Мени
Природни чаеви
ЗЕЛЕНИ ЧАЕВИ
     
  ЗЕЛЕН ЧАЈ – Sencha Special
Зелениот чај и неговото благотворно дејство за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.

Зелениот чај и неговото благотворно дејство за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.Содржи многу значајни супстанции кои внесени во организмот предизвикуваат позитивни ефекти.

Во најголем процент тие ефекти се должат на присуството на катехините, кајо и витамините; Ц, Е и А. Катехините кои се еден вид танини се застапени околу 20% и кога ќе се растворат во вода му даваат поголема моќ на чајот. Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај, се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на туморалните клетки, како и превенцијата од појава на рак.

Како зелениот чај ќе му помогне на Вашиот организам?

  • Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.
  • Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
  • Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок
  • Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари
  • Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна
  • Спречува појава на кариес (расипување) на забите
  • Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно
  • Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата
  • Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите

Пиењето зелен чај во Јапонија и Кина е секојдневна појава, а неговото благотворно дејство се потврдува со фактот дека во областите во Јапонија, каде што многу се пие овој чај, појавата на малигни заболувања е многу ретка. 

Начин на подготовка: 

Се става 1 лажичка зелен чај во 250мл. врела вода, се остава да стои три минути, па се процедува и се пие секогаш свежо подготвен.

     
  ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ЛИМОН И ЏУМБИР
Високите температурни варијации се одличен тест за природната одбрамбена моќ на Вашиот организам.

Високите температурни варијации се одличен тест за природната одбрамбена моќ на Вашиот организам.Дали сте спремни за борбата со настинката и грипот или веќе чувствувате малаксаност и покачена температура?

Чаша топол чај еднаш дневно представува добар чекор напред, а две чаши се вистинска корист по Вашето здравје. Но што да одберете? Зелен чај со лимон и ѓумбир од палетата на Виталиа е одлична билна мешавина богата со витамини (Ц, А, Б, Е), минерали (калиум, магнезиум) и активни состојки кои ќе Ве освежат но и ќе го зајакнат Вашиот имунолошки систем.

Зелениот чај содржи витамин Ц, катехини и полифеноли кои имаат позитивно дејство на целиот организам. Содржи силни антиоксиданси кои ги спречуваат негативните ефекти на слободните радикали, причинители на многу болести. Катехините од зелениот чај растворени во вода го спречуваат растот и развојот на туморалните клетки и со самото тоа заштитуваат од појава на рак. Листовите и кората од лимон присутни во чајот го потикнуваат потењето и излачувањето на штетни метаболити создадени во телото како последица на вирусните инфекции. Лимонот ја смирува кашлицата и забрзаното срцебиење.

Коренот од ѓумбир во чајот:

  • Ја подобрува циркулацијата на крвта дествувајќи како вазодилататор
  • Има антикогултивно дејство поради што е добар против тромбоза
  • Делува поволно на системот за варење, бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните сокови
  • Ги релаксира дигестивните мускули
  • Ги апсорбира и неутрализира отровите во желудникот, со што помага при грчеви и лошо варење
  • На системот за дишење делува како антисептик и антиспазмолитик, со што помага во случај на воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците
  • Ефикасен е при лечење на настинки и грип
  • Делува противвоспалително на урогениталниот систем
  • Делува освежувачки

Ако сакате да имате јак имунолошки систем, да имате добра циркулација и бистра глава, пробајте ја оваа комбинација од лековити билки.

Начин на подготовка: Во една чаша врела вода загреана на 80 степени се додава 1 кафена лажичка зелен чај со лимон и ѓумбир, се остава да стои 5 минути, потоа се процедува и пие. Поради богатата содржина на хранливи состојки, истата чајна мешавина може да ја употребите два пати. Доколку сакате да го засладите чајот, најдобро е да користите нешто здраво. Ви препорачуваме кафеав нерафиниран шеќер, мед, малтекс или гроздов слад - маџун кои во себе обилуваат со минерали и витамини. Уживајте во зелениот чај со лимон и ѓумбир барем три пати во денот. На тој начин ќе ја почувствувате природната моќ на лековитите билки.

     
  ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ТАХЕБО
Ароматична мешавина од тахебо и зелен чај со арома на портокал

Ароматична мешавина од тахебо и зелен чај со арома на портокал од која можете да подготвите напиток во кој ќе уживате, зајакнувајќи го имуниот систем.

Како овој чај ќе му помогне на организмот?

  • Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.
  • Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза. 
  • Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок- Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари
  • Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна
  • Спречува појава на кариес (расипување) на забите
  • Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно
  • Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата
  • Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите

Начин на подготовка:

1 чајна лажичка се обарува со 200мл. врела вода, стои 5-8 минути, се процедува и може да се консумира 2-3 пати на ден.

