Мени
Семиња
 

Сончогледово семе

Содржат целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс.

Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржат: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.

Семето прелиено со вода се користи за подобрување на работата на бубрезите и ублажување на воспаленијата на мочните канали. Исто така овие семки се корисни и против кашлица и главоболка. Заедно со производите од соја можат да ги задоволат дневните потреби за протеини кај вегетаријанците.

Употреба: сирови или сомелени сончогледовите семки на Виталиа можете да ги користите за појадок во оброк од житни снегулки или мусли. Додадете ги во билни зачини и употребете ги како прелив за пица и печени јадења. Целите семки можете да ги додадете како декорација во печивата.

     
 

Семе од тиква

Содржат 43% полинезаситени масни киселини и тоа линолна (омега 6) и 14% полинезаситена линоленска киселина (омега 3), 36% мононезаситени масни киселини и 8% заситени масни киселини, 24% протеини, јагленихидрати, од минерали: цинк, калиум и железо, од витамини- Б група.

Масните киселини се неопходни за добар вид, концентрација, регулирање на нивото на холестерол во крвта, за добар имунитет и активен метаболизам. Омега 3 и омега 6 масните киселини присутни во семето од тиква исто така се неопходни при диети и постови, ја чистат кожата и го штитат срцето.

Употреба: 50гр. семки од тиква задоволуваат 1/2 од дневните потреби на аминокиселини кај возрасен човек со просечна тежина. За здрави бубрези и простата јадете 200-250 гр. свежи семки од тиква истолчени и помешани со мед. Може да се консумираат цели или сомелени во млин за кафе или пак да ги додадете во оброк од житарки, мусли, пецива со што значително ќе ја збогатите нивната хранливост и вкус.

     
 

Интегрален сусам

Содржи 43% полинезаситени масни киселини, 43% мононезаситени масни киселини и 12% заситени масти. Богати се со протеини, ги содржат сите есенцијални аминокиселини особено метионин.

Во семките постои една посебна состојка именувана како сезамин кој го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, калиум и железо (во споредба со месен нарезок концентрацијата на калциум е 20 пати поголема, а концентрацијата на железо е 3 пати поголема). Се смета за лековита храна која може да го успори процесот на стареење.

Употреба: Сусамовите семенки можете да ги консумирате како додаток во салати, варива, житни снегулки, печења, пецива, леб, колачи со што ќе го подобрат вкусот и аромата. За да се искористат сите хранливи состојки присутни во сусамот, пред употреба семките да се згмечат или сомелат. Во спротивно целите сусамови семенки ќе поминат низ дигестивниот тракт без да се искористат. Сладокусците од сусамот можат да направат и млеко кое е одлична замена за кравјото млеко и тоа на следниот начин: 1 шоља интегрален сусам се миксира со малку вода, постепено се додава до 800мл. вода. По желба може да се додаде ванила, а како засладувач мед или малтекс.

     
 

Ленено семе

Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.

Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земата по две лажици дневно.

Употреба: Лененото семе треба да го употребувате сомелено бидејќи на тој начин можете да ги искористите неговите лековити својства. Можете да го додадете во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или пецива.

     
 

Енергетска мешавина

Мешавина од печени и посолени зрна за грицкање. Состав: печена соја, лупени семки од сончоглед, лупени семки од тиква, морска сол.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 100g
Енергетска Вpeдност 487,1kcal
Масти 32,2g
Вкупни јаглехидрати 37,8g
Диетални влакна 4,4g
Протеини 32,8g

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.