ОСНОВНА ДИЕТА ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ
Резултатите се од 2-3 недели, но упорно што подолго да се јади храна која помага да се нормализира холестеролот: мешунки, овес (зоб), чај од овезова вода, ленено семе, соја, шитаке, домашна јаболкова киселина, јаболка, морков, маслиново масло, авокадо, бадем, орев, лук, кромид, морски плодови, поготово мрсна риба, овошје и зеленчук богато со витамин Ц и бета каротин, сите житарки, масло од семка од грозје.
Храна која го зголемува штетниот холестерол: заситените масти, рафиниран шеќер, рафинирано брашно.
Треба да се храниме како би го зголемиле ХДЛ корисниот холестерол, за сметка на ЛДЛ штетниот холестерол. За таа цел јадете мешункаст зеленчук. Тој е најефтин и најбезбедно распространет природен лек за борба против холестеролот. Резултатите се од 2-3 недели и ЛДЛ холестеролот ќе се намали за 20% (грав (бел, црн, шарен)), наут, соја, препоарачана доза е барем 1 шола мешунка на ден и тоа распоредено на 2 пати на пример за ручек ½ шола и ½ шола за вечера. Студиите низ целиот свет покажуваат дека сојата е многу моќна храна за снижување на холестеролот. Соино зрно, соини снегулки, соино млеко, тофу, чист протеин од соја (изолат од соја). 3-4 чешниња лук на ден и пола главица кромид – дневно успешно ќе помогне против ЛДЛ холестерол,. Лососот, маслиновото масло, јагодите, 2 јаболка на ден, моркови.
Што да се јади да се намалат триглицеридите
масло од семка од грозје, помага храната од морето, најповеќе рибиното масло (скуша, лосос, туна, сардина), лук, 1 шола мешунки на ден, диета со многу малку масти. Намирници кои можат да ги повишат триглицеридите: рафиниран шеќер, рафинирано брашно, овошни сокови со додаток на шеќери, поголемо количество на алкохол, поготово пијанствата. 1 чаша не ги зголемува триглицеридите. Јадете ладно цедени масла, бадем, житарици – поготово пченични хикулци – клици, овошје и зеленчук (бета каротин), сардини и скуши богати со коензим Q10, авокадо. Соин лецитин успешно ги намалува триглицеридите.
Храна против згрутчување на крвта
храна која што може да спречи згуснување на крвта: лук, кродмид, лута пиперка, џумбир, каранфилче, азиска црна печурка, овошје и зеленчук, маслиново масло, лосос, туна, скуша, чај, црно вино 1 чаша, редовно пиење мали количини црно вино со оброк значително ги спречува срцевите заболувања, а земање поголеми количества и пијанства го зголемуваат згрутчувањето на крвта и кардиоваскуларните заболувања. Важно е да се пие црно вино со оброкот така да може директно да ги поништи факторите од храната кои го поттикнуваат згрутчувањето и да се пие голтка по голтка.
КАНДИДАТА Е ИЗЛЕЧИВА
Таа живее во кожата, устата, гениталниот, гастроинтестиналниот тракт.
Дијабетисот создава зголемен ризик за појава на кандидијаза. Продолжениот хроничен физички и психички стрес, како и исхраната со многу шеќери и концентрати од шеќери, разни слатки и преработени прехрамбени производи создаваат оптимални услови за ширење и размножување на кандидата. Докажано е дека употребата на оралните контрацептивни средства влиае на зголемено присуство на кандидата. Кандида причинува и разни гинеколошки проблеми - вагинална габична инфекција, која се манифестира со чешање, црвенило, иритираност и густ бел секрет. Симтоми во дигестивниот тракт се манифестираат со зголемени гасови, периодичен запек, дијареа, лошо варење на храната и грчеви во цревата. Во устата се појавуваат бели наслаги (скрами). Чести се болките во мускулите и глуждовите, а на жените рацете и ножете им се студени.
Народната медицина и нутриционизмот препорачуваат употреба на ориблети со прочистен прополис во комбинација со неколку лековити растенија. Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само 8 секунди. За борба против габичните инфекции се препорачува земање витамин Ц, најмалку трипати дневно по 1 гр секогаш во комбинација со матичен млеч. Се препорачува и секојдневна употреба на лукот, витамини од Б-групата како и есенцијални масни киселини од незагреано ленено масло. Помага и редовно пиење и свежо исцедени сокови од зеленчук пред секое јадење. Од исхраната освен шеќерите треба да се отстранат и ферментирани газирани напитоци. Исхраната треба да биде според крвните групи. За да се заштитат жените од габичните инфекции, освен хигиена треба да ги избегнуваат стресните ситуации и да носат памучна долна облека, а не треба да носат тесна облека.
Свежи сокови
-Потребни состојки: 280 гр моркови, 170 гр спанаќ. Исцедете го зеленчукот. Сокот се пие по 1 филџан, трипати дневно пред јадење.
-Смеса од 255 гр сок од моркови и 200 гр сок од целер. Се пие по 1 филџан, теипати дневно пред јадење.
-Смеса од 200 гр сок од моркови, 110 гр сок од целер, 60 гр сок од магдонос и 90 гр сок од спанаќ. Се пие по 1 филџан трипати на ден пред јадење.
Прополисот ја уништува габичката кандида албиканс
Преголемо присутво на габичката кандида албиканс на одредена локација во организмот се нарекува кандидијаза. Габичката кандида албиканс живее во кожата, устата,гениталниот и гастроинтенстиналниот тракт, но под одредени услови може многу да се разложи и да го зафати скоро секој човеков орган.
Одредено ниво на кандида албиканс во организмот е корисно бидејќи на извесен начин го помага балансирањето на нормалните телесни функции. Но кога бројот на габичките кандида албиканс енормно ќе се зголеми, тие лачат енормно количество на токсини во организмот и го слабеат имунолошкиот систем.
Кандидијазата е почеста кај жените
Кандидијазата се јавува и кај мажите, но кај жените е почеста поради анатомската структура. Земање орални антибиотици е главна причина за зголемена продукција на габичките. Иако антибиотиците се наменети исклучиво да ги уништуваат штетните бактерии, бидејќи не дејствуваат селективно, тие ги уништуваат и корисните бактерии. Според д-р Сиберт,антибиотиците не влијаат на габичките бидејќи тие имаат поинаква биохемиска структура во однос на бактериите. Според тоа кога антибиотиците ќе ги уништат бактериите на габичките им се создава место да се размножуваат и им се нуди храна за растење. Така, антибиотиците им овожможуваат на кандида албиканс да се репродуцира на друго место и да создаде услови за појава на повратни инфекции и други заболувања. Во бременоста и во менопаузата нивото на естрогените варира и се создаваат предуслови за појава на инфекции. Жените се подложни на кандидијаза, особено на крајот на манструалното крвавење.