Мени
Здрава храна - 3
 
страна: 1, 2, 3, 4, 5
 
 
АМАРАНТ - Потеклото на Амарантот се верува дека е од планинските висорамнини на Андите на Централна Америка, а најголемо значење на оваа житарица и давале и ја употребувале цивилизацијата на Ацтеките. Таа е и  најситната житарица на планетава. Содржи целулозни влакна и железо, има два пати повеќе калциум од млекото. Кога се користи во комбинација со пченица, пченка или со кафеав ориз, амарант нуди целосна комплементација на протеините со висококвалитетна вредност како онаа кај рибата, месото или кај живината. Има голема сварливост околу 90%.Може да се јади како жито, сомелен како брашно, испукан како пченка, може да се изрти или да се тостира. За да се свари  амарант потребно е да зовриеме 2 шолји вода или половина вода половина јаболков сок (или зеленчукова чорба) и да се вари додека зрната нестанат меки од 18-20 минути. Амарантот е високопротеинско (15-18 отсто) и содрзи значајни количества на лизин и метионин, две есенцијални амино киселини што не се наоѓаат толку често во житата. Содржи калциум , железо, калиум, фосфор и витамини А и Ц. Содржината на растителни влакна е трипати поголема од онаа во пценицата, а содрзината на зелезо е петпати поголема. Амарант исто така содрзи и тосотриеноли (форма на витамин Е), кои кај лугето имаат својство на намалување на холестеролот. Маслото добиено од Амарант е незаситено и е богато  со линолејска киселина која што е важна за човековата исхрана.
     
 
ПРОСО - ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ - Просото е високо хранливо,без глутенско жито исто како и хелдата и киноата, таа не формира киселински остатоци во организмот по асимилирањето.Ова е важен факт бидејки храната која остава киселински остатоци по асимилирањето (односно храна која го намалува пх-факторот на телото) придонесува организмот да биде помалку отпорен на болести. Состојбата на киселост во организмот може да биде главен фактор за многу болести вклучувајќи го тука и ракот, лепрозноста, парализата, проблеми со бубрезите и црниот дроб, камчиња во жолчката и инфекции, туберколоза, импотентност, висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари, асма. За просото се смета дека е едно од зитата кои најмалку предизвикуваат алергија. Зрнцата на просото се исто така богати со фитохемикалии за кои сто знаеме дека го намалуваат холестеролот и со фитат кој е поврзан со намалување на ризикот од рак.
     
 
КИНОА - мајка на житата-  Најсветата храна на древните Инки  на Јужна Америка била киноата, едно нежно, вкусно и полно со енергија растение, кое тие го нарекувале цхесиса мама - мајка на житата. Лисјата од растението киноа, кои за жал многу ретко стигнуваат до потрошувачите се многу слични на лисјата од спанаќот и се високо хранливи. Тие можат да се јадат свежи, во салата или зготвени. Семето е богато со протеини, целулозни влакна и е добар извор на аминокиселината лизин, како и другите есенцијални амино киселини.Киноата исто така е богата и со : протеини, железо, калциум, фосфор како и витамините Б и Е. Во исхраната на древните Инки киноата била главна замена за животински протеини. Исто така студиите показале дека додавањето на киноа во исхраната на бремена зена може да ја подобри секрецијата на млеко. Киноата има три пати повеќе калциум и двапати повеќе фосфор од пценицата. Киноата исто така содржи и  албумен, протеин кој се наоѓа во белката на јајцето, во крвниот серум и во многу растителни  и животински ткива. Семето е без глутенско и тоа ја прави киноата нутритивно богато и вкусно алтернативно жито за луѓе кои се чувствителни на глутен. Таа е лесна и вкусна за јадење и брза за дигестија. Покрај тоа нејзината подготовка трае само 15 минути, потполно исто како и другите житарици (ориз, пценица,..)
     
 
БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ - СУПЕРИОРНО МНОГУ СЕЛЕН - имаат околу 2500 пати повеќе селен во однос на било кои други јатки. Селенот е моќен антиоксиданс за кој е докажано дека заштитува од срцеви заболувања и рак, од типот на рак на простата. Високата концентрација на селен во бразилските ореви го забавува процесот на стареење и го стимулира имуниот систем. Во испитување на пациенти со рана Алцхајмерова болест-антиоксидантите, вклучувајќи го и селенот им го подобриле расположението  и менталните способности.
Селенот е важен минерал во трагови кој одрзува нормално функциониранје на тироидната жлезда, на панкреасот, на срцето и помага за еластичност на ткивата. Овај зачудувачки минерал исто така има способност да ја зголеми продукцијата на сперма и нејзината подвижност и да заштити од катаракта. Како и сите минерали, селенот не може да биде произведен во човековото тело и треба да се внесе преку исхраната. За среќа храната која е богата со селен, исто така е и вкусна. Бразилските ореви се доказ за тоа. 1-2 јатки на бразилски ореви дневно можат да ја задоволат васата дневна потреба за селен
     
 
Ржани снегуки -'Ржаните снегулки се природна и здрава храна. Обилуваат со јагленородни хидрати, витамини и минерали, посебно железо. Ја подобруваат крвната слика и го јакнат организмот.Погодно за дијабетичари.
     
 
Пченични снегулки - Корисна е за луѓе заболени од хроничен ревматизам. Интегралната пченица содржи многу растителни влакна (целулоза) и е одлично средство против опстипација (тврда столица). Делува антипаразитски и антиканцерогено, особено во превенција на ракот на дебелото црево. Со своите состојки делува против намалувањето на естрогенот, што превентивно влијае врз ракот на дојките. Го зајакнува имунолошкиот систем и дава енергија. Делува врз растот и развојот и има значајна улога при зачувувањето на цревната флора.
     
 
Јачменови снегулки -Обилуваат со хранливите состојки на јачменовото зрно, како што се: јагленородни хидрати, витамини, минерали.Погодно за дијабетичари. По својот биохемиски состав не заостанува зад другите житарици, а по некои својства е пред нив. Во јачменот има 35% незаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот во крвта што не е случај со ниедна друга житарица. Богат е со витамини (А, Б, Д и Е) особено Б12 кој го нема во продуктите од растително потекло, минерали (калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт, јод), јаглени хидрати 73,4%, белковини 11%, масти 1,8%, ензими и други состојки.

страна: 1, 2, 3, 4, 5