     
  ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ЖЕН ШЕН
Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа

При промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови, најдобро ќе Ви помогне комбинацијата од Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.

Кои се неговите лековити својства? 

  • Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста 
  • Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови 
  • Е ефикасен напиток за нормализирање на крвниот притисок 
  • Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес 
  • Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. 
  • Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови 
  • Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите 
  • Составните компоненти на овој чај ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции 
  • Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето. 
  • Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки 
  • Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите 
  • Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти 
  • Добар е во борбата против ракот 
  • Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам 
  • Цветовите од ружата содржат танини и етрични масла кои добро делуваат на дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Особено благотворно дејство има кај луѓето кои се склони кон проливи, а добри се и за белодробни заболувања.

Всушност мешавината од Зелен чај и Жен Шен на Виталиа конзумиран редовно влијае стимулативно на целокупниот метаболизам и е вистински пријател на Вашето здравје.

Начин на подготовка: Се става една лажичка од чајот во чаша за чај и се потопува со топла вода (околу 80 Ц), стои три минути, се процедува и се пие. 

     
ФУНКЦИОНАЛНИ ЧАЕВИ
     
  ИМУНОВИТ ЧАЈ
Бидете спремни за битката со грипот и настинката

Ве мачи кашлица, затнат нос, често кивате и сето тоа надополнето со главоболка и малаксаност? Време е да го зајакнете имунолошкиот систем.

Бидете спремни за битката со грипот и настинката. Обратете се на традиционалната медицина и кралицата на лековитите билки - Ехинацеата. Ехинацеата е повеќегодишно растение со темно зелени листови, тенко и високо стебло и крупни пурпурни цветови. Потекнува од Северна Америка, а во медицината е позната како извонреден имуно стимулатор. Нејзината лековитост се изразува во зголемување на природната моќ на одбрамбениот имунолошки систем во борбата против микробите, вирусите, бактериите и габите кои се предизвикувачи на разни заболувања.

Како да ги почувствувате благодетите на Ехинацеата?

Денес Ехинацеата е достапна за секого, токму преку чајот ИМУНОВИТ од палетата на Виталиа здрави производи. Тој се состои од херба (цветови, листови и стебленца) на Ехинацеа пурпуреа. Со консумирање на овој чај во Вашиот организам ќе внесете богатство од корисни состојки, витамини (А, Б- комплекс, Ц, Е), минералите: железо (за подобрување на крвната слика), калциум (за зајакнување на коските и забите), селен (за отпорност против болести), силициум (за обнова на ткивата). Клетките на Ехинацеата содржат есенцијални масла, полисахариди, гликозиди, смола, бетаин, инулин, сесквитерпени, на чие присуство се должи нејзината лековита моќ.

Како делува Ехинацеата?

Чајниот напиток ИМУНОВИТ е природен лек за инфекции во почетна фаза, бидејќи ја потикнува имунолошката функција и го помага заздравувањето при настинки, грип, вирози, отечени жлезди, лимфна конгестија, кожни инфекции, апцеси, инфламаторни заболувања, алергии.

Чајот Имуновит посебно е делотворен во случај на заслабен имунитет предизвикан од долготрајно боледување, хируршки зафати или лечење со антибиотици. Но тој делува и на:

  •  Прочистување на крвта, бубрезите, лимфниот систем и црниот дроб од токсичните агенси, кои се потенцијални нарушувачи на здравјето
  •  Ги заштитува здравите клетки и помага во борбата против микробите, вирусите и габите преку покачување на концентрацијата на антитела
  •  Ги санира инфекциите на дишните и мочните патишта
  •  Го потикнува делувањето на сопствениот имуно систем
  •  Го потпомага заздравувањето при настинки, грип, вирози, инфламаторни заболувања и алергии. 

Како и кога се препорачува?

Имуновит чајот се препорачува да се пие во зимскиот период, како и во преодните месеци кога има поголеми температурни варијации. Доколку чувствувате знаци на ослабен имунитет, веднаш почнете со пиење на една чаша (250мл) свежо подготвен чај од Ехинацеа три пати дневно и тоа после јадење. Најдобро е доколку оваа терапија ја примените во времетраење од еден месец. Потоа направете едномесечна пауза, со што ќе му овозможите на Вашиот организам да ја манифестира силата на сопствената имуна реакција, стимулирана токму од Ехинацеата.

Подготвување на ИМУНОВИТ чај од Ехинацеа: 1 лажиче се прелива со 250мл. врела вода, и се остава 10 минути. Потоа се филтрира и се консумира секогаш свежо подготвен три пати на ден, после јадење.

