Мени
Витамини и минерали

ОСНОВНИ ДОДАТОЦИ

Витамините и минералите се основен додаток во исхраната. Се сметаат за есенцијални суспстанции, тоа значи дека нашето тело не е во состојба да ги произведе. Затоа потребно е да се внесат преку исхраната, што е скоро невозможно во градски услови на живеење. Така и настанале суплементите кои го надокнадуваат недостатокот на овие повеќе од важни состојки. Витамините и минералите учевствуваат во во сите процеси во организмот. Ќе издвоиме само неколку: создавање на добро здравје, јачење на имунолошкиот систем, потпомагање на мускулниот раст и правилно согорување на мастите, го регулираат метаболизмот, го стимулираат процесот на ослободување на енергија од сварената храна...
Ultimate Nutrition, според многу истражувања го понуди убедливо најдобриот комплекс на витамини и минерали. Во списанието Sport Supplement Review – чиј што сопственик е Бил Филипс – главниот човек заслужен за успехот на фирмата EAS, кој што супер комплет формула ја стави убедливо на првото место меѓу сите мултивитамински препарати на светскиот пазар. Независното истражување на еден од највлијателните спортски списанија – Muscle Mag – гласи вака: дека покрај супер комплет формулата на Ultimate Nutrition само уште две фирми можат да заслужат титула најдобри: тоа се Parillo и Beverli International.
Мораме тука да нагласиме дека супер комплет формулата не е најдобра затоа што има силни дози, туку затоа што витамините, минералите и другите елементи се добиени од убедливо најчистите и најприродните суровини.
Сите неупатени ќе се изненадат кога ќе ја видат препорачаната доза за супер комплет формула, која гласи 3 пати по 3 таблети дневно, значи вкупно 9 таблети, но се испостави дека тоа е единствен начин да се внесе се што треба во прави дози. Тајната е во балансот. Освен супер комплет формула на пазарот се наоѓа уште една мулти витаминска формула, на Ultimate Nutrition, тоа е Daily Complete Formula која е по составот нешто послаба.

SUPER COMPLETE FORMULA
Прогласена за најфобра витаминско минерална формула

Се препорачува на спортисти а посебно на оние кои што имаат екстремни напори. Основен додаток во исхраната. Исто така се препорачува на сите оние кои што мораат да внесат поголемо количество витамини, минерали како и ензими поради претренираност или болест. Оваа формула е многу применлива во периодите кога владее грип, разни вируси, подобра апсорпција на храната, регулирање на метаболизмот, стресни ситуации, зголемување на имунитетот.

Начин на употреба: од 3 до 9 таблети дневно, да се распоредат со 3 оброци

......................................................................................................................................

Q10
Чувар на срцето

Медицинските испитувања покажуваат дека со текот на годините нивото на Q10 во организмот опаѓа. Најголема концентрација на Q10 се наоѓа во срцевото ткиво. кога ќе дојде до недостаток на Q10 во организмот, срцевиот мускул слабее и се јавува пореметување во ритамот. Истржувањата во јапан покажаа дека со дополнително земање на овој супплемент се запира процесот на опаѓање на Q10 во организмот. Срцето со секојдневната работа трпи големи оптеретувања, Q10 е едно од решенијата како дам у се помогне да ја продолжи напорната работа. Овој додаток во исхраната е познат и како моќен антиоксидант кој што го спречува штетното влијание на слободните радикали, со тоа и го успорува процесот на стареење на организмот. Исто така го стимулира имунолошкиот сѕстем. важно е да се нагласи дека за да се постигнат овие ефекти, дневно потребно е да се внесе минимум 100мгQ10.
Овој додаток ја наоѓа својата улога и во произведувањето на енергија затоа што се наоѓа во митохондриите-мали ќелијски станици-кои што целиот живот произведуваат енергија за телото. Кога нивото на Q10 ќе опадне во митохондриите, поголемиот број од органите остануваат без доволно енергија. состојбата на организмот значајно се влошува, ако се бараат додатни активности од телото, како што се физички напори и тренинзи.

Начин на употреба: од 100 до 200 мг дневно.
Состав
: една капсула коензим Q10 содржИ 100 мг.

Цена:

......................................................................................................................................

DAILY COMPLETE FORMULA
Силна класична формула

Daily complete formula влегува во група на формули како што се вели жаргонски – Граѓански - мултивитамини и минерали. Значи, оваа формула ги задоволува потребите на сите луѓе, освен потребите на врвните спортисти и натпреварувачи, кои што сепак ќе посегнат по Daily complete formula.

Начин на употреба: од 3 до 6 таблети, да се распореди со три оброци
Цена:

......................................................................................................................................

D H E A
Дехидроепиандростерон - хормон на младоста

ДХЕА  е адренален прецурсор-претходник на природните хормоне кои што се ствараат во организмот: тестостероне, андростерон и естроген. Со неговото излегување предизвика револуција во однос на продолжувањето на младоста и животниот век, подобрување на општата состојба на организмот и квалитетот на животот. Исражувањата покажаа дека ДХЕА управува со маските хормони постигнувајќи добри резултати кај средновечни и постари испитаници, но и кај помлади кои што се бават со бодибилдинг и имаат за цел да ја зголемат чистата мускулна маса со природно подигање на нивото на тестостерон.
Враќањето на нивото на ДХЕА на рамништен а триесетгодисници, драстично ја подобри психичката и физичката состојба кај мажи и жени постари од 45 години, а тоа подразбира: зголемување на енергетското ниво, зацврснување на мускулатурата, намалување на телесните масти, подобрување на концентрацијата и имунитетот, подобрување на либидото, намалување на болови во коски и зглобови. Потполно е безбеден , дури и во поголеми дози. Повеќе од 50% од хормоните кои се произведуваат кај воздрасните мажи и повеќе од 75% кај жените т. е. сите 100% после менопауза, се создаваат од ДХЕА.
Затоа, ДХЕА не се препорачува само на спортисти за подобрување на мускулатурата туку и на воздрасни мажи за освежување и подмладување на телото, исто така и на жени во пред и пост-менопаузниот период.
За маски особи кој што се бават со бодибилдинг се препорачува во комбинација со Трибулус Терестрис.
Не се препорачува на особи со канцерогени состојби.

Начин на употреба: 1 капсула дневно 50мг со оброк. или препорака на стручно лице.
Цена:

......................................................................................................................................

OMEGA3
Рибино масло, заборавениот извор на здравје

Омега 3 е препарат кој многу благотворно влијае на срцето. На истражувањето спроведено на 11 323 пациенти кои преживеале инфаркт утврдено е дека рибиното масло ја смалува можноста за повторен срцев удар. Научниците првите позитивни резултати ги откриле после 90 дена од испитувањето. Со тоа е одбранета тезата дека рибиното масло го смалува ризикот од смртоносна аритмија и испрекинато работење на срцето, исто така рибиното масло го зголемува нивото надобриот холестерол, оној кој што ги симнува масните наслаги од ѕидовите на крвните садови и на тој начин овозможува непречен проток на крвта и смалување на триглицеридите. После овие резултати Американската Здравствена Асоцијација ги советува сите кои имаат срцеви потешкотии или некој од фамилијата ако имал проблем со срцето, да јадат риба 2 или повеќе пати неделно, или секојдневно да земаат рибино масло во капсули.

