Нашата компанија АПИЦЕНТАР постои од 1970 година а корените на нашето пчеларство се постари од 150 год.
Располагаме со 150-200 семејства во зависност од годината на побарувањето. Последните 2 год органски пчелариме, за истото имаме СЕРТИФИКАТ.
Имаме своја продавница која е опремена за сите потреби од пчеларството. За заинтересираните вршиме едукација, консултации, обука, формирање на пчеларници. Во составот на нашата фирма работи и пчеларска школа за аматерско и професионално пцеларење.
Присутни сме на сите пчеларски изложби во нашата земја, како и надвор од неа.
Располагаме со најнови сознанија од областа на пчеларството и апитерапијата, а воедно ги едуцираме потрошувачите за корисноста од пчелните производи и нивната примена, како здрава храна и апитерапија. |