Ехинацеата во козметиката

Чајот ИМУНОВИТ е одличен природен тоник за освежување и затегнување на кожата. Многубројните испитувања го потврдија фактот дека полифенолите од Ехинацеата ја заштитуваат кожата од оксидативното оштетување предизвикано од сончевото зрачење. Колагенот оштетен под дејство на сончеви зраци ја губи својата контрактилност што на лицето се манифестира со појава на брчки, огрубување на кожата или со предканцерозни израстоци. Тоникот подготвен од чајот Имуновит ја омекнува кожата и продира длабоко, ја враќа влажноста на кожата правејќи ја нежна и сјајна. 

Подготвување на тоник од Ехинацеа

За надворешна употреба: 2 лажички чај Имуновит се прелеваат со 1 чаша (250мл.) врела вода и се остава да стои додека да се олади, па се филтрира. Вака направениот тоник се нанесува на лице со козметички тупфери, а остатокот се чува во фрижидер за понатамошна употреба. Секој трет ден се подготвува свеж тоник. 

Користете ги благодетите на природата 
Почувствувајте ја нејзината сила
Таа е содржана во чајот Имуновит - 100% Ехинацеа 

     
  ТУРБО СТАРТЕР
Mешавина од листови, цветови и семиња од лековити билки

Претставува мешавина од листови, цветови и семиња од лековити билки, која Ви овозможува еден турбо динамичен почеток на денот.

Во својот состав содржи: вербена, маточина, зелен чај, хибискус, гуарана, пченкарен, сончогледов, липов и слезов цвет, семе од шипка. Како овој чај ќе Ви помогне да имате ефективен и квалитетен ден?

  • Го подобрува расположението
  • Го обновува природниот ритам на организмот
  • Добар е за срцевите болни
  • Го регулира крвниот притисок
  • Ги потикнува интелектуалните и психички активности
  • Ја подобрува концентрацијата и помнењето
  • Го јакне одбрамбениот систем на организмот и ја зголемува неговата отпорност
  • Ги подобрува функциите на системот за варење 
  • Помага при напорно спортување, учење, интензивна интелектуална работа, кај долготрајна психичка и физичка исцрпеност, кога на организмот му треба дополнителна енергија.
  • Ги релаксира нервите
  • Ја стимулира циркулацијата
  • Делува инхибиторно на развојот на бактериите и вирусите- Делува стимулирачки на функцијата на црниот дроб
  • Го ублажува предменстуалниот синдром
  • Ги ублажува чувствата на фобија и срав
  • Ја зголемува работоспособноста

Со пиење на овој чај на Вашиот организам му обезбедувате поголема виталност и енергија. 

Начин на подготовка:

Се ставаат 2 кафени лажички од чајот во голема чаша и се попарува со 250мл. врела вода. Се остава да стои 10 минути, се процедува и се пие. 

     
  СТРЕС КИЛЕР
Чајот Стрес Килер му овозможува на организмот да се врати во својата првобитна, нормална состојба.

Овој чај е мешавина од лековити билки кои ќе Ви помогнат полесно да ги надминете стресните моменти. Имено при стресни состојби, поради возбуденост, доаѓа до зголемено лачење на адреналинот, хормон кој го мобилизира организмот, што значи и поголема потрошувачка на енергија, забрзана циркулација и покачување на крвниот притисок.

Чајот Стрес Килер му овозможува на организмот да се врати во својата првобитна, нормална состојба. Во состав на Стрес Килер чајот влегуваат: малинов лист, маточина, лушпи од какао, семе и лушпа од шипка и рибизла.

Како ќе Ви помогне овој чај:

  • Предизвикува дилатација
  • ширење на крвните садови
  • Влијае на намалување на крвниот притисок
  • Делува релаксирачки на мускулите на срцето
  • Делува смирувачки на пренадразнетоста и нервните грчеви
  • Крвните садови ги прави поквалитетни
  • Го стимулира бубрежниот епител
  • Делува диуретично
  • Го подобрува расположението
  • Ја зголемува работоспособноста
  • Ја подобрува детоксификацијата на организмот
  • Ја подобрува психофизичката состојба
  • Го враќа расположението.

Начин на подготовка: Се ставаат 2 кафени лажички од чајната содржина во голема чаша (250мл.) и се попарува со врела вода. Се остава да стои 10 минути, се процедува и пие.

     
  SLIM & FIT
За здрава и витка става

Најдобар партнер во секој диета е Слим & Фит чајот, кој претставува одлина комбинација на растителни тревки.