Зошто да се земе Omega 3 токму од Ultimate Nutrition?
Затоа што Ultimate Nutrition сите свои производи ги прави по стандардите на Соединетите Американски Држави, кои што имаат највисоки стандарди во производство на суплементи и заштита на потрошувачите.
Начин на употреба: Една капсула 3 пати на ден со оброк.
Пакување: 100 софт гел капсули – една капсула содржи еден грам рибино масло, ЕПА 180 мг, ДХА 120 мг и останатите Омега 3 масни киселини 40 мг.
Цена:

......................................................................................................................................

ANTIOXIDANT
Го подобрува и штити телото од отрови

Силно, здраво и витално тело во себе не содржи отрови. Еден од најопсаните загадувачи на организмот се добро познатите „слободни радикали“. Кои доколку се премногу во организмот нанесуваат штета на ќелиите и на тој начин настанува оштетување на целиот телесен систем.
Каде е решението?
Анатиоксидантите го штитат организмот од штетата која ја прават слободните радикали и го поттикнуваат организмот да започне да ги исфрла отровните отпадоци кои што се таложени во телото со години. Секако за да имате потполн ефект на ослободување на штетните материи морате малку повеќе да се запознаете и со здравата исхрана.
Тешките тренинзи произведуваат слободни радикали во телото
Напороното вежбање ја зголемува телесната продукција на слободни радикали кои што може да предизвикаат оштетување на мускулите кое што се манифестира со подуеност и болки. Спортистите кои што тренираат интензивно би требало да внесуваат додатно анти оксиданти преку суплементација, затоа што во спротивно со напорните тренинзи го ослабуваат имунолошкиот систем и на тој начин стануваат жртви и на најмали појави на вирус во нивната околина или стануваат константно слаби и уморни, а сето тоа е заради отровните материи кои што почнуваат да кружат во нивниот крвоток.

Начин на употреба: една таблета дневно со оброк
Пакување: 50 таблети

Цена:

......................................................................................................................................

ZINC (ЦИНК)
Ја зголемува отпорноста на имунолошкиот систем, спречува настинки, го зголемува бројот на бели крвни зрнца, неопходен во регулацијата на телесната тежина.
Цинкот е есенцијален елемент, неопходен како на луѓето така и на животните. Цинкот има способност на зајакнување на имунолошкиот систем и зголемување на бројот на бели крвни зрнца. Неопходен е за лечење на повреди, синтеза на протеини, чување на видот и го штити организмот од оксидативни ефекти на слободните радикали. Цинкот исто така е состојка на многу познати масти за лечење на рани. Мажите го користат кога имаат проблеми со потенцијата, а се дава и на мали деца кои се заостанати во развојот. Цинкот помага во превенција и лечење на болни настинки, инфекции и ноќно слепило, помага во апсорпција на минералите, што значи дека може да помогне во превенција од остеопороза помагајќи му на телото да апсорбира калциум. Цинкот го подобрува здравјето на косата и кожата.
Цинк во спортот
Во текот на регенерацијата на мускулите поради микро расцепување на ткивото што се случува како резултат на напорните тренинзи, телото на спортистот бара поголема количина на витамини и минерали вклучувајќи го и цинкот. Дури и мал дефицит на цинк може да доведе до здравствени проблеми, како што е слабеење на имунитетот што е обично предуслов за вирусни настинки. Со вежбање спортистите губат цинк од својот организам а сериозен дефицит може ги загорози мускулните функции. Испитувањето извршено кај мажи спортисти со ниско ниво на цинк во крвта покажа дека со додавање на само 20 мг. дневно се подобрува флексибилноста на црвените крвни зрнца во текот на вежбањето, што доведува до подобар проток на крв во мускулите.

Начин на употреба: 1 таблета на ден.
Состав: една таблета содржи 30 мг цинк (цинк цитрате и цинк сулфат)
Пакување: 120 таблети.

Цена:

 

ВИТАМИНИ

 ВИТАМИН Б1 (тиамин) – растворлив е во вода, како и сите витамини од Б- групата вишокот се излачува, а не се складира во телото. Најдобро делуваат кога се сите Б витамини заедно, а не пооделно. Потребно е зголемување на дозата за време на болест, стресс и операција. Витаминот Б1 го унапредува растот, го помага варењето, особено на јагленитехидрати, ја подобрува менталната состојба, го чува нервниот систем, мускулите и срцето да функционираат  нормално, ослободува од дентална постоперативна болка, помага во третманот  на херпес зостер. Недостаток од Б1 доведува до Берибери. Извори на Б1 се: сув квасец, лушпа од ориз,оброк од овес, кикирики, свинско месо, поголем дел од зеленчукот, трици, млеко. Ако сте пушач, алкохоличар или консумер на многу шеќер, ви треба повеќе Б1. Ако сте бремени, доите или земате повеќе апчина,ви треба повеќе од Б1 витаминот.

ВИТАМИН Б2 - (рибофлавин) - познат е како рибофлавин, растворлив е во вода Б2 не се складира и  тој мора да се зема секојдневно како  и другите Б витамини. Рибофлавинот,за разлика од тиаминот, не се уништува со топлина, оксидација или со киселина. Поголеми количества се препорачуваат за време на бременост или лактација и во стресни ситуации. Важен е за обнова на ткивото, оксидација на аминокиселините, синтеза и оксидација на масни киселини и оксидација на глукозата, игра улога во метаболизмот на тиреоидниот хормони, кој влијае врз нашиот метаболизам и производството на енергија. Есенцијален е за растот и општото здравје, за здрави очи, кожа, нокти и коса. Недостаток од овај витамин резултира со закрвавени очи, воспаление на устата, болен жежок јазик, пукнатини  на усните и на краевите од устата, слаба или мрсна коса, предвремени брчки на лицето и рацете, егзема, распукани нокти и знаци на стареење како и “исчезнување” на горната усна. Може да биде причина за пореметување како што се: себореја, анемија, вагинален јадеж, актаракти и чиреви. Извори: сирењето, јогуртот, јајцата, месото, живината и рибата, бубрезите, црниот дроб, гравот и спанаќот, авокадото, рибизлите, аспарагусот, брокулите, оревите, сите житарици, пивскиот квасец, пченичната клица, бадемите, семето од сончоглед, лиснастиот зеленчук. Токсичност – непозната.

ВИТАМИН Б3 (ниацин) – важен е за одржување на здрава кожа и правилно функционирање на гастроинтестиналниот тракт и нервниот систем. Тој е есенцијален за правилен метаболизам на протеините и јагленохидратите, помага за одржување на здрава кожа, може да штиити од мигрена, ги шири крвните садови и го зголемува протокот на крв кон периферниот капиларен систем. Често се препишува во случај на ладни стопала и раце. Во мега дози, ниацинот е успешно користен во третманот на шизофренијата. Го намалува крвниот притисок и нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта. Помага при улкус и “лошиот здив”. Недостаток од Б3 може да предизвика обложен јазик,иритабилност, нервоза,рани на кожата,дијареа,заборавеност,   несоница,хронични главоболки,дигестивни пореметувања,анемија. Силен, пролонгиран недостаток може да предизвика дерматитис, дијареа и деменција, неурастенија, ментални пречки, депресија, ментална тапост, дезриентација и ментално заболување. Витаминот Б3 се наоѓа во говетското и свинското месо, црниот дроб, бубрезите, рибата,млекото,сирењето, квасецот, житариците,  компирите јајцата, брокулите, доматите и морковите (често е присутен и во форма која не може да се апсорбира). Токсичност -непозната.

