Мени
Сибирска аронија
СИБИРСКА  АРОНИЈА
 

Сибирската аронија потекнува од северна Америка , а покасно е пренесена во Сибир и северните делови на источна Европа . Индијанците први ги препознаа нејзините лековити својства и ја употребуваа во исхраната.
Науката со почетокот на  90-тите години од минатиот век се заинтересирала за оваа билка и од тогаш потикнуваат големиот број на студии во САД , Русија и Полска за нејзините лековити својства , така што набрзо го добива статусот лековита билка.
Зрелите плодови на сибирската аронија содржат големи содржини на биофеноли , танини , катехини , флавоноиди , антоцианиди ( најповеќе од сите до сега познати овошни врсти) фолна киселина ,  витамин А, Ц (8-10 пати повеќе концентрација отколку во јужното овошје), Б2 ,  Б6, Б9  , Е и доста реткиот витамин П , како и бетакаротен , калиум , калциум , железо, манган ,молигден ,  јод и фосфор. Големите количини на танини и флавоноиди каде што главна улога има антоцианидот , сибирската аронија и ја прави најјак до сега познат АНТИОКСИДАНТ .
Лековити својства и примена
АНТИКАНЦЕРОГЕНО ДЕЈСТВО – во голем процент ги убива малигнити келии кај тумурот на мозок , бели дробови , дебело црево  и црниот дроб (антоцианидот и  проантоцианидин )
АНТИОКСИДАНТ  - го спречува правењето на слободните радикали и дегенерацијата на здравите ќелии во човечкото ткиво и крвната плазма , а со тоа го успорува процесот на стареење на организмот ( танини , флавоноиди , витамин Ц, витамин Е)
ГЛАВА- ја подобрува циркулацијата во крвните жили на главата и помага кај главоболка и мигрена , го запира развојот на атеросклероза и прави јака заштита од појава на деменција и  настанувањето на алцхајмерова болест (антоцианидот , витамин П )
СРЦЕ – го смалува високиот крвен притисок , го враќа лошиот холестерол во нормала и го поттикнува растот на добриот , овозможува брзо опоравување кај срцеви и мозочни удари , го регенерира артериското мускулно ткиво и ја зголемува нивната еластичност , го подобрува формирањето нова мрежа на фини крвни садови после губитокот на функцијата на старите , прави потполна заштита од запушување (антоцианидот , биофенолите , витаминот П )
УРИНАРЕН ТРАКТ –ги лечи уринарните инфекции и воспаленијата на простата ( проантоцианидите)
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ  - ги спречува бактериските и вирусните инфекции ( прелади , грип ...)  ( биофеноли, витамин Ц)
ЕНДОКРИНИ ЖЛЕЗДИ –го подобрува лачењето на хормоните и го регулира работењето на штитната жлезда , го регулира нивото на шеќер и хемоглобинот во крвта , работата на панкреасот и го лекува диабетес . Содржи рекод овошен шеќер  СОРБИТОЛ , а со тоа ја помага диетската исхрана
КРВ И КРВНИ САДОВИ – ја подобрува крвната слика  и ја чисти крвта , ја подобрува циркулацијата , го намалува зголемениот крвен притисок , го смалува лошиот холестерол и го регулира шеќерот , ја зголемува еластичноста на крвните садови ( особено е значајно за диабетичарите) и го спречува нивното запушување , ја спречува атеросклерозата и ги смалува тежините кај воспалени и проширени вени ( флавоноиди , витамин П , проантоцианидин , биофеноли )
ЖЕЛУДНИК- ги смирува грчевите и болките во желудникот , ја смирува воспалената слузница на желудникот , помага кај чир на желудник и желудочна нервоза (антоцианидин )
ЦРЕВА-ги смирува грчевите и болките во цревата , ги смирува воспаленијата на слузницата на цревата и ја запира диареата .
ЦРН ДРОБ И ЖОЛЧКА- ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчниот сок , го прочистува црниот дроб од маснотии , ги лечи и регулира воспаленијата на жолчната кеса  и жолчните канали,  жолтица,  жолчен песок и жолчниот камен ( фенолите и флавоноидите)
ОЧИ- го подобрува видот , ги лечи дегенеративните промени , ги штити очите од  УВ зрачењето , ја спречува катарактата (антоцианидот , витамин П , бетакаротин )
КОЖА – ја зголемува еластичноста и значително го смалува присуството на бори и стрии , ги отклонува флеките од сонцето и испуканите капилари , ја освежува кожата , го успорува стареењето ( витамин Е , бетакаротин , флавоноиди).
 ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ – се врзува за тешките метали и радиоактивните елементи во телото и овозможува нивно излачување што е од најголема корист после изложеноста на зрачење  кај постоперативните терапии (масовно користена после несреќата во чернобил за смалување на тежините на најизложените службени лица .)
МНОГУКРАТНО ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО НА ЗАРАСТУВАЊЕТО НА РАНИТЕ И ВРШИ НИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА – што е поготово важно во постоперативниот период ( биофенолите, витамин П  ,Ц и Е )