|
Здрава храна - 4 |
|
страна: 1, 2, 3, 4, 5 |
|
 |
|
Интегрален ориз - Интегралниот ориз е основна состојка во здравата исхрана. За разлика од белиот, интегралниот ориз обилува со минерали и витамини неопходни за здрав организам. Интегралниот ориз содржи витамини Б и Е и минерални материи од кои најмногу се застапени фосфорот и калиумот, а во помала мера калциум, магнезиум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, флуор, кобалт, натриум и силициум. Сиромашен е со масти, а богат со скроб поради што е лесно сварлив. Има извонредна хранлива вредност (100 грама содржи 345 калории). |
|
|
|
 |
|
Интегрален сусам - Богат со протеини, ги содржи сите есенцијални аминокиселини особено метионин. Во семките постои една посебна состојка именувана како сезамин кој го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, калиум и железо (во споредба со месен нарезок концентрацијата на калциум е 20 пати поголема, а концентрацијата на железо е 3 пати поголема). Се смета за лековита храна која може да го успори процесот на стареење. Во народната медицина се користи како испробан лек за одстранување на опстипација (тврда столица) и вишокот на течности од организмот |
|
|
|
 |
|
Семки од тиква - Содржат 43% полинезаситени масни киселини и тоа линолна (омега 6) и 14% полинезаситена линоленска киселина (омега 3),36% мононезаситени масни киселини и 8% заситени масни киселини, 24% протеини, јагленихидрати, од минерали: цинк, калиум и железо, од витамини- Б група.Масните киселини се неопходни за добар вид, концентрација, регулирање на нивото на холестерол во крвта, за добар имунитет и активен метаболизам. Омега 3 и омега 6 масните киселини присутни во семето од тиква исто така се неопходни при диети и постови, ја чистат кожата и го штитат срцето. |
|
|
|
 |
|
Соино млеко - не содржи лактоза, холестерол, глутен и заситени масти. Обилува со природни растителни естрогени значајни за регулирање на хормоналниот статус посебно кај жените. Докажано е дека со дневно консумирање на 60 гр. соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските дури за 45%. Тоа е посебно значајно за време на менопаузата кога ризикот од остеопороза е најголем. Со редовно пиење на соино млеко, топлотните бранови како и останатите симптоми кои се појавуваат во периодот на менопаузата значително се намалуваат. |
|
|
|
 |
|
Зелен чај - Содржи многу значајни супстанции кои внесени во организмот предизвикуваат позитивни ефекти. Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај, се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на туморалните клетки, како и превенцијата од појава на рак.
-Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.
- Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза. |
- Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок
- Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари
- Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна
- Спречува појава на кариес (расипување) на забите
- Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно
- Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата
-Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите |
|
|
|
 |
|
Интегрални брашна - За разлика од белото брашно, во себе ги содржи највредните хранливи состојки на целото пченично зрно.Обилува со витамини, минерали, белковини и растителни влакна кои го олеснуваат варењето. Се користи како здрава замена за белото брашно. Брашното од интегрален 'рж е здрава храна која обилува со минерали и витамини. Го зајакнува организмот и ја збогатува крвта со железо после кусо време од консумирањето. Брашното од јачмен е здрава храна која обилува со јаглероднихидрати, белковини, минерали и витамини. |
|
страна: 1, 2, 3, 4, 5
|
|