ВИТАМИН Б5 (пантотенска киселина) - игра важна улога во размената на мастите,јагленохидратите, протеините и за добивање на енергија. Потребен е за метаболизмот на кожата, слузниците за растот и бојата на косата, за создавање на антитела, за нормална функција на надбубрежната жлезда. Се применува при состојби на зголемен метаболизам, инфекции, зголемена температура.
       -Помага во изградбата на клетките, го одржува нормалниот раст и развој на центравниот нервен систем.
-има значајна улога во трансформацијата на мастите и на шеќерите во енергија.
-вежен е за правилно функционирање на адреналните жлезди.
-неопходен е за синтеза на антителата.
-помага во зарастувањето на раните и во лечењето од постоперативен шок.
-го спречува заморот, го намалува неповолниот и токсичен ефект на многу антибиотици.
      Недостигот од овај витамин може да предизвика појава на хопогликемија, чир на дванаесетпрсното црево, заболување на кожата и на крвта, косата, слузниците.
      Најдобар природен извор на овај витамин се интегралните житарки, пченичните никулци, триците, пивскиот квасец,зелениот листест зелечук, јаткастите плодови, месото, јајца, млеко.
СОВЕТИ: ако често имате студени раце и стапала, внесете поголеми количини од овај витамин во комбинација со останатите витамини од Б - комплексот.
-во случај на алергии исто така се препорачува да се земаат по 1000 мг витамин Б5 и витамин Ц.
-овај витамин може да ви помогне да се одбраните од стресни ситуации.

ВИТАМИН Б6 (пиридоксин) - е еден од најесенцијалните, широко користени витамини во организмот. Како коензим Б6 учествува во на 60 ензимски реакции инволвирани во метаболизмот на аминокиселините и есенцијалните масни киселини. Потребен е за правилен раст и одржување на скоро сите структури на организмот  и скоро за сите телесни функции. Растворлив е во вода. Се лачи во рок од 8 часа по консумирањето и како и другите Б-витамини треба да се замени со храна или додатоци. Мора да биде присутен заради произвотството на антитела и црвените крвни зрнца. Потребен е за правилна апсорпција на витаминот Б12 и неопходен е за произвотство на хидрохлорна киселина и магнезиум. Зависник од Б6 е нервниот систем. Важен е за оние кои патат од предменструален синдром,иритабилност,замор,болни и отечени гради, надуен абдомен, потечени прсти и зглобови, стомачна болка и болки во грбот. Витаминот Б6 ги елиминира овие симптоми кај повеќето жени. Од огромно значење е за бремените жени и доилките. Потребен е за здрава крв и крвни садови. Недостаток од Б6 може да предизвика анемија, едема, ментална депресија, кожни пореметувања, болна уста и усни, непријатен здив од устата, нервоза, егзема, камења во бубрезите, воспаленија на дебелото црево, несоница, расипување на забите, иритабилност, губење на контрола на мускулите, мигренски главоболки, заболување на старост и предвремена сенилност. Симпптомите се појавуваат на кожата и нервниот систем. Себореичен дерматитис особено околу носот, очите, веѓите, кожата зад ушите и устата, акни, челиозис и стоматитис кој се карактеризираат со болки и ранички на устата. Недостатокот е поврзан со проблемите на нервниот систем како депресија, конфузија, вртоглавица, несоница, иритабилност, нервоза, замор на рацете и стапалата дури и мозочни абнормалности и грчеви. Сите храни содржат мало количество на Б6. Најмногу содржат јајцата, спанаќот, морковот, грашокот, месото, пилешкото, рибата (особено харинга и лосос), пивскиот квасец, лешинците, сончогледот  и пченичните ‘ркулци. Потоа следат кафениот ориз и другите житарици, авокадото, бананите, зелката и гравот, сојата, дињата, млекото, жолчките од јајца, црнио дроб и кикиритките. За да не дојде до дефицит во другите Б-витамини, Б6 треба да се зема во еднакви количини со Б1 и Б2. Токсичност не е позната. Можни симптоми на преголема доза од Б6 е ноќна заморенот и премногу живи соништа.

ВИТАМИН -  Б12     - ефективен  е  во  мали  дози, за  време  на апсорпцијата треба да се комбинира со калциум бидејќи во таков случај подобро се искористува од организнот. Препорачлива доза за воздрасни е 2 микрограми, 2,2микрограми за трудници и 2,6 микрограми за доилки. Асорпцијата на овај витамин е полесна кога имате здрава тироидна жлезда.
-Учествува во формирањето и регенерирањето на црвените крвни клетки, што значи дека штити од анемија (слабокрвност).
-Го помага растењето и го зголемува апетитот кај децата.
-Ја зголемува енергијата.
-Го возможува правилното фукционирање на нервниот систем.
-Ја ублажува состојбата на раздразливост.
-Ги подобрува концентрацијата, помнењето и рамнотежата.
Недостигот од овај витамин може да предизвика пернициозна анемија и неуролошки заболувања.
Најдобри природни извори на овај витамин се: спирулината, морските алги, ферментираните производи од соја, црн дроб, бубрези, јајца,млеко, сирење. За вегетаријанците карактеристично е тоа што имаат недостаток од овај витамин па затоа им се препорачува спурулина.
-Во комбинација со фолната коселина витаминот Б12 претставува многу добро сретство за закрепнување.
-Б12 им помага на жените пред и за време на менопаузата, и за ублажување на тегобите во овој случај.
-За тие што пијат големи количества на алкохол, употребата на витаминот Б12 како додаток е исто така многу добра.
-Дополнително количество на овај витамин му е потребно на луѓе што консумираат многу протеини.

ВИТАМИН  Б13 (оротична киселина) - овој витамин ја метаболизира фолната киселина и витаминот Б12. Дневната доза не е востановена. Штити од одредени проблеми со црниот дроб и предвремено стареење, помага во третманот на мултиплекс склерозата. Извори на Б13 се: зеленчук со корења, сирутка, течна порција кисело млеко. Токсичност - непозната.

ВИТАМИН Б15 (пангамска киселина) - е растворлив во вода. Дејствува многу слично како витаминот Е,бидејќи е антиоксидант.                         Го продолжува животниот век на клетките, ја неутрализира желбата за алкохол, го забрзува опоравувањето од замореност, ги намалува нивоата на холестеролот во крвта, помага во синтезата на протеините, го штити црниот дроб од цироза, ги стимулира имунолошките реакции. Помага да се регулира метаболизмот на мастите, ги стимулира жлездениот и нервниот систем и е корисен во третманот на срцевите заболувања, ангината, влошената циркулација и предвременото стареење. Тој е добар детоксикатор. Недостатокот може да предизвика намалена оксидација на клетките,хипоксија,срцево заболување пореметување на жлездите и нервите. Извори се: пивски квасец, кафеав ориз, сите житарици, семе од тиква, сусамово семе. Токсичност - непозната.

ВИТАМИН Б17 (лаетрил) - е еден од “најконтроверзните витамини” на деценијата. Направен е од семка на кајсијата. Единствен Б – витамин кој го нема во квасецот. Се тврди дека има специфични својства за контрола на ракот и негова заштита. При недостаток може да доведе до намалена отпорност на рак. Најдобри природни извори се: мало количество е најдено во јадрото на кајсијата, јаболкото, црешата, праската, сливата и нектарините.

