Мени
Млеч, Млечот како храна
 
Матичниот млеч е секрет кој го лачат “глоточните” и горновиличните жлезди на медоносните пчели. Млечот претставува желеобразна маса со спечифичен мирис и остар киселкаст вкус. Младите пчели од 4 - 15 дена воздраст го лачат јадејки полен и перга богати со белковини ,масти, витамини и други биолошки активни материи. Матичната млеч пчелите ја лачат за исхрана на ларвите до 3 ден (работнички и трутивски) и матичњаците до нивното запечатување. Во секој матичњак матична млеч има од 200 - 400мг, а во пчелините келии со ларви по 2-3мг млеч. Матичната млеч за хранење на ларвите за работнички пчели, трутови и матичњаци не е иста.
  Во матичната млеч не се пронајдени микро организми , а тоа кажува дека таа поседува способност кон самостерилизација.
  Испитувањата покажале дека длабоко замрзната млеч на температура пониска од – 20 C чувана 7 години била сеуште добра за нормално хранење и раст на матицата.
Повеќе
Млечот се добива во друштва без матица или во присуство на матицата. Потребно е при нејзиното произвотство да се има посебна опрема и многу хигиена. Млечот се чува во темни стаклени садови хереметички затворени и ладилник за негово сместување веднаш по вадењето од матичњаците.
  За добивање на поголема количина на млеч пчеларот одредува повеќе од 20 јаки пчелни друштва кои имаат не помалку од 8 - 9 рамки на легло во секое друштво. Во вештачки изработените восочни чаури се пресадуваат ларви со старост од 15 - 18 часа но не постари од 24 часа. Во една рамка може да се постават 30 - 40 чаури со пресадени ларви.
  Секој дневно од едно јако друштво може да се одземе 7 - 8гр млеч, а за 20 дена тоа би било 140 - 150гр. Од 20 друштва за 20 дена би се добило околу 3кг млеч. Овде треба да се напомене дека за вакво произвотсво на млеч друштвата обавезно да се прихрануваат со сируп во кој ке се додаде и полен. Третиот ден од пресадувањето се зема рамката со наполнети матичници со млеч и се носат во чиста и осветлена просторија со доволно влага. Матичниците се отсекуваат до нивото на млечот со остар нож и со стаклена, дрвена или силиконска лажичка добро заоблена се црпи млечот и сместува во стерилни и темни шишенца кои хереметички се затвораат со капачки и сместуваат во ладилник каде и се чуваат на температура од -8 до -18 степени.
  Чување : процесот на чување на млечот се карактеризира со намалување на биолошката активност како резултат на разрушување на некои компоненти под дејство на светлината, топлината, кислородот од воздухот и др. Експериментално е утврдено дека природната млеч под дејство на светлината, температурата ја губи својата активност во време од 3 - 10 дена. Ларва одгледувана на ваква млеч има маса од 17мг, а одгледувана на свеш млеч има 240 мг или поголема е од првата за повеке од 14 пати.
  Млечот чуван на температура не помала од -10 степени се гарантира неговиот квалитет во временски рок од 5 месеци од денот на вадењето од матичникот.
  Сувиот (лиофилизиран)  млеч терба да се чува на температура од 0 - 14 степени при влажност на околниот воздух не повеќе 75 % до 5 години од денот на лиофилизирање.
Определување на биолошката активност на млечот  (П.Т.Аллес 1972 год ) предложил биолошки метод на контрола на тој начин што во термостат се прати порастот на матичната ларва , ако на 6 ден масата на ларвата достигне 180 мг и повеќе таквата млеч одговара за правење на лековити препарати .
ХЕМИСКИ СОСТАВ , БИОЛОШКИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА НА МЛЕЧОТ
  Млечот е богат со хранливи и биолошки активни материи. Тој поседува многу лековити својства , но секако не е  универзално лекарство за сите заболувања како што се мислело порано.
  Млечот се раствара во вода но не во потполност. Пример со додавање на сода бикарбона или некоја база растворливоста се подобрува. Во ултра виолетови зраци овие раствори светат со сино светло а тоа е еден од начините на испитување на исправноста на млечот.
  Млечот содржи голема количина на беланчевини, шеќери, маснотии, липиди и минерални сооединенија. Беланчевините се богати со незаменливи амино киселини кои се во изворјна состојба. Во  нивниот состав се наоѓаат 21 амино киселина. Покрај амино киселините сврзани со беланчевините млечот содржи и слободни амино киселини , а исто така и амини и амиди.
  Во својот состав има многу прости и сложени шеќери , многубројни органски киселини од што доаѓа неговиот кисел вкус. Една од поважните киселини е и 10 – окси – транс – делта – деценова киселина. По нејзиното присуство може да се утврди природноста на млечот. Органските киселини ја помагаат размената на материи во организмот на човекот.
  Млечот е богат со многу витамини ( Б – комплекс , Б1 , Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, Ц, А, Д, Е и други ).
