Мени
Статии на различни теми
 

Рибата ги намалува симптомите на воспалението

Ако имате болка при ревматоиден артритис, јадете риба. На пример лососот и скушата се исклучително богати со Омега  3 масни киселини. Тие освен  што и чуваат вашите зглобови, го смируваат воспалението на зглобовите кај ревматоидниот артритис. Не сакате риба ? Обидете се со капсули со рибино или ленено масло.

 


Заштитете ги со правилно држење на телото

Седете и стојтесекогаш исправено.  Правилното држење на телото ги штити вашите зглобови од вратот до колената. Еден од начините да поработите на правилното држење е прошетката. Колку побргу одите толку вашите мускули се повеке се трудат да го одржат телото во исправена положба. Со пливањето се постигнува истото. Исто така мислете на вашите зглобови при кревање и при носење товар. Товарот носете го на рамена, а не на раце за да не ги оптоварите поголемите мускулни групи и поголемите зглобови.


Глукозамин и хондроитинот при остеоартхритис на колената

Глукосаминот е природна хемиска состојка на рскавицата на зглобовите. Испитувањата покажале дека глукосаминот  заедно се хондроитинот ја ублажува средната до силна болка предизвикана од остеоартритисот на колената. Многу добри резултати се добиваат и со метилсулфонилметан (мсм) т.е се покажал како ефикасен во одредени случај и неговата сигурност и ефективност до крај не се докажани. Некои се обидуваат со ѓумбир и лен.


Сокот од цвекло како еликсир за долговечност

Новите истражувања покажуваат дека еликсирот на долговечноста можеби се крие во сокот  од цвекло, кои им овозможува на лиѓето да живеат активно на постара возраст.
Со текот на годините многу процеси во организмот стануваат побавни, со што се отежнува извршувањето на многу од нив. На пример , се намалува количеството кислород во крвта, па поради тоа и одењето претставува голем предизвик. Експертите велат дека решението за постарите лу”е велат дека е сокот од цвекло, кои им овозмужува поголема активност и издржлуивопст. Забележано е дека состојки од сокот од цвекло, посебно нитратот, влијаат на мускулите така што тие трошат помалку кислород од крвта, кој е потребен за каква било физичка активност.

Повеќе
Се наведува и дека сокот од цвекло го намалува притисокиот и овозможува подобра циркулација бидејќки ги шири крвните садови, тоа овозмужува поактивен живот.
При појава на киселини-режим на јадење
Млекото и млечните производи треба да се избираат што се со помала маснотија. Се советува јогурт со помала маснотија, кисело млеко, младо сирење ...
Препорачуваме месо со помалку масти и без сланина, пилешко или мисиркино месо (без кожа). Јајцата да се јадат ровки или кајгана без многу преливи, сол и зачини. Добро е во исхраната да се користи и риба (бела риба) без многу силни зачини и преливи и без лимонов сок.
житните зрна може да се јадат и во интегрален облик, освен ако се заклучи дека лушпите кај пациентите предизвикуваат киселини, како и тие од компирот и од мешунките,
Може да се јадат сите видови зеленчук, осверн оние што пресдизвикуваат гасови или се премногу кисели. Овошјето треба да се јаде зрело, а не кисело. Корсино е да се јаде пасирано или печено овошје, а компотот е добар за органите за варење.
Да се избегнува: полно масно млеко и полно масни млечни производи, силни сирења и масни павлаки, треба да се избегнуваат бидејки предизвикуваат киселина. Особено треба да се избегнуваат зачинети и силно запржени месо и јадења, сланина, зајачко месо, месни преработки, внатрешности, тврдо варени јајца, солена риба и лути сосови.
Свеж и жежок леб треба да се избегнува бидејки покрај киселина предизвикува и надуеност. Од зеленчукот треба да се избегнуваат: домати, зелка, карфиол, прокељ, кромид и пиперки. Киселото овошје особено го погодува развојот на киселина: зелено овошје, нездрело овошје,кисело овошје (лимон и сок од лимон), кандирано овошје, овошје прелиено со шекерен сируп: треба да се избегнуваат кафе со кофеин, силни чаеви(особено чај од нане), пијалоци од чоколадо, газирани напивки а особено алцохол. За да немате повремени киселини, слатките треба да се прескокнат, особено тортите, колачината и пеперминтот, Има продукти кој можеме повремено да ги јадеме: полномасно млеко и млечни производи, сутлијаш, миклшејкови, полномасно месо, сина риба, мусли, житни зрна со малку шекер или мед, сокови кој не се кисели, овошје од кпмпот, сладолед, суво овошје, благи пити со овошје.