БИОТИН – е рестворлив во вода, дејствува најдобро со витамините Б2, Б6, нијацинот и витаминот А. Улогата му е за нормален метаболизам на мастите и на протеините.
-неопходен е за синтеза на аскробинската киселина.
-го спречува побелувањето на косата, се употребува при третман за превенција од ќелавост.
-ги ублажува болките во мускулите, ја одржува здравата кожа.
-ги ублажува егземите и дерматитисот,антисептик.
-се користи при третман на маларија.
Недостигот од овај витамин може да предизвика појава на егземи на лицето и на телото, првут, губиток на коса, кожни  пореметувања како што е бледило, срцеви неправилности, воспаленија на белите дробови, анемија, краен замор, конфузија, дремливост и халуцинации, себореичин дерматит кој најчесто се среќава кај бебињата, голема исцрпеност, нарушување на метаболизмот на мастите, анорексија, депресија. Недостаток на биотинот резултира и во гадење, вкочанетост и висок холестерол во крвта.
Најдобри природни извори на овај витамин се: соиното брашно, пивскиот квасец, интегралниот ориз, жолчката од јајце, млекото, сирењето, морската риба, бубрезите, пилешкиот, јагнешкиот, свинскиот, говедскиот, телешкиот црн дроб, оревите, овошјето,
СОВЕТИ: - ако сте под антибиотска или сулфонамидска терапија, настојувајте да земате барем 25 микрограми дневно.
-да се зема за време на бременоста.
-на луѓе на кои им паѓа косата додатокот на биотинот може да го пролонгира тој процес. Токсичност – непозната.

ХОЛИН- заедно со инозитолот дејствува на искористување на мастите и на холестеролот, односно го помага контролирањето на синтезата на холестеролот. Најверојатно го трансформира холестеролот во емулзија, со што го спречува неговото таложење по ѕидовите на артериите и на жолчното кесе.
-помага при пренесувањето на нервните импулси, особено тие што во мозокот се користат за помнење и се спротиставува на губењето на помнењето во подоцнежните години.
-помага во елиминирањето на отровите од организмот и на тој начин му помага на црниот дроб.
-дејствува смирувачки, помага при  Алцхајмеровата болест.
Недостигот од овај витамин може да предизвика цироза и масна дегенерација на црниот дроб, запушување на артериите.
Најдобар природен извор на холинот е листестиот зеленчук, пивскиот квасец, пченичните никулци, лецитинот (во мали количества), жолчката од јајце, црн дроб, мозок, срце.
Холинот треба да се зема со другите витамини од Б-комплексот.
-ако сте нервозни и напнати, зголемена доза холинот може да помогне.Токсичност –непозната.

ФОЛНА КИСЕЛИНА

- позната е како витамин М.-важна е за синтеза на црвените крвни клетки и нуклеинските киселини (РНК и ДНК).
-го помага метаболизмот на протеините.
-значајна е за правилна делба на клетките.
-потребна е за искористување на аминокиселините и шеќерите.
-ја помага лактацијата и помага во превенцијата од вродени аномалии.
-дејствува аналгетски и превентивно против чиреви.
-штити од паразити и труење со храна.
Недостиг од овај витамин може да предизвика нутритивна макротичка анемија, сериозни кожни пореметувања, губиток на косата, сивкасто – кафена пигментација, замор, ментална депресија…
Најдобри природни извори на фолната киселина се темнозелениот листест зеленчук (спанаќот, ќељот, цвеклото), аспарагусот, броколите, сите житарици и пивскиот квасец, дињата, кајсијата, тиквата, авокадото, морков,  ’рж  и ‘ржано брашно,  грав, говедскиот, јагнешкиот, свинскиот и пилешкиот црн дроб, жолчка од јајце.
Зголемено количество фолна киселина вие потребно кога користите поголемо количества на витамин Ц (повеќе од 2 гр) или ако земате естрогени, сулфонамиди, фенобарбитон или аспирини.

ВИТАМИН Ц (АСКРОБИНСКА КИСЕЛИНА)

- секоја цигара уништува 25 – 100 милиграми витамин Ц.
-има главна улога во создавањето на колагенот.
-помага во ресорпцијата на железото.
-го засилува дејството на лековите за инфекции на уринарниот тракт.
-помага во намалувањето на нивото на холестеролот.
-дава заштита од канцерогени агенси.
-дествува превентивно на разни типови вирусни и бактериски инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем .
-ја намалува можноста за создавање на крвни грутчиња во вените.
-дејствува за ублажување на дејството на многу алергогени супстанции.
-го забрзува зрастувањето на раните по хирушки интервенции.
Недостигот од овај витамин може да предизвика појава на скорбут
Најдобри природни извори на витаминот Ц се: јужното овошје, топчестото овошје (шипинката како најбогат природен извор на витамин Ц содржи 1,700 милиграми), зелениот и листестиот зеленчук, доматот, карфиолот, зелката, пиперката, зелениот чај.
-зголемено количество витамин Ц се препорачува и кога се употребува контрацептивни таблети или апирини.
-ако употребувате жен-шен, треба да се зема 3 часа пред или по земањето на витаминот Ц или храната што го содржи во високи количества.

ВИТАМИН А - хроничниот недостиг на овај витамин повлекува висок ризик за појава на рак на белите дробови, на гркланот и на мочниот меур. Улогата на овај витамин е многу значајна зошто дејствува дирекно врз кожата и слузокожата, а тоа се појдовни точки за најголем број малигни тумори.
      Витаминот А го штити развојот на клетките и поволно влијае врз одбрамбениот систем на организмот. Имено овај витамин забавува два процеса - клеточниот развој и регулирањето на делбата, кои се најважни во процесите на настанувањето на канцерот и во одвојувањето на ткивото на туморот од здравото ткиво. Витаминот А како што велат, во нашата исхрана се наоѓа во два облика, како чист витамин, во џигерот, млекото, сирењето путерот и како провитамин А (бетакаротин) кого го има во зеленчукот, кајсиите, морковот. Бетакаротинот во цревата се претвора во витамин А и конзервирањето и замрзнувањето на продуктите врз него немаат влијание. Познато е дека во конзервите во кои имало моркови, на поларната британска експедиција од 1824 година, најдени 100 години подоцна, а потоа анализирани, бетакаротинот бил наполно ист како и во свежиот морков. Бетакаротинот од овај зеленчук како што велат стручњаците најдобро се користи доколку морковот се изренда, се свари или исцеди со мало количество путер, млеко или масло.

ВИТАМИН Е (токоферол, антистерилен витамин) - е растворлив во вода и складиран во црниот дроб, масните ткива, срцето, мускулите, тестисите, јајниците,крвта,адреналните и питуитарната жлезда. Витаминот Е игра важна улога во метаболизмот на белковините, шекерите и мастите. Игра важна улога во регулацијата на течностите во организмот. Ја зголемува регенерацијата на ткивата. Ја засилува активноста на витаминот А.   60-70% од дневните дози се исфрлаат преку фекалиите. Важен е како вадилетатор и антицоагулант. Дејство: васодилатор - ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата, телото го снабдува со кислород заради поголема издржливост, ги штити белите дробови од загадениот воздух заедно со витаминот А, ја олеснува замореноста, го забрзува заздравувањето на изгоретини, помага при превенција од спонтан абортус. Ги помага сите важни имунолошки системи и обезбедува поголема заштита од инфекции, нуди јака заштита од срцево заболување со тоа што помага да се одржува холестеролот во крвта на нормално ниво. Витаминот Е го штити мозокот од дегеративно заболување кое води до заборавеност и сенилност и може да ги поврати менталните способности општо. Ширум светот Е витаминот го нарекуваат најкруцијален витамински додаток кој го спречува стареењето. Има позитивно влијание врз нервниот систем, сексуалната моќ, ја подмладува кожата и косата ги штити белите дробови, го намалува крвниот притисок. Кај Паркинсовата болест ја подобрува општата состојба, ги забавува појавите и симптомите на обземеност, губењето на рамнотежата и тресењето. Има улога на снажен антиоксидант и анти карцероген. Недостаток: струкција на црвените крвни зрнца, дегенерација на мускулите,некои анемии и репродуктивни пореметувања, спонтан абортус, дегенерација на тестисите, дистрофија на скелетната мускулатура. Преголема доза: гадење, гасови, дијареа, главоболка, срцева палпитација и слабост. Извори се: пченични ‘ркулци, соја, растителни масла, брокули, лиснат зеленчук, спанаќ, сите житарици, млеко, путер, јајца. Токсичност - суштински нетоксичен.