  Разнообразен состав на материи. Пронајдени се сооединенија на : K, Na, Ca, P, Mg, Fe, Mn,Zn, Cr, Co, Cu, Ni, Au и др. Високата концентрација на органски сооединенија на Fe и Co ја појаснуваат ефикасноста на млечот при лечење на анемија .
  Млечот содржи значителна количина на  ацетилхолин кој помага при предавање на импулсите од нервите кон испонителните органи појавувајќи се како компонента на функционорање на парасимпатичниот нервен систем , раширување на крвните садови, намалување на крвниот притисок, размена на маснотиите во организмот, замастувањето на џигерот и против развојот на атеосклерозата.
  Поседува широки разнострани биолошки делувања. Тој и неговите раствори ги спречуваат многуте видови на микроорганизми : црервни, златеста филокок, туберколоза,  салмонела,  предизвикувач на сибирски чир и др.
  Докажено е големото против вирусно дејство на млечот и неговото погубно дејство на прердизвикувачот на грип. Активо влијае на размената на материи во човековиот организам , го стимулира центарлниот нервен систем, ткивното дишење,  ја зголемува работоспособноста, го намалува уморот,  ја зголемува масата на телото, го забрзува растот, го подобрува апетитот. Карактерот на неговото дејствие зависи и од дозата : малите дози делуваат стимулативно , а млечот земен во големи количества даваат обратен ефект. Многу интересна е појавата на неговото дејствување на вегететивниот нервен систем. Се стимулираат на дејствувањето на две спротивни по функција оддели - симпатичко и парасимпатичко како резултат на тоа се појавува нормализација на крвниот притисок. Кај заболените од висок крвен притисок тој се намалува а кај болните со низок крвен притисок се забележува негово зголемување.
  Влијанието на млечот ја зголемува содржината на еритроцитите и хемоглобинот. Се повишува и содржината на железото во организмот.
  Млечот го помага произвотсвото на хормон на адреналин со што е сврзано и повушувањето на нивото на гликоза во крвта, исто и постарите луѓе земајќи млеч повлекуваат во себе намалено формирање на тој хормон, а го зголемуваат и лачењето на инсули кој го регулира усвојувањето на гликоза во организмот.
  Го снижува нивото на холестерол во крвта со што е условена неговата примена при комплексното лечење на атеросклерозата.
  При систематско земање на млеч се стимулира процесот на формирање на белковините во организмот на човекот, го засилува растот на волната кај животните, се забрзува зарастувањето на раните и чиревите, се зголемува фагоцитарната функција на леукоцитите. Поголем интерес повлекува соопштението за способноста на млечот да го спречи растот на некои злочудни тумори (карцином на ЕРЛИХ, лимфосаркоми и др) при испитување на животни утврдено е дека млечот не поседува токсичност. Млечот ја подобрура размената на материи, покажува тонизирачко и регулаторно дејство, ја зголемува смалената способност на срцевиот мускул, ги раширува коронарните крвни садови и глатката мускулатура на бронхиите.
  Доенчината и малите деца за подобрување на апетитот , заслабнатост, смалување на исхранетост (хипертрофија) се дава по 2,5-5мг млеч во свекички три пати во денот, во траење од 2 недели во чмарот.
  Воздрасните примаат млеч (поливит) при низок крвен притисок, невростенија, астенични состојби, посебно после прележани тешки заболувања и хирушки операции, пореметена исхрана. Доилките за зголемување на млекото (млечноста).
  Маст која содржи 3% поливит и крем во која влегува 0.6% млеч се употребува при чешање по кожата и себореја на кожата на лицето.
  Со помош на млечот можат да се нправат многу лековити препарати. Меѓу нив е и Поливит производ на фирмата Апицентар - Битола. Тој овозможува хармоничен развиток на детскиот организам, појачување на коскенато ткиво. Препарато се препорачува на децата , бремени жени и доилки. Исто така се перепорачува и при лечење на  на спазмофилија и паратитереоридна тетанија.
  Поливитот помага и при замор, несоница, анемија, губење на апетит, бронхиална асма, зпазма на коронарните крвни садови, болести на џигерот поджелудната жлезда, бубрези ,недоволна функција на јајниците, чир на желудник и дванаестопалачно црево. Во време на лечење со млеч шекерот (сахарозата) треба да се замени со мед.
  Млечот влегува и во состав на козметичките кремови, лосиони и емулзии кои на кожата и даваат нежност кадифен изглед и еластичност.
  Млечот може да се зема и сиров по една капка под јазик но при тоа добро е да се исплакни устата со раствор од сода бикарбона или газирана вода. Се зема три пати по една капка чист млеч под јазик на гладно.
  Млечот го ревитализира човечкиот организам, го подмладува, ја враќа снажноста, ја зголему сексуалната моќ кај мажите, зголемено лачење на хормоните кај жените кој патат од недостиг на некои хормони или нивното излачување е многу мало,а го подобрува и квалитетот и бројноста на мажките сперматозоиди.

