|
Здрава храна - 2 |
|
страна: 1, 2, 3, 4, 5 |
|
 |
|
ОРГАНСКИ ТАМАРИ СОЈА СОС - е превриен сос направен од органска соја и морска сол. Со месеци преврива, а потоа природно ферментира во дрвени буриња. Овај сос се употрбува при производство на храна. Тамарито е многу квалитетен протеински зачин. Може да се додава во супи, варива, житарици, салати, тофу, зеленчук. Се користинаместо сол. Таматито е богато со органски аминокиселини е одличен извор на протеини. Содржи микроорганизми кои се неопходни за ферментација и кои му помагаат на варењето. Тамари е посебно погоден за луЃе кои се алергични на глутен, бидејЌи за неговото производство не се користи пченица. |
|
|
|
 |
|
ШОЈУ СОЈА СОС - се добива со долга и бавна ферментација. Тамари соја сосот го имплементира сопствениот вкус во храната, додека шОЈУ ги хармонизира и потенцира нејзиниот вкус и мирис. Двата соја соса се разликуваат, така Тамари се додава во храна во тек на готвањето, додека шоју се додава на готова веЌе приготвена и сервирана храна. шоју се додава кај пржена храна, зачинување на зеленчук. Тамари се додава на храна што се готви подолго време како супи и при варење и печење. И двата соса се користат за маринирање храна, за зачинување салати како и зачин за на маса. Соја сосовите се упортебуваат како замена за сол во храната, редуцирајЌи го внесот на натриум за 35 % што е многу важно. По однос на вкусот шоју има поостар, посилен вкус, додека вкусот на Тамари е послаб, помек, затоа што се добива само од соини зрна. |
|
|
|
 |
|
ВИНО ОД БОРОВИНКА - виното едрагоцено против акутни и хронични заболувања на желудникот и цревата, тие што се настинати и како последица на пореметување на лачењето на соковите за варење. Виното од боровинка ги раствора, апсорбира и ги одведува отровните материи од цревата. Го спречува развивањето на бактериите и други микроорганизми. Со лесно затегнување ја стимулира работата на цревниот канал, помага и кај лошиот апетит. Може да се користи подолго време без штетни појави. |
|
|
|
 |
|
ВИНО ОД КАПИНИ - посебно е добро за слабокрвни и физички слабите личности. Во богатиот и сложен состав капината содржи шеЌер, минерални материи и витамини. Содржината на железо од 3 мг се смета за исклучително богат извор на овај важен минерал за спречување и лекување на слабокрвност. При производството за да се сочуваат хранливите богатства на плодот и да се сочува приодноста, за избистрување на овој производ е користен пчелен мед. Виното содржи максимум 6 % алкохол. |
|
|
|
 |
|
Шитаке - Содржи многу протеини, витамините: А , Б-2, Б-6, Б-12, Ц, Д-2, НИАЦИН и др. минерали К, П, Мг, На, Ца, Фе, Зн, Цу, но и сите есенцијални аминокиселини во многу големи количини. Медицинскиот ефект рефлектиран во антиканцерогените и антивирусните ефекти најмногу се должат на полисахаридот “Лентинан”. Лентинанот иницира создавање на “Интерферон” (супстанции со антивирусно дејство) како и активацијата на “Т”Киллер и “Т”Хелпер клетките на штитната жлезда.
АНТИКАНЦЕРОГЕНО дејство: националниот центар за рак во Токио докажал дека со секојдневна употреба на шитаке, тумурот покажува стапка на “кочење” од 80, 7%, до потполно повлекување на тумурот во 6 од 10 случаи. шитакето делува преку активирање на цела низа имунолошки реакции во организмот. Делува не само на примарните тумури туку и го стопира развојот на метастазите. Хемотерапијата и радиотерапијата во комбинација со шитаке го подобрува третманот.
АНТИВИРУСНО: пред одредена вирусна инфекција користењето шитаке значИ моЌна превентивна заштита, а кога веЌе настанала инфекција заздравувањето е многу побрзо и поефикасно. Особено ја подобрува клиничката слика на луЃето болни од хепатитис Б како и на хепатитис Ц и Д. Значајна е состојката(ЛЕМ), која освен што придонесува во уништувањето на вирусите, туку ја обновува и коскената срцевина.
АНТИЛИПИДНО: со дневна консумација на 6 - 10гр. Дехидрирано шитаке за 10 дена заедно со Домашна Јаболкова Киселина го намалува нивото на (ЛДЛ) холестерол во крвта од 10-15% и вкупните липопротеини во серумот. шитаке репродуцира и подобрување на крвната слика, го намалува високиот крвен притисок, делува на потенцијата, го зголемува имунитетот, ја зголемува еластичноста на крвните садови, ја спречуваат агрегацијата на крвните клетки и го зголемува снабдувањето на мозокот и срцето со крв.
Наједноставно за користење е како додаток во храна: јогурт, супи, готвена храна, сосови итн. Се става во готова храна 1 кафено лажиче шитаке се промешува и се остава да постои 5 мин.
ПРИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ШИТАКЕ НЕ СЕ КОРИСТАТ ХЕМИСКИ ЗАшТИТНИ СТРЕДСТВА, А СЕ ДЕХИДРИРА НА НИСКА ТЕМПЕРАТУРА (ги содржи ситекорисни состојки како и свежата). |
|
|
|
 |
|
ПИРЕЈ- Значајна карактеристика е тоа што не содржи глутен. Пирејот има цврста лушпа која го заштитува од загадувачи и од инсекти и обично им дозволува на одгледувачите да избегнат користење пестициди. Пирејот е одличен извор на витамин Б2, многу добар извор на ниацин и добар извор на растителни влакна и на железо. Специфичната комбинација на хранливи материи во пирејот го прави храна што им е од помош на луЃето што имаат мигрена, артериосклероза или диабетес. Како додаток, пирејот е добар извор на протеини. Витаминот Б2 помага да се намали фрекфенцијата на напади кај луЃето со мигрена, веројатно подобрувајЌи ја енергијата на метаболизмот на нивниот мозок и мускулни Ќелии. Загрижените од артериосклероза треба да го зголемат внесувањето на пиреј. Ова древно жито е многу добар извор на ниацин, за кое докажано дека ги намалува кардиоваскуларните ризични фактори. Ниацинот, исто така, може да ги спречи слободните радикали да го оксидираат ЛДЛ - холестеролот, кој е потенцијално опасен за ѕидовите на крвните садови по оксидација. Една од позитивностите на пирејот е тоа што содржи растителни влакна кои придонесуваат за регулација на шекерот во крвта и нивото на инсулинот. шекерот во крвта не се крева толку многу при исхрана богата со интегрални жита како пиреј во споредба со исхрана со бел леб. Пирејот е и добар извор на цинк, минерал во траги што често им недостига на луЃето со диабетес.
Подготовка: Како и сите жита, пред да го зготвите пирејот, прво измијте го под млаз вода, потоа оставатего да кисне 8 часа или преку ноЌ. Кога ке го варите, измешајте 3 дела вода со 1 дел пиреј. Откако Ќе зоврие, намалетеја топлината и нека врие околу 1 час. Може да се послужи зготвен пиреј како замена за ориз или за компири. |
|
страна: 1, 2, 3, 4, 5
|
|