ВИТАМИН Д - (калциферол, “саншајн витамин”) - е растворлив во вода. Се прима преку сончевата светлина или исхраната. Заради неговата функција во апсорпцијата на минералите и минерализацијата на коските, витаминот Д е крајно важен во одржувањето на густината на коските. Има анти рахитична вредност. Кога се зема орално, витаминот Д се апсорбира со другите масти преку цревните ѕидови.
Дејство: правилно користење на калциумот и фосфорот кои се неопходни за јаки коски и заби, земен со витамините А и Ц може да штити при настинки, помага при конјуктивитис, помага при асимилирање на витаминот А. Утврдено е дека витаминот Д комбиниран со калциумот поседува антикарцерозни својства. Може да помогне при контрола на дијабетесот. Симптоми на недостаток: кај децата, класично заболување како последица на недостаток на витаминот Д е рахитисот (искривен раст, одложен развој на забите, слабост, смекнат череп - кај доенчината) и непоправливи деформации на коските. Кај воздрасните: хипокалцемија, остеомалација (намалување на минералната содржина на коските) и остеопороза (намалување на вкупната коскена маса). Жените кои имаат недостаток од витаминот Д може да имаат неправилности во карлицата со што им е отежнато раѓањето. Големи дози доведуваат до:гадење, губење на апетитот, главоболка,дијареа,замор, малаксаност, хипер витаминоза.Извори се: рибино масло, сардини, харинга, лосос,туна, млеко и млечни производи.
Токсичност: знаци на затруеност со невобичаена жедност, болни очи, осипана кожа, повраќање, дијареа, уринарна итност, ненормални депозити на калциум во ѕидовите на крвните садови, црниот дроб, белите дробови, бубрезите и стомакот.

ПАБА (парааминобензотична киселина) – е растворлив во вода. Може да се синтетизира во телото. Помага да се формира фолна киселина и е важна при користењето на протеините. Важна е за воспоставување на биолошката флора на слузниците. Му помага на организмот да ја претвори храната во енергија. Кога се користи како маст, може да штити  од сончеви изгоретини, ја одржува кожата здрава и мазна, помага при појава на брчки, помага во обновувањето на природната боја на косата. Недостаток доведува до белеење на косата и појава на егземи. Извори : месо, црн дроб, бубрег, јајца, млеко, пивски квасец, сите житарици, ориз, трици, пченични ‘ркулци и меласа. Токсичност – непозната, да не се земаат  високи дози подолго време, можни симтоми се гадење и повраќање.

ИНОСИТОЛ – е  растворлив во вода и уште еден член на семејството на Б – комплексот. Се комбинира со холинг за формирање на лецитин. Ги метаболизира мастите и холестеролот. Како и холинот, важен е за исхрана на мозочните клетки. Препорачана дневна доза за воздрасни е 1гр дневно. Помага за пониско ниво на холестерол, придонесува за здрава коса и штити од опаѓање на косата, штити од појава на егзема, помага во редистрибуција на мастите во телото. Недостаток: предизвикува егзема. Извори се: црн дроб, пивски квасец, говедски мозок и срце, диња, грејпфрут, суво грозје, пченични ‘ркулци, нерафинирани масла, кикирики, зелка.

ВИТАМИН Ф (линолеична и аракидонична) - е растворлив во вода, составен од незадоволени масни киселини - линолеична и аракидонична набавени од храната. Незадоволените масти помагаат да согорат задоволените масти со внесување во сооднос два спрема еден.
      Дејство: помага од наслаги на холестерол во артериите,              ги унапридува здравата кожа и коса, дава извесен степен на заштита против штетните ефекти на Х - зраците, помага во растот и благосостојбата со влијание врз гландуларните активности правејќи го калциумот достапен на клетките, спречува срцево заболување, помага во намалувањето на тежината со согорување на задоволените масти.
      Симптоми: егзема, акни. Извори: растителни масла – пченични ‘ркулци, ленено семе, сончоглед, соја, кикирики, бадеми, лешници, авокадо. Токсичност- непозната.

ВИТАМИН К – е растворлив во вода. Постои трио на К -  витамините. К1 и К2 можат да се формираат од природни бактерии во цревата, К3 е синтетички. Есенцијален во формирањето на протомбинот, хемикалија за згрутчување на крвта. Вклучен во активностите на клетките за производство на енергија, особено на нервниот систем.
      Дејство : важен фактор за виталност и долговечност. Важен за нормално функционирање на црниот дроб. “Антикрвавечки” витамин, помага при заштита од внатрешно крвавење и хемороиди, помага при редуцирање на прекумерна менструација, го унапредува правилното згрутчување на крвта.
Недостаток :може да предизвика крвавење  секаде во телото, како што е крвавење од нос, чиреви кои крвават и.т.н., намалена виталност, предвремено стареење. Извори: лиснат зелен зеленчук, масло од соја, жолчки од јајца, кравјо млеко, јогурт, црн дроб.Исто така, се произведува од нормалните бактерии од здравита црева.

ВИТАМИН П (цитрус биофлавоноид) – е растворлив во вода. Составен од цитрин, рутин и хесперидин, како и флавоноиди и флавонали. Неопходен за правилно функционирање и асорпција на Ц – витаминот. Флавоноидите се супстанции кои ја обезбедуваат жолтата и портокаловата боја кај јужното овошје. Исто така, се нарекува  фактор на капиларната пропустливост. Му помага на витаминот Ц да ги одржува здрави врзуважките ткива.
      Дејство: го штити витаминот Ц од уништување  како резултат на оксидација, ги зајакнува ѕидовите на капиларите, со штити од модрици, помага да се изгради отпорност  на инфекции, помага во заштита и заздравувањето  на десни кои крвават, ја зголемува ефикасноста на Ц – витаминот, помага во третманот на едема и вртоглавица како последица на заболување на внатрешното уво.  Симтоми на недостаток: фрагилност на капиларите. Извори: белата кожа од делот од јужното овошје – лимони, портокали, грејпфрут. Исто така, во кајсиите, капините, црешите и шипинките.  Токсичност – непозната.

ВИТАМИН Q – овај антиоксидант е еден од најретките кои можат да ги заштитат мозочните клетки од оштетување. Организмот ја произведува оваа природна материја, но исто така, може да се најде во одредени прехрамбени производи, особено од морската храна. Тој може да ја намали мозочната функција, како и функциите на срцето и црниот дроб. Овие енергетски фактори се примарни цели на слободните радикали во мозочните клетки. Го има во масните риби, како што се скушата и сардините,органските меса како што се срцето црниот дроб и бубрегот, говедското месо, маслото од соја и кикирики.

ВИТАМИН Т – многу малку се знае за овој витамин, освен дека помага во коагулацијата на крвта и формирањето на крвните плочки. Затоа е важен за отстранување на одредени форми на анемија и хемофилија. Препорачаната дневна доза не е воспоставена. Може да се најде во семето од сусам и жолчката од јајце, а токсичноста е непозната.

