Мени
Лекување со семиња
 

СЕМКИ ОД ТИКВА
Семките од тиква содржат 22-41% растително масло,смолести материи, органски киселини, калиум,магнезиум, целулоза и витамини Ц,Б,Б2,ПП и провитамин А. Од медицински аспект лековита е и внатрешноста на самата тиква која што често се кориси во комбинација со пченица за лечење на многу болести. Семките од тиква се употребуваат како средство за мокрење и против цревни паразити, исто така се јадат во случај на заболување на урогениталните органи.

Семките од тиква и конопно семе во однос 1:1 се ситнат и постепено им се додава варена вода додека не се добие млеко. Процеденото млеко се употребува во случај на крв во мокрачата
 

СОНЧОГЛЕД
Семето од сончоглед содржи големи количини растителни масла во чии состав влегуваат глицериди,стеаринска киселина и др.киселини како и белковини, јаглехидрати.
Во козметиката со помош на топли облоги на сончогледово масло се лечи сува кожа на лицето и рацете.

  • За лечење и превенција од атеросклероза се препорачува секојденевно земање по 3 лажици нерафинирано (ладно цедено) масло
  • Рак на желудник-се зема една лажица свежи сончогледови листови,да се динстаат во 1 литар млеко 4 часа во рерна додека не остане 0,5 литри течност.да се процеди готовата смеса и да се зена по 3 лаѓици на ден пред јадење. Третманот да се повтори со 4 вакви порции.
  • Артритис-се зема 200 гр. совчогледово масло и 30 гр.сомелен ловоров лист. Се промешува и се остава да стои на топло место 6 дена. Се процедува и повторно се остава да стои. Со смесата да се масираат заболените делови.

СУСАМ
Семките од сусамот содржат растително масло (до 60 %),витамин Е, смола и др.активни растителни материи. Маслото од семката од сусамот е едно од најкорисните масла и се користи за пиење и за правење на масти. Сусамовото масло се користи за лечење на болести кои што се поврзани со згрутчување на крвта.

  • За зајакнување на потенцијата на мажите-се зема 15 гр.сусамово семе, семе од маак, коприва, по 12 грама, семе од коноп 18 грама, лук 6 грама, семе од див морков 9 грама и шекер 18 грама. Се зема по 6 грама од мешавината и се користи со разредено вино

ЛЕН
Лененото семе содржи растителни масла во чиј состав влегуваат глицериди на линолната, линолеинската и стеаринска киселина, белковини, витамин А,јаглехидрати, органски киселини,слуз, ферменти, гликонид линамарин

  • Против камен во мокрачата- да се пие по 1 лажица ленено семе, навечер и на утро измешано со вода и млеко
  • Се користи каша од лен која што е добиена од 1-4 лажици ленено семе, кое што одстоило во 1 чаша ладна вода. Повремено да се меша и да стои 2-3 часа.
  • Средство за чистење на бубрезите- лажица ленено семе да се вари со една чаша вода. Течноста во која се варело семето ќе биде доста густа па треба да се разреди со малку вода.Доколку смесата не е вкусна да се додаде сок од лимон. Се пие по половина чаша на секои 2 часа во рок од 3 дена
  • Бронхитис-10 гр.ленено семе се става во стаклена тегла се прелива со 300 гр.зовриена вода и се остава да стои 10 мин и повремено се меша,потоа се процедува. Течноста се зема по ½ чаша во текот на денот. Средството помага и за бронхитис.
  • Ангина- 10 гр.ленено семе се вари во 300 гр.вода во емајлиран сад, добро се меша 10 мин.па се процедува. Течноста се користи за плакнење на грлото неколку пати на ден.
  • Склероза- се зема ленено масло по 1 лажица 2 пати на ден во текот на јадењето 1-1,5 месеци. После 3 недели циклусот да се повтори.
  • Младешки акни- чај од ленено семе и цвет од камилица се користат како облоги: се мелат 4 лажици ленено семе и 1 лажица камилица. Сместа се прелива со мала количина зовриена вода. Смесата се става со лажица на кицето да се направи слој,лицето се покрива со крпа и се остава да делува 15-20 мин. Потоа лицето се мие со топла вода.
 
1, 2, 3, 4