|
Прополис и полен |
|
Прополис
Прополисот е пчелин произвид кој во последните 30 години доби голема популарност во многу земји како , и во медицинските кругови , така и во народот и во пошироката јавност .
Зборот прополис е грчки збор. Во превод значи: Про-пред , полис-град , тврдина т.е. заштитен град . Прополисот во пчелното друштво служи како изградбена дезинфективна материја со која пчелите ги пополнуваат пукнатините , го фиксираат сакето , ја дезинфицираат и полираат ќелијата во него и го смалуваат отворот на кошницата заради посигурна заштита од непријатели.
Прополисот е смоласта материја со сјајна темно жолта до темно зеленкаста боја. Свежиот прополис изваден од кошницата е мека леплива маса. Ако пчеларникот е лоциран во близина на борова или елова шума добиениот прополис е со темно зелена до темно црна боја. Има пријатен мирис од билните пупки , мед , восок , гочлив вкус. Многу слабо се раствора во ладна вода , малку подобро во жешка а најповеќе се раствора во алкохол.
Прополисот има сложен хемиски состав кој е уште спорен. Содржи околу 55% билни смоли , 30% восок , 10% етерични масlа , 5 % цветен прав механички примеси и друго. Во него пронајдени се флавоноиди , органски киселини , алдехиди , естри , алкохоли , терпени , аминокиселини и друго.Многу компоненти на прополисот постојат во смоластата материја на билните пупки со што го потврдува неговото билно потекло .
Во прополисот се најдени и следните аминокиселини : аспаргинска , аргинин , аланин , валин , глутаминска , серин , триpтофан , фенилаланин , леуцин , лизин , хистидин , пролин , треонин , метiонин. Ги содржи следните витамини : Б1 , Б2 , Е , Ц и следните минерали бариум , алуминиум , железо , калциум , силициум , фосфор, манган , олово , циркониум , бакар , цинк , сребро , кобалт , титан , магнезиум и калиум .
Многу истражувачи добро го проучиле и го потврдиле антибактериското дејство на прополисот во однос на следните бактерии : стрептокока – бела , златна и лимоностo жолта , стафилокока , салмонела , бацилус антракс и др. Прополисот поседува една голема и значајна особина – бактериите не можат да се адаптираат према него. Освен то тој не е и токсичен , не ja оштетува нормалната цревна флора и не поседува дисбактериоза.
Во светската литература многу категорично е обрнато внимание на антимикотичните својства на прополисот , кои делуваат на разни врсти гливични заболувања на кожата ова дејство е посебно изразено према кандида албиканс , епидермофитон...
Прополисот има дејство и против зрачење т.е. како лековито средство за оштетувања произлезени од зрачењето. Така за внатрешна употреба се користи прополисов алкохолен екстракт , а за надворешна употреба на оштетените места се става тенок слој од прополис. Прополисот има и цитостатиcка способност при канцерогени и туморните состојби. Прополисот за надворешна употреба на кожата се става слој од прополис дебел до 3 мм , се прекрива со полиетиетилен и се заврстува со завој јкој се менува секој трет или четврт ден , а за внатрешна употреба болните го добиваат треипати дневно екстрат од прополис. Флавоноидите од растително потекло во прополисот се главна,активна тераписка супстанца,која се препорачува за лечење на преку 40 заболувања. Главните ефекти делуваат на капиларниот систем, циркулација на крвта, има вазодилаторно и хипотензивно дејство, диуретичен и холеретичен (делува на лачењето на жолчката) ефект. Добро делува и на жлездите со внатрешно лачење: штитната жлезда, панцреас , надбубрежна жлезда ... Има и позитивен ефект кај лечење на разни облици на дерматитис , дерматоза , воспаление на мокрацните патишта , заболување на простатата , рани и др . Прополисот широко се применува и за лечење на трауматски,термички и хемиски изгореници.