ВИТАМИН  У – за овај витамин се знае дури и помалку отколку за витаминот Т. Се претпоставува дека игра важна улога при лечењето на чиреви, но медицинските мислења во врска со ова варираат. Се наоѓа во сировата зелка, атоксичноста не е позната.

 

                                  ВИТАМИНОИДИ

Витаминоидите се супстанции со својства на витамини.

Ф-ВИТАМИНОИДОТ (ацидум линоликум, ацид.линоленикум) го има во растителните масла.Учествува во размената на мастите и карбохидратите,екцеми,фурункулоза,рани кои тешко зараснуваат.

И-ВИТАМИНОИДОТ(инозит,инозитолум) го има во житариците грашакот, морковот, месото. Учествува во метаболизмот на мастите. Неопходен е за растењето на косата и намалување на коронарните заболувања. Како и холинот и тој е “согорувач” на мастите. Важен е за преносот на нервните импулси и исхрана на мозочните клетки. Има и смирувачко дејство.

Ј-ВИТАМИНОИДОТ(холин) - го има во лебот и месото. Тој е биоген амин претходник на ацетилхолинот. Го има во секоја клетка. Учествува во синтезата на фосфатите кои се важни за размената на материите. Го штити црниот дроб од замастување. Овај витамин се создава и во организмот, но во недоволни количества. Заедно со инозитолот (И- витаминоидот) помага во искористување на масните киселини штити од артеросклероза. Делува и на детоксидација на организмот. Без него се намалува мозочната функција и памтењето. Тераписки индикации: хепатитис, цироза на црниот дроб.

П-ВИТАМИНОИДОТ (цитрин) - го има во плодовите, цветовите и лисјата. Го сочинуваат растителни гликозиди (рутиниум). Ја намалува пропустливоста на крвните садови и клеточните мембрани. Обично се дава заедно со Ц - витаминот. Тераписки индикации: хеморагична диатеза, апоплексија, хипертиреоза.

Т-ВИТАМИНОИД (термитин) - порано се добивал од термитите, аденес се добива од квасецот и печурките. Го забрзува растењето. Тераписки индикации: дистрофија, атрофија кај доенчината.

Ф 99 – ВИТАМИНОИДОТ (етил.линолик) - тераписки индикации: екцеми,фурункулоза,улкус,крурис,псоријаза,хепатитис епидемика.

                                  ВИТАМИНИ    КОИ   ЛЕЧАТ

 

      Витамин А
Дневн доза:5000ИЕ.Горна безбедна граница:10000ИЕ.
Моќ на лечење: го подобрува видот, може да помогне при заштита и третман на рак на дојка, при олеснување на симптомите на осреоартритисот, може да заштити од гливична инфекција, од настинки и грип.
      Витамин Б6
Дневна доза: 2мг. Горна безбедна граница:100мг
Моќ на лечење: Му помага на целиот организам, може да спречи компликации од дијабетес, помага да се минимизираат симптомите од предменструалниот синдром, може да помогне при спречување на депресијата, при заштита на срцето.
   
       Витамин Б12
Дневна доза: 6мцг. Горна безбедна граница: 3000мцг.
Моќ на лечење: може да помогне при заштитан а нервниот систем, при олеснување на болка од артритис, од Алцхајмерова болест, може да го намали ризикот од срцево заболување.
     Фолна киселина
Дневна доза: 400мцг. Горна безбедна граница: 1000мцг
Моќ на лечење: Може да помогне при заштита од вродени дефекти од рак, може да помогне при заштита на срцето, може да го подобри здравјето на забите.
     Витамин Ц
Дневна доза: 60мг. Горна безбедна граница: 2000мг
Моќ на лечење: Го подобрува имунитетот, може да го намали крвниот притисок, може да заштити од замор, при стрес, може да ги заштити очите.
     Витамин Д
Дневна доза: 400ИЕ. Горна безбедна граница: 2000ИЕ
Моќ на лечење: може да помогне при третман на рак и псоријаза, при дијабетес тип 1 (зависност од инсулин), ги штити коските, штити од сезонска депресија.
      Витамин Е
Дневна доза: 30ИЕ(20мг). Горна безбедна граница:1200ИЕ(1000мг)
Моќ на лечење: Може да им помогне на дијабетичарите, го намалува ризикот од рак на простата, може да помогне при заштита од остеоартритис, при сречување на други болести, може да го помогне за одржување на телесната тежина, може да се спротистави на настинки и грип.
      Витамин К
Дневна доза: 80мцг. Горна безбедна граница: 30000мцг (30мг)
Моќ на лечење: Помага при заздравување на рани, ги штити коските, важен е за новороденчината.

 

МИНЕРАЛИ

 

Претставуваат не органски супстанции - хемиски елементи, кои потекнуваат од почвата, нивната залиха е ограничена и треба да се прави реминерализација. Минералите како што се: калциум, фосфот, калиум, натриум, магнезиум познати се како есенцијални или макроминерали, зошто нивните дневни потреби се движат од 300мг - 3000мг. Минералите кои се потребни во многу мали количества (30микрограми - 30милиграми) се нарекуваат минерали во трагови и во нив спаѓаат: железо, цинк, јод  бакар, манган, флуор, хром, селен, молибден, кобалт (составен дел на витаминот Б12).

-МАКРОМИНЕРАЛИ

      КАЛЦИУМ - калциумот и фосфорот во однос 2:1 обезбедуваат цврстина и здравје на коските и на забите. Во соодејство  со магнезиумот допринесува за подобра состојба на кардиоваскуларниот систем, помага срцето да пумпа со воедначен ритам, помага во преносот на импулсите до нервниот систем, при згрутчување на крвта, ја помага мускулната контрактилност го помага метаболизмот на железото, ја ублажува несоницата,помага од ризикот од рак на дебелото црево, го намалува ризикот од мозочен удар…
      За добро калциумот да се апсорбира во организмот, потребно е доволно количество на витамин Д. Тој е антистресен минерал, помага во апсорпцијата на многу состојки, особено на витаминот Б12. Се користи за превентива и за третирање на остеопоризата.
Недостаток од калциум: забавен раст, расипување на забите, рахитис, нервоза, ментална депресија, срцева палпитација, грчеви  во мускулите несоница, иритабилност, остеомалација и остеопороза. Природни извори на калциум се: зелен листест зеленчук (спанаќ, магдонос), зрнести мешунки (соја интегрални житарки) ,грав, јаткасто овошје (ореви,бадеми), кикиритки, семиња (сусам, сончоглед), млеко и млечни производи, сардина, лосос и сл.

      ФОСФОРОТ- е неопходен за здрави коски и заби, за здрав развој и нормално функционирање на мускулите, присутен е во секоја клетка на организмот, за пренос на нервни импулси, за нормално функционирање на бубрезите,важен за правилна работа на срцето, ја помага асорпцијата на витаминот Б3 нијацин, обезбедува енергија, ги намалува болките при артритис. Тој е втор по калциумот, по изобилство минерал во телото. Го помага растот  и обновувањето на организмот, обезбедува енергија со тоа што ја помага метаболизацијата на мастите и скробот, ја намалува болката од артритис, учествува во секреција на хормони и синтеза на протеини. Голем дел од Б-витамините се ефикасни само кога се комбинирани со овој минерал во телото. Фосфорот игра важна улога во амортизациониот систем кој одржува правилен пХ баланс во телото. Витаминот Д и калциумот се есенцијални за функционирање на фосфорот. Недостаток: слаба минерализација на коските, забавен раст, рахитис, слаба нервна и мозочна функција, намалена сексуална моќ, општа слабост. Намирници богати со фосфор се: соја и соини производи (тофу,темпех), леќа, разни видови грав, семки (сусам, сончоглед) интегрални житарки и нивни соодветни брашна (пченица, ориз), јачмен, зелен лиснаст зеленчук, млекото и млечните производи, месото и рибата, оревите, суво овошје.Токсичност – непозната. Премногу фосфор може да доведе до зголемување на излачување на калциумот, а со тоа до остеопороза.

