|
Природни засладувачи |
 |
|
Гроздов слад - маџун
Гроздовиот слад - маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје.
Содржи гроздов и овошен шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини. Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни како и спортисти. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам) при психички нарушувања и прекумерна тежина. Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси.
Употреба: по една супена лажица 1-2 дневно растворена во вода, чај, млеко. |
|
|
|
 |
|
ЧИСТ КАНАДСКИ ЈАВОРОВ СИРУП
СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ ОРГАНСКИ ПРОИЗВЕДЕН
Јаворовиот сируп се употребува како суплемент во познатата Лимонова диета и како здрава замена за шеќерот во напивките и сите видови слатки.
Изобилува со минерали (калциум, магнезиум, железо, натриум) и витамините (Б1, Б2, Б6, Ц). Состав: 100 % Канадски Јаворов Сируп, органски (БИО) произведен. |
|
|
|
 |
|
Ливадски мед
Виталиа ливадски мед потекнува од чистите еколошки предели на Источна Македонија. Има извонреден вкус и арома. Ливадскиот мед може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темна, речиси кафеава.
Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства. Има арома на полско цвеќе и се користи при лекување различни болести зашто има профилактички, хранливи и лековити својства. Поради богатството и складниот сооднос на витамини, минерали и ензими што ги содржи медот, со неговата секојдневна употреба го зајакнувате срцето, имунолошкиот систем и крвотокот.
Kако дејствува на организмот?
Медот на Виталиа дејствува антибактериски, го олеснува исфрлувањето на секретот од белите дробови, ги обновува оштетените клетки на организмот, ја намалува болката и го нормализира крвниот притисок. Медот содржи супстанции што го подобруваат варењето на храната и го спречуваат и лекуваат запекот (тврда столица). Тој, исто така, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната, ги ублажува тегобите во менопаузата и го забрзува закрепнувањето на организмот. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, зашто одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. Ефектот ќе биде сличен и ако го растворите медот во лимонада, чаша вода или во шоља чај.
Начин на употреба: дневната доза за возрасен човек е максимум 100гр. мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (една супена или три кафени лажички ) дневно распоредени на три дела. Претераното консумирање мед може да предизвика алергија. |
|
|
|
 |
|
Екстракт од јачменов слад - Maltex
Претставува природен производ добиен со екстракција на целото - интегрално јачменово зрно.
По конзистенција е како медот, со темнокафеава боја и со изразен вкус и миризба на слад.
Во својот состав содржи јагленихидрати, протеини, витамини од Б групата ( Б1, Б2, Б4, Б5, Б6), витамин Е и провитамин А, како и минерали ( Na, K, Ca, Mg, Fe). Минералите и витамините се издвоени со посебна технолошка постапка, со што максимално е зачувана нивната биолошка вредност. Составот на јагленохидратите обезбедува брзо и трајно дополнување на изгубените шеќери. Малтексот е прифатен во многу семејства, бидејќи помага при отежнато дишење и кашлање предизвикано од хроничен бронхитис и пушење. Се препорачува на деца, бремени жени, реконвалесценти, а особено спортисти бидејќи претставува урамнотежен извор на шеќери и минерали кои се губат при поголем физички напор. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|