Кај гнојни и воспалени рани прополисот има антибактериско дејство , го менува бактерискиот пејсаж и на тој начин ја поништува патогената флора и го ослободува оштетеното место од токсичното дејство . Прополисот делува на микро организмите послабо од антибиотикот но не е токсичен како него , не прави резистентност према бактериите , а кај внатрешната примена не ја оштетува нормалната цревна флора . Ако се зема комбинирано со антибиотик се зголему нивната против микробна активност . Важна особина на прополисот е дека бактериите неможат да се адаптираат према него.
Прополисот локално применет ја намалува болката и има анестетичен ефект . Под неговото дејство третираното дејство останува безболно и неосетливо. |
|
ЦВЕТЕН ПРАВ - ПОЛЕН
Тоа се машки полни келии на цветоносните билки . Поленот е составен од целулоза 10 -15% , киселински фракции 10% и масти 55 - 65% . Во внатрешниот слој содржи протеин и пектини , јагленохидрати масти , витамин , микро елементи , ензими , хормони и др . Во поленот се најдени и следните амино киселини : аргинин , иизолеуцин , хистидин , леуцин , лизин , метионин , аланин , триптофан , аспаргинска и глутаминска киселина , серин , пролин , тирозин , цистин и цистеин .
Цветниот прав ги содржи сите за човекот незаменливи амино киселини , како и следните јаглено хидрати : Глукоза , фруктоза , сахароза , арабиноза , рибоза , галактоза , стахилоза , ксилоза , декстрини и лактоза.
Цветниот прав содржи многу минерални материи : калиум , магнесиум , бакар , молибден , манган , титан , стронциум , сребро , силициум , цинк , циркониум , хром , ванадиум , калај , калциум , никел , галлиум , олово , фосфор , железо , алуминиум , бариум , волфрам , иридиум , жива , палладиум , платина . Цветниот прав е богат и со витамин : Провитамин А (каротин) , Б1 , Б2 , Б5 , Б6 , П , Х , Е , фолна и пантотенска киселина . Во составот на поленот учествуваат и пигменти . Во поленот се пронајдени преку 50 ензими кој вршат функција на биолошки катализатор во многу процеси . Содржи уште и нуклеинска , рибонуклеинска и дезоксирибонуклеинска киселина . Во него пронајдени се две интересни материи . Едната е антибиотик , а другата го забрзува растењето . Поленот има и антибактериска активност на стафилококи ,салмонелла ...
Резултатите покажуваат дека поленот собран од келиите на саќето (перга) има многу поголем квалитет од поленот собран од поленофаќачите пред самата кошница .
Причината најверојатно е во тоа што пчелите го обработуваат поленот со ензимите , и поленот помешан со медот влегува во процес на млечно - кисела ферментација . Со редовно конзумирање на цветен прав или перга многу се подобрува апетитот , забрзаното растење и развивање и долго живеење . Предноста на цветниот прав во однос на другите прехранбени производи е во тоа што во неговиот состав се присутни основните хранливи елементи : протеин , јаглени хидрати , органски киселини , витамин , микро елементи , хормони и др .
Посебно добро делува на болестите како : хроничен колитис , нередовна столица , кај дијареа каде што официјалната терапија не помогнала , во лекување на простатата , за лекување на разни заболувања на тенкото и дебелото црево , кај лекувањето на дијабетесот бидејќи предизвикува и мало зголемување на инсулинот , кај атеросклероза , срце и крвни садови анемија , гушавост ... Исто така содржи компоненти кои спречуваат излив на крв во мозокот , перде на окото . Пергата добри резултати дава кај реконвалесцентите после тешки заболувања , се користи кај лечење на дерматолошки заболувања припремено во вид на крем . Можни се и маски на кожата на лицето кое постанува меко , мазно и еластично , а се користи и со жолчка , белка , пивски квасец , мед , овошни сокови и др . Поленовиот прав успешно се применува кај болни од депресија , малаксаност , алкохолизам , цироза , хепатопатија ...
|
|
|
|