      КАЛИУМ- во содејство со натриумот ја регулира рамнотежата на водата, ја нормализира срцевата работа, ја регулира функцијата на нервите и мускулните клетки,помага за подобро размислување, помага за снижување на висок крвен притисок, помага при лекување на алергии.Важен е за правилно растење и развивање,за контракција на мускулите, за здрава кожа, коса, нокти и помага при појава на акни.Придинесува за јасно размислување со праќање на кислород во мозокот,го унапредува излачувањето на хормоните и вклучен е во правилно функционирање на нервниот систем. Ја стимулира елиминацијата на штетни материи преку бубрезите. Хипокликемијата (ниско ниво на шеќер во крвта), долготраен пост, чести проливи, може да предизвикаат губење на калиум. При недостаток може да дојде до ендема, гадење, слаб слух, чуство на малаксаност,слабост во мускулите, тахикардија и во крајни случаи прекин на срцевата работа. Голем недостаток  може да предизвика преголема акумулација на натриум (сол) во ткивата. Извор на калиум се: цитрусното овошје, домати, компир, листест зеленчук, лист од нане, банана, интегрални семки и житарки.

НАТРИУМ-натриумот со калиумот учествуваат во регулирањето на водата во телесните течности (крв, урина), помага правилно функционирање на нервно - мускулниот систем, помага при исцрпеност на организмот (сончаница, дехидрација). Недостиг многу ретко се случува од овај минерал, бидејќи го има во многу природни и преработени намирници. Поголеми количества на натриум задржуваат поголеми количества на вода во организмот и предизвикува покачување на крвниот притисок. Затоа се препорачува внесување на свежи намирници, а внесот на конзервирани и замрзнати намирници да се сведе на минимум.

МАГНЕЗИУМ- Се наоѓа во секоја клетка во организмот. Познат е како “анти стрес минерал” и е од суштинско значење за правилно функционирање на нервно мускулниот систем, помага во согорување на маснотиите, помага при депресии, допринесува за нормално функционирање на кардиоваскуларниот систем и за превенција од срцев удар. Обично им недостасува на акохоличарите. Половина од вкупното количество магнезиум што го содржи телото се наоѓа во коските, а другата половина активира стотици ензими низ целото тело и е критичен за правилна функција на клетките. Помага при регулирање на рХ рамнотежата на телото, од наслојките на калциум, игра важна улога во здравјето на срцето, во растот на коските и помага во спречувањето на расипувањето на забите. Вклучен е во производството на лецитин и инсулин, корисен е и при спречување на одредени компликации при бременоста. Природно стретство за смирување. Заедно со калциумот ја одржуваат густината на коските, ги ублажува дигестивните нарушувања, делува заедно со витамините Б1 и Б6, учествува во синтезата на протеини и на хормони, спречува создавање на бубрежни и жолчни камења. Недостаток: оштетување на бубрезите, камења во бубрезите, привремена парализа на мускулите, артеросклероза, срцев напад, епилептички напади, влошен метаболизам на протеините, предвремени брчки, чувство на постојана замореност. Продолжен недостаток ќе предизвика губиток на калциум и калиум од организмот. Извори на магнезиум се: млекото и млечните производи, месото, морската храна, кафениот ориз, семињата, грејпфрутот, пченични ‘ркулци, интегрални житарки (пченица), соја и нејзини производи, лимон, праска, банана,  смоква, јаболката, сувиот грашок, леќата, остригата, јаткасто овошје (бадеми, лешинците, ореви)  темно зелен листест зеленчук, семки, сочоглед. Токсичност – ретка, освен кај поединци со бубрежни проблеми.

-МИНЕРАЛИ ВО ТРАГОВИ-

СЕЛЕН- Антиканцероген минерал. Селенот како минерал влегува во состав на ензимот глутатион пероксидаза и заедно како целина делуваат антиоксидативно. Селенот служи и како детоксикатор на тешки метали (жива, кадмиум, арсен) и други потенцијални канцерогени супстанции на тој начин што ги врзува за себе во облик на нерастворлив комплекс кој се елиминира со урината, го забавува процесот на стареење на организмот и не штити од слободните радикали - канцер. Помага при создавањето на енергија, зошто ги снабдува клетките со кислород. Селенот го намалува ризикот од срцеви заболувања, од мозочен удар, ги ублажува тегобите во менопаузата, ја зголемува плодноста кај мажите, помага против создавање на првут. Мажите имаат поголема потреба од селен и може да се зема заедно со витаминот Е, така што заедно имаат силен ефект врз менталното функционирање. Добар начин за земање на дневната доза на селен е да се јадат ореви. Дневно се препорачува внес од 50 - 100 микро грами селен и тоа сам или во комбинација со А, Е и Ц. Најдобри природни извори се: морски плодови, пченични клици, лук, интегрални житарки (ориз, сусам), бразилско оревче.

ХРОМ- Претставува витален фактор на гликозна толеранција, соединение кое се создава во црниот дроб, и кое помага во транспортот на гликозата од крвта во клетките. Постојано изложување на стрес како и често консумирање на шеќери ги исцрпуваат неговите залихи во организмот. Ги стимулира бета клетките од панкреасот да произведуваат потребна количина на инсулин, правејќи го поделотворен во одржување на нормално ниво на гликоза во крвта. Кога системот на крвен шеќер е пореметен резултатот може да биде или дијабетес или хипо-кликемија. Вклучен е во синтезата на срцевиот протеин, го помага растот, штити и го намалува крвниот притисок, работи како мерка против дијабетес. Исто така го намалува “лошиот” холестерол ХДЛ со што ја смалува опаснаста од заболување на срцевите артерии и појава на мозочен удар кој повеќе ги има кај дијабетичарите. Најмногу е концентриран во косата сплината бубрезите и тестисите, помалку во срцето, панкреасот, белите дробови и мозокот. Исхраната богата со рафинирани намирници е сиромашна со хром бидејќи хромот го има во интегралните житарки, зрнести мешунки, јаткасти плодови, семки, печурки, кафеав  шеќер, ракчиња, пивски квасец, компири со лушпа, овошје, зеленчук, пиво сирење. Токсичност - непозната. Предупредување: бидејки додатоците со хром може да ја сменат потребата за инсулин, луѓето со дијабетес не треба да ги земаат без дозвола на доктор.

ЦИНК- Улогата нагова  е да ја обнови ДНК. Овој минерал најповеќе  го има во намирниците од животинско потекло. Ако има недостаток од овај минерал може да се појават бели дамки по ноките, намален апетит, бледило, намалена отпорност према инфекции, намален и ослабен раст на косата, појава на акни, дерматитис. Цинкот е портебен за произвотство на инсулин, за зајакнување на имунолошкиот систем како и синтеза на антиоксидативниот ензим - супроксид дисмутаза.Цинкот учествува и во синтезата на простагландините од есенцијалните масни киселини, кои па од своја страна учествуваат во одржување на хормоналниот баланс, делува против згрутчување на крвта и сл.
Цинкот го подобрува зараснувањето како на надворешните така и на внатрешните рани. Природни извори на цинк се месото, црн дроб, морски плодови, остриги, пченични клици, пивски квасец, семки од тиква, морски ракчина, пилешко и мисиркино месо, лук, јајца, харинга, сусамово масло.