Слим & Фит ќе ви помогне да добиете витка фигура, забрзувајки го метаболизмот, детоксификацијата и хормоналниот статус на вашето тело. Користете Слим & Фит пред секое јадење и  резултатите ќе бидат видливи.?

     
  ТАХЕБО ЧАЈ
ЧУДЕСЕН ДАР ОД ПРИРОДАТА

Денешното темпо на живот често пати на исцрпува ментално и физички. Негативните последици од урбаниот начин на живеење можеме да ги неутрализираме со внесување на храна која ја подобрува нашата психофизичка кондиција и делува на нашето здравје. Направете нешто повеќе за себе. Изберете производ кој одговара на Вашите потреби. Дозволете и на природата да се погрижи за вашето здравје.

Чајот ТАХЕБО е еден од прекрасните дарови на природата кој потекнува од Јужна Америка и се добива од внатрешната кора на дрвото Тахебо познато под името Ipe Roxo кое расте во неконтаминираните озонски области на Андите каде воздухот е чист и свеж, ослободен од смог, гасови и пестициди. Тахебото е свето дрво за племето Calaway, потомци на древните Инки, кои го користеле како основен лек за многу болести. Денес и научно се потврдени фактите дека внатрешната кора на дрвото поседува антибиотски, антигабични, аналгетски и диуретски својства. Лековитите својства се должат на присуството на lapahol и бета - lapahon (нафтокинонски деривати) кои се две примарно активни компоненти.

Како ТАХЕБО чајот ќе му помогне на Вашиот организам?

  • Го јакне одбрамбениот систем на организмот, го регулира метаболизмот истовремено поттикнувајќи го создавањето на нови, здрави и витални клетки
  • Содржи голема количина на железо (Fe) во лесна ресорптивна форма со што ја подобрува крвната слика при сидеропенични анемии и го зголемува процентот на кислород во организмот
  • Го зајакнува и балансира имунолошкиот систем и делува во превенцијата на широк спектар на заболувања
  • Купката направена од Тахебо чајот помага при лекувањето на габичните и квасните инфекции како и на воспалителните процеси на урогениталните органи
  • Моќните антибиотици кои ги поседува Тахебото ги убиваат бактериите и ги санираат инфекциите
  • Ја зајакнува клеточната структура, го подобрува апетитот, ја помага асимилацијата на хранливите материи и ја регулира столицата
  • Тахебо чајот има огромна моќ на детоксификација (прочистување) на организмот
  • Ја подобрува циркулацијата на крвта, поволно делува на нервниот систем и помага при несоница и вознемиреност
  • Помага во лекувањето на гастритисот, синуситисот, астмата, реуматизмот, гонореата, артериосклерозата, диабетесот, миомите како и болестите на црниот дроб
  • Го подобрува лечењето на малигните заболувања преку значително зголемување на кислород во крвта.

ТАХЕБО чајот на ВИТАЛИА е одлична заштита и превентива токму од оние заболувања кои се последица на намалениот имунитет на организмот како што се инфекциите, но и канцерогените болести. Препорачливо е да го користат пациентите паралелно со медикаментозната терапија бидејќи е констатирано дека го зголемува ефектот на хемотерапијата, а ги намалува пропратните несакани ефекти на медикаментите.

Подготвување и дозирање: Во 1 литар зовриена вода се додаваат 3-4 кафени лажички од Тахебо чајот на Виталиа. Се остава да врие 3-5 минути, потоа се намалува огнот и се вари на тивко уште 15 минути. Се процедува во неметален сад и се пие во текот на денот. За подобрување на апетитот се пие 20 минути пред јадење. Препорачлива доза: 1 литар дневно. Дозирањето и траењето на терапијата за конкретно заболување се одредува во зависност од клиничката слика на корисникот.

Нус појави: зголемено потење, уринирање и дефекација како резултат на детоксификацијата ( прочистување) на организмот од штетните материи.

     
ОВОШНИ ЧАЕВИ
     
  Чај од брусница
60% брусница

Виталиа чајот од брусница содржи 60% брусница и претставува природна мешавина од брусница, цвет од хибискус, плод од шипка и јаболко. Чајот од брусница содржи висока содржина на витамин Ц и изобилива со природна арома која плени.

Чајот од брусница, поради високата содржина на витамин Ц, се употребува за зајакнување на имунитетот и превентивно дејаствува кај лица со уринарни инфекции. Подготовка: 2 лажички од чајната мешавина се преливаат со 200 мл зовриена вода и се остава поклопено да отстои 10-15 мин.Препорачана доза 3-4 чаши дневно. Предноста на Виталиа чајот од брусница во однос на останатите чаеви на база на брусница, е тоа што содржи 60% брусница и е со минимум додаден ароми.