Пчелите сами го произведуваат матичниот млеч од медот и од поленот и со него го хранат својот подмладок (ларвите). Матичниот млеч е производ на секрецијата на жлездите на младите пчели.

Матичниот млеч е млечнобела многу вискозна супстанца која со својот изглед подсеќа на маст, со карактеристичен мирис и вкус. Специфичната тежина на матичниот млеч е 1,1 г/см/3. Во продажба се става матичниот млеч кој е ваден 48 - 50 часови после пресадувањето на ларви. Матичниот млеч не смее да биде со потекло од затворени матичњаци или од трутовско легло. Матичниот млеч има зачудувачка моќ да ја трансформира ларвата на обична пчела која со него се храни во матица која живее 30 - 40 пати подолго од пчелите работнички.

По вадењето на млечот мора да се чува во темно, херметички затворен во стаклен сад.

Матичниот млеч мора да ги исполнува следните услови:

•  да содржи најмалце 30% сува материја

•  да содржи најмалку 11% протеини

Во 100 гр. матичен млеч се наоѓа:

•  белковини…………………………околу 15гр;

•  масти……………………………….околу 5гр;

•  јаглени хидрати…………………..околу 12гр;

•  минерални материи……………...околу 1 гр;

•  вода…………………………………околу 67гр.

Матичниот млеч има антимикробно и антивирусно својство.

Матичниот млеч може да се продава во изворен облик, непосредно изваден од матичњаци, стабилизиран или лиофилизиран.

Поливит-Природен биостимулатор

Овај препарат има повеке наменска употреба,а се препорачува за:одбрана на организмот(посебно кај децата и постари лица)од разни заболувања,а како превентиве за лечење на разни воспалителни процеси(чир на желудникот,дванаесет палачно црево),за подобар раст кај децата,ускладување на метаболизмот,за регулирање и подобрување на работата на срцето и крвотокот,џигеро,бубрезите,простатата,штитната жлезда и останатите жлезди со внатрешно лачење,за зајакнување на срцето и подобрување на крвната слика.Бронхитис,бронхијална асма,брза регенерација на изгубената енергија,за концентрација,менаџерски болести,депресија,алергија,смалување на менструални и климактерични тегоби.Го обновува оштетениот џигер,ја зголемува имунолошката реактивност на организмот.

Може да се употребува напоредно со други лекарства.  

Жен шен со млеч

Нај ефикасен препарат кој помага при:намален апетит,недоухранетост,намалена работоспособност,несоница,хепатит,анемија,чир на желудникот,го стимулира умствениот развиток,ја подобрува физичката способност,реуматичен артрит и поли артрит,го регенерира работењето на жлездите со внатрешно лачење,ја подобрува концентрацијата.Благо го снижува крвниот притисок,го намалува холестеролот и шекерот во крвта,покажува антивоспалувачко дејство,го стимулира омбрамбениот систем. 

Простатит  

Овај препарат претставува комбинација од:млеч,полен прополис,мед,мечкино грозје,ладно цедено масло од семка од тиква,корен од коприва и др.Се препорачува при:често и болно мокрење посебно во раните утрински часови,слаб млаз или недоволно исфрлање на мокрачата,односно и после мокрењето чуствувате дека ви е полна бешиката.Често неконтролирано поткапнување на урина.Болки во малата карлица,крстот и слабинките,а понекогаш и крв во мокрачата.Сево ова,пропратено со намалена сексуалност и неплодност,општа слабост,безволност е знак на заболена простата и тоа:простатитис,аденома на простата(отеченост),карцином на простата.За првите два слуцаи добро ке ви помогне насиот препарат ПРОСТАТИТ,а за третиот случај лекар уролог.