МАНГАН-Влегува во состав на околу 20 ензимски системи во организмот кој учествуваат во многу биохемиски процеси. Како составен дел на супероксид дисмутазата делува антиоксидативно, важен е за сосдавање на тироксинот - главен хормон на штитната жлезда, помага во отсранување на заморот, во превенција од остеопорозата, го подобрува помнењето и ја намалува нервната раздразливост. Потребен е за нормална структура на коските и за правилно варење и искористување на храната. Работи со многу различни ензими кои ги олеснуваат процесите низ целото тело, вклучувајќи го метаболизмот на протеините, мастите и јагленохидратите. При недостаток од манган доаѓа до анорексија и влијае врз имунолошкиот систем. За задоволување на потребите на организмот од овај минерал, доволни се од 2-5 милиграми дневно. Природни извори на манган се: тропското овошје, јаткастите плодови, интегралните  житарки, жолчка од јајце, семки од сончоглед, грав, грашок, пивски квасец.

БАКАРОТ-истовремено претставува и храна и токсична состојка. Дневната потреба изнесува 2 милиграми. Бакарот е потребен за создавање на милеинска обвивка на нервите, е потребен за конверзија на железото во телото во хемоглобин. Може да стигне во крвотокот 15мин по внесувањето. Аминокиселината тирозин го прави корисен, дозволувајќи му да работи како фактор за пигментација за косата и кожата. Во телото е складиран во  црниот дроб, мозокок, срцето и бубрезите а се наоѓа и во косата. Неопходен е за правилна изградба на коските и создавање на РНК. Го сречува опаѓањето и  побелувањето на косата. Бакарот е потребен за осетливоста на вкус, зреењето на колагенот, формирањето на еластин, игра улога во имунолошкиот систем. Неостаток: анемија, едема, скелетни дефекти, дегенерација на нервниот систем, дефекти во пигментацијата и структурата на косата, репродуктивни проблеми и абнормалности во кардиоваскуларниот систем. Природни извори на бакер се: интегралните житарки, бадеми, суво грозје, лиснат зеленчук овошје, јастог, црн пипер, сувите сливи, гравот, грашокот и морските плодови(школки,риби,ракови).Земање во поголеми дози може да доведе до: гадење, абдоменални болки, дијареа, главоболки, вртоглавица и метален вкус во устата. Ако не се лечи може да доведе до смрт.

ЈОД - две третини од јодот се наоѓа во тиреоидната жлезда.Тироидната жлезда го контролира метаболизмот, а јодот влијае врз тиреоидата, помало снабдување со овај минерал може да доведе до бавна ментална реакција, бавно напредување на тежината и недостаток на енергија. Јодот помага за функционирање на нервниот систем и мускулите, циркулаторната активност и за метаболизмот на сите состојки. Придонесува за здава коса, нокти, кожа и заби. Важен фактор на телесното и менталното здравје. Помага при заштита на груба и збрчкана кожа. Недостаток: гушавост, хипотироидизам, губиток на слух. Извори: зеленчук растен во земја богата со јод, кромид, целата морска храна, јодирана и морска сол, пченични ‘ркулци и печурки. Особено се богати алгите. Токсичност – непозната (како лек ако се зема неправилно може да биде штетен). Симптоми : осип, главоболка, потешкотии во дишењето и метален вкус во устата. Многу високи дози може да предизвикаат вид на гушавост наречена “јодна гушавост”.

ЖЕЛЕЗО-потребно е за производство на хемоглобин, миноглобин и одредени ензими. Го зголемува квалитетот на крвта како и отпорноста на стресови и болестите. Го намалува заморот, ја лекува и спречува анемијата. Околу 8% од вкупното железо внесено во организмот, влегува во крвотокот. Бакарот, кобалтот, манганот и Ц - витаминот се неопходни за асимилација на железото. Железото е неопходно за правилна метаболизација на Б-витамините. Калциумот и кофеинот ја инхибираат асорпцијата на железо од било кој извор. За еден месец жените губат двапати повеќе железо од мажите. Жените воопшто особено бремените имаат, имаат зголемена потреба од овој минерал. Овај минерал е потребен за сите телесни функции. Го помага растот,ја унапредува отпорноста на болести, штити од замор, од анемија, го враќа добриот тонус на кожата.Стресот, менструацијата,тешките вежби, или вегетаријанската исхрана можат да го исцрпат железото од организмот, спречувајќи го производството на хемоглобин, материјата во црвените крвни клетки кои носат кислород до сите делови на организмот. Недостаток: недостаток од хемоглобин може да предизвика анемија, исцрпеност, проблеми во концентрацијата и губиток на апетит - сите проблеми кои ве прават да се чувствувате постари отколку што треба да сте. Извори: свински и говедски црн дроб, бубрег, срце, брашно, свежи ракчина, црвено месо, живина, риба, сите житни цереалии, жолчки од јајце, остриги, грав, леќа, ’рж, зелен зеленчук,аспарагус, вишни, сушено овошје, кајсии, праски, банана, пивски квасец, семе од сончоглед, оревии, сусамово семе, леб, компири и млеко. Токсичност : ретка кај здрави лица. Поголеми дози можат да бидат штетни за децата. Премногу железо може да биде силен ризичен фактор за срцево заболување.

СУЛФУР- е есенцијален за здрава коса,кожа и нокти, помага за одржување на рамнотежата на кислородот неопходен за правилно функционирање на мозокот. Работи о витамините од Б-комплексот за основниот метаболизам на организмот и е дел од аминокиселините кои ги изградуваат ткивата. Му помага на црниот дроб во лачењето на жолчката. Го зголемува тонусот на кожата и ја прави косата посилна, помага против бактериски инфекции. Извори на сулфур се: посно говедско месо, сув грав, риба, јајца, зелка.

ВАНАДИУМ- го инхибира формирањето на холестерол во крвните садови. Помага во спречувањето на срцеви напади. Недостаток: непознато. Извори: риба. Токсичност: ако се зема во синтетична форма.
 
ХЛОР- ја регулира алкално-киселата рамнотежа во крвта, работи со натриумот и калајот заеднички. Помага во чистењето од телесните отпадни материи со тоа што му помага на црниот дроб да функционира. Дневната доза не е востановена. Помага во дигестијата, ве одржува еластични. Недостаток: губиток на коса и заби. Извори: сол, маслинки. Отровност: доза на 15гр.

КОБАЛТ- е минерал кој е дел од витаминот Б12. Есенцијален за црвените крвни зрнца. Мора да се набавува од храната.Овај минерал одбива анемија. Недостаток: анемија. Извори: месо, бубрег, црн дроб, млеко, остриги, ракчина. Нема препорачана дневна доза, обично е потребен во мали количини – до 8мцг.

ФЛУОР - Флуорот е составен дел на натриум флуорид (оној вид даден во водата за пиење) и калциум флуорид (природна супстанца). Ги намалува шансите од дентален кариес, иако во поголема доза може да ги обезбои забите. Флуорот го намалува расипувањето на забите и ги зајакнува коските. Недостаок: расипување на забите. Извори на флуор: флуоридирана вода за пиење, морската храна и желатин. Дозирање: препорачливо е околу 1мг дневно од флуоридирана вода за пиење. Токсичност: во преголема доза може да биде смртоносен.