Умебоши сливите се берат во месец Јуни, па потоа се ставаат во глинени тегли со морска сол.
Плодовите секој ден се вадат со одредени внимателни движења и се местат на тој начин да секоја страна биде изложена на сонце, а навечер се враќаат во теглите внимателно ред по ред. Целиот процес се повторува со денови сé додека не добијат одредена влажност. Во следната фаза теглите се затвораат со тежок поклопец и таквите драгоцени сокови од сливите полека излегува и се создава умебоши оцет кој што е многу лековит како и ферментирани сливи. Процесот на создавање трае и до пет години.
Против стомачни тегоби- ферментираните умебоши производи ја менуваат ph вредноста во крвта и создаваат отпорност на организмот на грип и настинки, а делуваат и многу лековито и кај стомачните тегоби и мачнини при патувањето. Кога внесуваме многу шеќер во организмот, сокови, овошје... во нашиот организам се зголемува киселоста, а ваквата состојба делува на развојот на бактерии, вируси, габички. За да би го вратиле балансот, нашето тело зема минерали, па така умебоши сливите се производи кои го овозможуваат тоа.
Природен антибиотик- Умебоши сливите се богати со минерали и белковини. Содржат многу железо, калциум, фосфор, витамин Б1, Б2... Имаат антисептичко и антибиотичко дејство. Содржат голема количина на лимонска киселина, која е со многу поголем квалитет и содржи поголема количина на витамин Ц од лимонските киселини во самиот лимон. Лимонската киселина ја чисти маста на црниот дроб, помага на неговото функционирање и на тој начин врши детоксикација на организмот. Природните ензими го регулираат варењето и функционирањето на желудникот.
Умебоши сливите му овозможуваат на организмот да:
- Ја прочисти крвта и постигне идеална алкатностph 7.35,
- Ја неутрализира киселоста на крвта при прекумерното користење на шеќер, алкохол,
- Го чисти телото од токсините,
- Ги смири воспаленијата како што се грипот и настинката,
- Го регулира варењето и здравата функција на желудникот,
- Го стимулира и помага функционирањето на црниот дроб и бубрегот,
- Ја зголемува виталноста да организмот се релаксира и подмладува,
- Го забавува стареењето,
- Ја лекува главоболката и го намалува заморот и
- Се препорачува во случаи на труење со храна.
Сливата Умебоши е многу лековит додаток во исхраната, најмногу популарен во Јапонија. Таа е ферментирана слика со сол и шизозачин, па затоа има истакнат солен и кисел вкус. Сливата Умебоши е богата со минерали и белковини. Содржи многу железо, калциум, фосфор – повеќе од било кое друго овошје. Содржи и витамини Б1, Б2, нијацин. Има антисептично и антибиотско дејство. Содржи голема количина на лимонска киселина, која е со подобар квалитет и со поголем процент на витамин Ц од лимонската киселина што ја има во лимонот. Лимонската киселина го чисти црниот дроб од маснотии, помага за правилна работа на истиот и на тој начин врши детоксикација на организмот, чистејќи го од вештачките хемиски материи. Природните ензими кои ги содржи сливата, го регулираат варењето на храната и работата на желудникот.
Ферментираниот производ Умебоши ја менува pH вредноста од кисела во базна на тој начин создава поголема отпорност на организмот на грип и настинка, а делува многу лековито кај стомачни проблеми и мачнини при патувања. Кога вмесуваме премногу шеќер во организмот преку сокови, слатки, чоколади и слично, киселоста на вашиот организам се зголемува. Ваквата состојба го поттикнува развојот на бактерии, вируси и габични инфекции. Сливата Умебоши лесно ја враќа базната состојба во организмот. Затоа, доколку консумираме премногу шеќери, сливата Умебоши мора да биде на вашето секојдневно мени.
Лековитите својства на сливата Умебоши
- Ја прочистува крвта и постигнува идеална алкалност на крвта
- Врши детоксикација на организмот
- Го регулира варењето и помага за правилна работа на желудникот
- Ја ништи хеликобактер пилори во желудникот
- Стимулира и помага за правилна работа на црниот дроб и бубрезите
- Го забавува стареењето поради големото антиоксидациско дејство
- Ја зголемува виталноста на организмот
Начин на подготовка:
Умебоши сливата се користи како солен зачин во подготовка на јадења со житарици и мешунки за подоготовка на сосови и варива. Семките можете да ги користите како зачин, за во супа или при готвење на зеленчук. Сливата Умебоши можете да ја најдете и во паста, а има и оцет кој е добиен од истата.

|