 

Матичниот млеч содржи 22 аминокиселини, вклучувајки ги сите есенцијални. Некои од белковините се врзани со шеќерите и липидите во високомолекуларни соединенија (глукопротеиди и липопротеиди). Најдени се мали количини на рибоза, малтоза, изомалтоза, гентибиоза, тураноза, трахелоза и неотрахелоза.

Од витамините ги содржи: А, Ц, Д, К и поголеми количини хидрорастворливи витамини од Б-групата (Б1, Б2, Б3, Бц, ПП). Во 100 гр сува материја од млечот се наоѓа 1485мг витамин Б12.

Најдени се следните микро и макро елементи: железо, сулфур, магнезиум, манган, бакар, калиум, калциум, натриум, хром, никел, сребро, кобалт, алуминиум, арсен, жива, бизмут и злато.

Липидите во матичниот млеч влегуваат во етерорастворлива фракција и изнесуваат од 1,5 до 7 %. Нивни претставници се: феноли, стероли, глицериди, облици на восок, неутрални масти, фосфолипиди и органски киселини. Слободните органски киселини изнесуваат 80 – 90 % од етарскиот екстрат.

Општата киселост на матичниот млеч е од 3,3 до 6.

Бројни хемиски испитувања ни даваат точно одредени податоци на составот на матичниот млеч. Матичниот млеч содржи три основни врсти на органски супстанции: липиди, глициди и протеини. Она што на матичниот млеч му дава посебни својства е присуството на значајни количини витамини, посебно витамините Б и Е.

Матичниот млеч содржи се она што му е потребно за изградба и опстанок на живиот организам, почнувајќи од белковини, масти, јаглени хидрати, ферменти, микроелементи, аминокиселини, па се до витамините.

Матичниот млеч слободно може да го сметаме како супер храна. Многу е корисен во медицината и претставува драгоцено средство за опоравок на организмот. Млечот помешан со медот во одреден сооднос представува инзвореден природен регенератор кој делува на: функционирање и јачање на мускулатурата, зголемување на апетитот, обновување на болниот организам, подобрување на општата состојба кај изморени и депримирани ооби, подобрување на здравствената состојба во целина, зголемување на физичката снага, зголемување на отпорноста према болести, успорување на стареењето, подобрување на жлездите со внатрешно лачење, стимулирање на регенерација на крвта, зголемување на растењето и зголемување на работната способност, смалување на уморот и малаксалоста, го нормализира крвниот притисок и.т.н.

Препаратите на база на матичниот млеч, делуваат на подобрување на општата здравствена состојба и на метаболизмот на човековиот организам, допринесува за успорување на процесот на стареење, регулирајќи ги внатрешните лачења, стабилизирајќи го нервниот систем. Може од сето ова да се заклучи да овие препарети се инзвореден природен регенератор кој повеќе наменски му помага на организмот на човекот оптимално да функционира.

Колкава е моќта на матичниот млеч најдобро се гледа од следниве податоци:

•  ларвата (матична) која првиот ден е тешка околу 0,1мг и која пчелите ја хранат со матичен млеч, после 5 - 6 дена тешка е околу 30 мг (тежина е 300 пати поголема);

•  пчелите работнички, чии ларви прво го користат матичниот млеч, па мешавина мед и матичен млеч, живеат околу 35 дена, а матицата која исклучиво се храни со матичен млеч, живее околу 5 години.

 

ЧУВАЊЕ НА МАТИЧНИОТ МЛЕЧ

Матичноит млеч, поготово свежиот е нестабилен. Мора да се чува во темни херметички затворени шишина. Ако се чува на -2 до -5Ц, рокот на употреба му е околу 6 месеци, ако се држи на -15 до -18 Ц (во фрижидер), рокот на употреба му е околу 1 година.

Во последно време се повеќе се користи лиофилизиран матичен млеч (кој настанува со сушење на млечот на -20 до -50Ц), кој на температура од 0 до +14 Ц ги заржува сите боилошки својства на млечот до 5 години.

Пчеларите обично го мешаат медот и млечот во однос на тежина 10:1, 20:1, 50:1 и 100:1.