Мени
МАСЛО ОД ДИВО ОРИГАНО
 

ОРИГАНО МАСЛОТО е 100% дестилат од диво оригано. Може да се употребува:
ОРАЛНО: 3X1 капка да се капне на коцка шеќер,да се чува во уста да се растопи (вака делува и локално во усната шуплина) па да се голтне. Бројот на капки постепено се зголемува, но максималната доза е 12 капки дневно. Освен на коцка шеќер, може да се капне и во млеко или сок (со исклучок на сокот од лимон).

Се препорачува да се користи 15-20 дена па да се направи пауза од 7-10 дена и доколку постои уште потреба пак може да се користи.
При појава на кандида во цревата како и Ешерихија коли во уринарниот тракт:Се раствара 1-4 капки во чаша со 100 мл. врела вода и силно да се промешува околу 1 минута. Да се излади на собна температура и да се пие по 1-2 голтки после јадење во период од 15-20 дена.
ЗА ИНХАЛАЦИЈА(при воспаление на синусите,бронхитис,ја разредува слузта во белите дробови,ги намалува спазмите во дишните патишта): 2-3 на ден се капнува 1-4 капки во 500 мл.топла вода,се промешува,и пареите кои не смеат да бидат многу топли се вдишуваат во тек на 5 минути,но да се внимава пареите да не доаѓаат во контакт со очите. Може и да се капне 1 капка на шамивче, и на тој начин да се вдишуваат пареите.
ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА КОНЦЕНТРИРАНОСТ НА ОРИГАНО МАСЛОТО-НЕ СЕ КОРИСТИ ДИРЕКТНО-СЕКОГАШ РАЗРЕДЕНО.
Доколку се користи за габична инфекција на кожа, атлетско стапало, егзем, или за масажа-се меша со сончогледово, маслиново или кокосово масло во однос 1:4.
Дозирање кај деца:се препорачува кај деца над 3 години.Посебно се препорачува за зајакнување на имунитетот кај деца кои одат во градинка или на училиште.2-3 Пати дневно се капнува 1 капка во чаша сок од портокал или некој друг сок (да не биде лимонов) и да го испие.Сокот треба веднаш да се испие (да не се чува во уста).
При појава на првут-може да се капне 4 капки во 200мл. неутрален шампон и да се користи еднаш дневно.
ОРИГАНО ВОДА:за испирање на усната шуплина,јазикот и грлото,при воспаление на непцата- 2 до 3 пати дневно по 1 супена лажица да се прави гаргара и да се исплука, а доколку се работи за цревни паразити или дигестивни проблеми да се проголта.
ЗА МАСАЖА-ПРИ ЗАМОР-СЕ НАНЕСУВА ДИРЕКТНО НА КОЖА И СЕ МАСИРА МАКСИМУМ ДО 2 минути.
ОРИГАНО ЧАЈ-Како превенција од грип и настинка:1 кафена лажичка од чајот се попарува со 200мл. врела вода,се поклопува 1 мин. се процедува и се пие додека е топол чајот. Доколку се работи за посериозни инфекции оригано чајот се попарува со вода што врие,се поклопува и се остава да стои 5-10 мин и се пие. по потреба може да се додаде мед.
За елиминирање на Ешерихиа коли од уринарниот тракт се препорачуваат дневно 3-6 чаши со чај. Најдобри резултати се постигнуваат во комбинација со Оригано маслото.

Чај од диво оригано

  • Екстра ефикасен против уринарни инфекции
  • За ублажување на тегобите од кашлање и бронхитис
  • Против дијареја
  • Ги елиминира цревните паразити
  • Корисен против појава од настин и грип

Чајот од диво оригано е добиен со сушење на надземниот дел на билката. Има исклучиво убав и јак мирис. Чајот се користи за ублажување на тегобите кај оболени дишни патишта (кај кашлиците и бронхитисот) и кај елиминирањето на цревните паразити. Чајот во комбинација со маслото од оригано многу успешно ја елиминитираE Coliод организмот.


Ориганова вода

Ориганова вода се користи за: масажа на телото,плакнење на устата, јазикот и грлото, дезинфекција, за болки во грлото, воспаление на непцата и да се олесни иритација, дигестивни проблеми и елиминирањена цревни паразити и бактерии, елиминирање на габатаCandida во усната шуплина, како и помош за елиминирање на E. coli бактеријата во уринарниот тракт. Докажано еи елиминирањето наEscherichiacoli 0157: H7, Listeriamonocytogenes 4б, Staphylococcusaureus и Yersiniaenterocolitica 3

100% органски сертифициран производ.