Мени
Здрава храна - 1
 
страна: 1, 2, 3, 4, 5
 
     
 
Овесни снегулки - Овесот е житарица со извонредни карактеристики. Богат е со протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Овесот содржи хормон за растење поради што се препорачува да го конзумираат и децата. Покажува одлични резултати и во лечењето на шеќерната болест (има слично дејство на инсулинот) поради што е одлична храна за луѓе оболени од дијабетис.
     
 
Брусница - Изобилува со антиоксиданси, органски киселини, провитамин А( бета каротин), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), витамин Ц и многу други минерали (К, Ца, Мг). Содржи и многу фитоматерии и омега 3 масни киселини. Свежата брусница, сокот, замрзната или сушена е природен антибиотик кој ги уништува штетните бактери и габичните заболувања во телото. Биофлавонидите имаат посебно антибактериско дејство, така да брусницата може да спречи појава на инфекции на уринарниот тракт, (Е. Colli бактерија), исто така состојките на брусниацата делуваат и на уништувањето на Helicobacter pylori, која што е причинител на чир на желудник, го намалува ризикот од појава на болести на забите и забното месо. Состојките на брусницата го намалуваат ризикот од различни карциноми, како што е рак на дојката и дебелото црево, го спречува растот на ќелиите на ракот и неговото ширење. Плодовите на брусницата се доста ценети во храната кај луѓе изложени на стрес, делуваат како заштита кај кадиоваскуларните болести (срце и крвните садови).  
     
  Ладно цедено масло од семка од грозје
     
 
ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ЛЕН - Претставува природен и здрав производ со извонреден вкус и арома,  добиен со ладно цедење на зрели семки од лен.  Се одликува со голема хранливост и лековитост.   Ленот е најдобар извор на омега 3 масни киселини.   Содржи антиоксиданси и корисни диетални влакна.   Го намалува холестеролот,  помага во превенција од срцеви заболувања,  рак и дијабетес.   Заради високата концентрација на есенцијални масни киселини кои ги содржи не се препорачува да се употребува за готвење,  пржење,  се користи исклучиво како додаток на веЌе зготвени јадења или салати.   Со додавање на ленено масло во храна од типот на ферминтирани млечни производи (јогурт),  зеленчуци,  соини протеини,  им помага на есенцијалните масни киселини да се инкорпорираат во менбраната на клетките.   Мешањето на ленено масло со јогурт помага во емулзијата на маслото,  подобрувајЌи ја неговата дигестија и метаболизмот на телото.   Лененото масло најдобро дејствува кога се зема заедно со антиоксиданси како витамин Е,  каротин,  Б6 и магнезиум.  
     
 

Ленено семе - лененото семе не е нова храна. Таа е всусност една од најстарите, и можеби оргинална здрава храна бидејки поради своите лековити својства се одгледувала ширум Римската империја. Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земата по две лажици дневно. Тој е вистинска ризница на добро здравје бидејќи содржи големи количини на витамин Ф. Маслото од лен дава одлични резултати во лечењето на сува кожа (го намалува нејзиното прерано стареење), одлично средство против опстипацијата и ги намалува воспаленијата на органите за дишење, варење и органите за мокрење.
Освен омега 3 масни киселини, ленот е и добар извор на омега 6  или линолејска киселина. Лененото семе содржи висококвалитетни протеини,  богато е со растворливи влакна (што го прави добар ласкатив). Од витамините ги содржи б1, б2, ц, е, каротен како и железо, цинк и други минерали. Ленот содржи масла кои се важни за изградба на мозокот и се посебно важни во периодот на раст на децата. Ленот обезбедува здрава козж во случаи на сува кожа, егземи или при кожа која е осетлива на сонце. Ленот ја намалува склоноста кон дијабетес стабилизирајки го нивото на шеќер во крвта.

 
Ананас - плодот е без маснотии,содржи мала количина на сол, богат е со витамин Ц, а особено обилува со минералот манган. Освен тоа содржи ензим бромелаин кој ја помага дигестијата на протеините.
     
 
Папаја - плод може да се користи во свежа состојба или да се суши и таков да се користи како здрав десерт, за појадок со мусли или како додаток во колачи. Папајата содржи ензим папаин кој го поттикнува варењето на протеините и делува антибактериски. Папајата е богат извор на витамин А, фолна киселина, витамин-Ц, калциум и диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата.
     
 
Манго - Неговата пулпа е жолтеникава поради богарството на каротеноиди и богата содржина на диетални влакна, има сладок вкус и посебна арома. Мангото е едно од најбогатите овошки со провитамин А, богат е со витамин Ц и Б5, а од минералите Ца, П, К, Мг.Токму затоа конзумирајќи манго го снабдувате своето тело со витаминско-минерални состојки неопходни за добро здравје

страна: 1, 2, 3, 4, 5