварат заедно во 1л. Вода на слаб оган да се варат 20 минути.Откако ке се олади да се процеди и да се пие 10минути пред ручек и вечера по ½ чаша.
- КУПКА ПРОТИВ КОЖНИ БОЛЕСТИ
За оваа купка потребни ни се 1.5кг јачменов слад се истура во кофа со вода а потоа се прелива со 3л. Зовриена вода и да се остави да оттстои од 30-60мин.Потоа теноста да се процедии да се тури во када со топла вода.Да се остани во купката најмалце 30 мин.Купката од јачмен ги лечи запаленијата на кожата. |