Мени
Исхрана во бременоста

Кравјо или козјо млеко
Најдобро е до една година детето да консумира само мајчино млеко. Покасно консумирањето на козјо млеко е подобро и  има голема предност над кравјото. Млечната маст во козјото млеко се содржи од 2,5 до 4 отсто и тоа во форма на масни глобули , кои обезбедуваат подобра хидролиза на масните киселини и придонесува за полесна сварливост во однос на кравјото млеко, што е особено важно во исхраната на децата кои имаат мала апсорпција. Млечната маст од козјото млеко брзо се разградува, подобро се апсорбира во дигестивниот систем и потребни се 40 минути да се апсорбира т.е. да се свари, а кравјото млеко се вари и по два и пол часа. Потоа козјото млеко дава добри резултати и при лечење на срцеви заболувања, детска епилепсија, болести на жолчката, фиброзни цисти и друго. Децата што се хранат со козјо млеко подобро напредуваат (побрз раст), поголема телесна маса и подобра минерализација на коските во однос на децата што се хранеле со кравјо млеко.
Млечната маст од козјото млеко содржи линолна киселина за која е докажано дека поседува антиканцерогено дејство, а содржи и помалку холестерол.
Според протеинскиот состав козјото и кравјото млеко се слични, разлики има во аминокиселинскиот состав. Протеините од козјото млеко се полесно сварливи од оние на кравјото и апсорцијата на аминокиселините е многу поефикасна.
Козјото млеко содржи помалку лактоза од крајото и е предност за децата кои не поднесуваат лактоза. Интолеранција на лактоза е состојба која настанува какао последица на неапсорбираната лактоза. Козјото млеко содржи олигосахариди кои влијаат противвоспалително и го олеснуваат варењето.
Козјото млеко содржи 13% повеќе калциум, 25% повеќе витамин Б6, 47% повеќе витамин А, 134% повеќе калиум, трипати повеќе ниацин ... Калциумот и фосфорот се особено важни за минерализација на коските на децата.
Уште од времето на Хипократ со сурутка од ова млеко се лекувале болести како бронхопневмонија, жолтица и реума. Во поново време се препорачува како превенција против алергија на некои алергени кои се чести кај бебињата и малите деца. Алергијата на протеини од кравјото млеко може да се манифестира на различен начин и на разни органи. Ако се работи за органите за варење можи да дојди до повраќање, дијареа, болки во стомакот...  При алергија на дишните органи се јавува бронхитис и стеснување на бронхиите и имаме отежнато дишење. Во првите месеци од животот чести се појави на дерматитис, утврдено е дека кравјото млеко било главен причинител на стомачни грчеви кај бебињата до тримесечна возраст. Грчеви се забележани дури и кај бебињата чии мајки пиеле кравјо млеко. Исто тако околу 40% од пациентите осетливи на протеини на кравјо млеко добро го поднесувале козјото и затоа консумирајте козјо млеко во замена на кравјо.

 
Витамини , минерали, јаглено хидрати
Исхраната треба да е приспособена на бременоста, разновидна, богата со витамини, минерали, олигоелементи, јаглехидрати, белковини и помалку масти. Храната богата со витамини, олиго-елементи и растителни влакна е потребна за полесна дигестија бидејки опстипацијата е многу цеста кај бремените жени. Потребно е да се избегнува употреба на пржена храна,  масна храна , зачинета, приготвена на скара, како и прекумерна употреба на сол.  Сето ова пеидонесува за подолго задржување на течностите во телото и за појава на едеми кај трудницата.Во бременоста, исто така, се зголемува потребата на железо.
Д – витамин преку исхраната
Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските и за целокупниот развој на плодот. Сончевата светлина е извор на витамин Д, но во текот на зимата помалку сте изложени на неа, па затоа треба сите убави денови да се искористуваат на сонце и да се посоветуваме со доктор за земање на  дополнителни витамини. Витаминот Д кој мајката го внесува преку исхраната и суплементите на исхраната е доволен во текот на бременоста, а по породувањето тој продолжува да му се дава и на новороденчето.
 
Зимски активности за трудници
Умерената физичка активност е пожелна кај секоја здрава бременост, меѓутоа зимските денови донекаде ги ограничуваат таквите активности. Секоја зимска активност што носи ризик од паѓање, како што е скијањето, треба да се избегнува.доколку дојје до пад, може да има погубни последици и за мајката и за бебето.
Правило е трудницата по првото тромесечие да се ограничи од сите активности што вклучуваат  лежење на грб бидејќи на тој начин тежината на матката ќе изврши притисок врз крвните садови кои ги снабдуваат матката и фетусот. Не се препорачува започнување со нови спортови. Како и во кое било друго време од годината се препорачува лесно вежбање, во консултација со гинеколог и шетање.