Алкохолот го уништива и панкреасот

Се смета дека најчест предизвикувачки фактор на хроничниот панкреатит и континиурантотом пиење алцохол. Познато е дека алкохолот има тоскично дејство на клетките кој лачат енизми и како последица на тоа доаѓа до зголемена концетрација на инзимските протеин во панкреасниот сок, кој се таложат во одводниите канали на панкреасот. Така се создаваат протеински чепови, кој подоцна калцифицираат и стануваат панкреасни камчина.
Поради токсичното дејство на алкохолот, доаѓа до постепено разорување на жлездениот паренхим, кој полека се заменува со сврзливо ткиво, што ги зафака и одводните канали на панкреасот.

Повеќе
Од една страна, затнувањето на одводните канали со протеински чепови доведува до забавена елиминација на панкреасниот сок , а од дфруга страна сврзливот ткиво го зафака делумно и одводниот канал на панкреасот. Така се создаваат делумни стеснувања со делумни проширувања на главниот панкреасен канал, кој личи на бројаница.
Прво треба да се забрани понатамошната употреба на алцохол, како и лута и масна храна. Има случаи кога по апстиненција од алцохол и по примена на дијатален режим кај над половина болни со хроничен панкреатид доага до исчезнуванје т.е до смирување на хроничната болка. Ако болните имаат проливи, треба да се направи кореквија во режимот на исхарана-да се зголеми внесувањето јаглеродни хидрати и белковини, а да се ограничат животинските масти.
Алкохолот е тивок убиец, кој освен панкреасот ги оштетува и желудникот и дванаесет прсното црево , а најмногу страда црниот дроб од цироза.
Кога сте решиле да пиете алкохол секогаш пиете на полн стомак, затоа што полниот стомак ја забавува апсорпцијата на алкохолот и му дава на организмот повеке време за да ги сузбие токсичните материи.
Секогаш испијте по една чаша вода мегу два алкохолни пијалака-тоа на организмот ке му овозможи да задржи доволно течности. Да се земат при тоа и мултивитамини за да не дојде до загуба на витамин покрај зачестеното мокрење.
Пијте умерено,што значи еден алкохолен пијалак на еден час,затоа што на организмот толку му е потребно да го свари.
Конзумирајте само еден вид пијалак цело време. Никако не мешајте различни. Мешањето пијалаци го присилува организмот да работи многу понапорно.
Земањето големо количество вода пред спиење е ефективен начин за спречување на симптомите на дехидрација, кои го чуствувате утрото потоа. Водата пред спиење ке ви помогне во плакнењето на алкохолот од вашиот систем.

Алкохолот ги разболува мускуилите

Влијае на хормонот за раст-голем проблем во врска со консумирањето алкохол е неговот влијание врз излачувањето на хормонот за раст. Хормонот за раст е соединиение во телото кое игра многу важна улога кога се работи за изградба на мускулите, го стимулира растот и развојот на другите клетки и обезбедува оптимален раст на коските.

Повеќе

Кога нивото на овој хормон е ниско, мускулите не се равиваат еднакво како кога е на оптимално ниво. Хормонот за раст во голема мера се излачува во текот на првите часа од спиењето во текот на ноќта, а бидејки алкохолот има тенденција да му пречИ на природниот ритам на спиење, тој го намалува и количеството на овој хормон. Намалувањето може да биде до 70%така што навистина ќе се направи краток спој во напредокот кој може да го постигнете.


Токсичност за тестостеронот- следен ефект кој треба да се земе предвид е влијанието на алкохолот врз тестостеронот. Како што веројатно знаете, тестостеронот е уште еден важен хормон поврзан со изградбата на мускулите и причина зошто мажите имаат поголема мускулна маса од жените. Од друга стана, кога конзумирате алкохол, во црниот дроб се произведува супстанција која е токсична за создавање на тестостеронот. Таа го намалува нивото на тестостерое во телото, што резултира со помала мускулна маса.
Диуретичко дејство- дехидрацијата е уште еден проблем на кој треба да внимавате ако одлучите да пиете алкохол додека вежбате и се обидувате да добиете мускулна маса.Бидејќи алкохолот дејствува како диуретик во телото,ако не ја надоместите изгубената течност со вода или некој друг безалкохолен пијалак кој не содржи кофеин, вашата природна рамнотежа на вода во телото ќе биде нарушена.


Стресот ги зголемува шансите да настинете

Се смета дека стресот е еден од предизвикуважките фактори бидејќи луѓето кои се постојано изложени на него произведуваат многу повеќе кортизол (хормон на стрес), чија задача е да го спречи приозводството на цитокин, молекул кој поттикнува агресивни реакции на имунитетот. Ако имате премногу кортизол, овој процес може значително да ги зголеми шансите да настинете.
Затоплувањето не може да ве заштити- изложувањето на ладно нема никаква врска со настинката.Настинките се почести во текот на есента и на зимата само затоа што ладното и влажно време ги тера лугето да останат во затворени простории, а таму вирусите се шират најлесно.  Најголем број луге настинуваат во септември и во јануари.