Мени
Здрава храна - 5
 
страна: 1, 2, 3, 4, 5
 
 

Соја и производи од соја -
Најдобар природен извор на билни протеини. Изобилуваат со витамини, минерали, изофлавоноиди и лецитин кои го регулираат холестеролот во крвта и дејствува превентивно против канцер.
     
 
Ладно цедено масло од тиква - Се добива со механичко пресување и филтрирање на маслото од семките, без хемиски додатоци со што се карактеризира со извонреден вкус и арома. Има темно зелена боја, изразито специфичен вкус . Содржи висок процент на витамин Е и има антиоксидативно дејство. Помага во лекување при заболување на простата кај мажите, проблеми со уретарните заболувања, го успорува процесот на артериосклероза, превенција на инфаркт и мозочен удар, го ублажува реуматоидниот артритис, ја намалува количината на холестерол и триглицериди во крвта, помага во спречување на заболувања на бубрези.Поради големиот процент на еснцијалните омега 3 масни киселини ладно цеденото масло од тиквини семки го штити организмот од инфекции, го зајакнува имунолошкиот систем, срцето и крвните садови. Маслото од тиква дејствува стимулативно на целиот организам.
     
     
 
Ладно цедено масло од сусам - Претставува мешавина од естри на глицерол со олеинска и линоленска киселина (омега 6 масни киселини) неопходни за раст и обнова на клетките, посебно за лица во периодот на раст. Благодарение на високата содржина на витамин Е - природен антиоксиданс, сусамовото масло се користи за лекување на рани, против опстипација, против вишок на киселини во стомакот. Витаминот Е делува антиканцерогено, забавувајќи го процесот на стареење. Со втривање на сусамовото масло во кожата на главата, можете да го намалите и прекинете опаѓањето на косата. Маслото од сусам го спречува растот на малигниот меланом (рак на кожата) и размножувањето на малигни клетки кај рак на дебело црево.
     
 
Ладно цедено сончогледово масло - Претставува ладно цедено нерафинирано масло со пријатна арома и богата содржина на витамини А, Е, Ф, ниацин, мононезаситени и полинезаситени масни киселини.Витаминот Ф во комбинација со полинезаситени масни киселини го зајакнува организмот во борбата против инфекции, кожни егземи и бронхијална астма. Витаминот Ф е неопходен за создавање на простагландини - регулатори на метаболизмот на клетките
     
 
Ладно цедено маслиново масло - има заштитан улога во борбата со предвременото стареење на крвните садови, го заштитува желудникот и црниот дроб, го забрзува и оптимализира растењето во детството, го продолжува животниот век и на јадењата им дава единствен и неповторлив вкус. Маслинките, плод на најдолговечното растение, според легендите, се наменети токму за човекот, за да им бидат храна и лек. Линолната и линоленската киселина го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали. Маслиновото масло содржи 90 отсто витамин Е во облик на алфа - токоферол, кој е најдобриот и најкорисен облик на витаминот Е. Маслото содржи и корисни фенолни компоненти, стероли, сквален и бета - каротин, терпенски алкохоли, фосфолипиди, обоени материи (каротини и хлорофил) и ароматски материи што на маслото му дава специфичен вкус и мирис.
     
 

Комбуха - комбухата е извонреден регулатор на цревните активности.
Со нејзина помош успешно може да го регулирате и избегнете појавувањето на запекот и на хемороидите, но и да ја санирате цревната флора. успех се постигнува при појава на камен во бубрег, мочоводите и во жолчката. Комбухата и нејзините метаболни производи имаат извонредно влијание врз регенерацијата на клетките поради што е одличен лек за артериосклерозата.

Впечатливо е нејзиното делување во пречистување на крвта и отстранување на токсичните наслаги . Имено, таа одлично го стимулира метаболизмот, а со тоа помага во пречистување на телото и елиминација на сите типови отрови. Со консумирањето на комбуха течноста, акумулираните токсини во телото стануваат лесно топливи во вода со што полесно се обработуваат низ бубрезите . Комбухата помага и во случај на трајна главоболка, болки во зглобовите, ревматизам и други проблеми при стареењето

     
 
Кафеав шекер - Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки.Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема.
     
 
Соин лецитин - Соја лецитинот е одличен заштитник на кардиоваскуларниот систем од срцев напад благодарение на линолната киселина (есенцијална масна киселина) која го намалува нивото на холестерол и мастите во крвната плазма. Поради тоа соја лецитинот е идеален во превенција од хипертензија, артериосклероза и кардиоваскуларни заболувања. Соја лецитинот го спречува создавањето на камења во жолчка, ги прочистува крвните садови и го зајакнува миокардот. Ја омекнува столицата и делува против гасови. Го зголемува апетитот кај депресивни лица и делува како благ седатив. Со редовно консумирање на соја лецитинот се подобрува размената на материите и се забавува стареењето на клетките. Она што ќе го приметите кај себе е поголема концентрација со што всушност ја подобрувате својата работна способност. Недостигот од фосфатиди во Вашата исхрана може да се манифестира со дигестивни проблеми, гадење, нетолеранција на масти, замастување на црниот дроб, заборавеност.

страна: 1, 2, 3, 4, 5