Коноп (Cannabis sativa L.) е една од неколкуте видови на растенија кој бил откриен пред илјадници години со неговите бројни поволни ефекти и од тогаш се одгледува.
Семе од коноп - нутритивна вредност и состојки

Конопот потекнува од Централна Азија, но е проширен во различни климатски подрачја почнувајќи од области со многу малку сонце и со многу краток период на растење, до субтропски зони со многу сонце и долг период на растење. Според тоа насекаде низ светот може да се најдат одгледувачи на коноп со многу различни подвидови. Конопот бил избран пред илјадници години поради неговите разновидни поволности, како оптималната адаптација на различни почви, неговата оптимална жетва за различни производи од коноп и други поволности во врска со растењето и одгледувањето.
Најпрво, конопот е вреден производител на сирови материјали не само за индустријата и трговијата, туку и за храната и козметиката (масла, протеини, јаглени хидрати и др.). Некои од значајните карактеристики на овие производи може да се добијат и со одгледување на слаба или загадена почва, дури и со мали стапки на жетва. Одгледувањето на коноп не бара било какви пестициди според тоа се заштедува на трошоци за материјали и работна сила.
Семето од коноп не содржи било какви отрови или попречувачки супстанци, како памукот, или сојата и според тоа може да се конзумира сирово, маслото од коноп нема потреба да биде рафинирано ни пастеризирано. Семето од коноп не ја содржи дрогата Делта-Д-Тетрахидроканабинол (THC, активна супстанца во марихуана и хашиш). THC главно се наоѓа во жлездите на листовите во женските растенија. Се случува за време на жетвата на семето неколку семки да се заглават во овие жлездите на женските листови. Но, овие количини се мнигу мали и се во согласност со Европскиот закон така што не претставува проблем. Дури и семето од коноп од видовите на коноп со висока содржина на THC треба да подлежи на мерења за време на пресувањето на маслото за да се детектираат траги на THC во маслото. Според тоа, коноповото семе не му штети на вашето здравје и нема ефект на дрога врз вас.
Во минатото коноповото семе било познато како храна за животни (птици), но и како совршен додаток во исхраната на човекот; само благородниците ги игнорирале многуте хранливи состојки од конопот. Добро избалансираниот однос на полинезаситени масни киселини во коноповото масло е идеален за човечкиот метаболизам, што го прави конопот идеален снабдувач за синтеза на протеини, особено имуноглобулини кои се важни за одржување и зајакнување на одбрамбениот механизам на човекот и според тоа го прави помалку склон кон болести. Путерот направен од конопово семе ги содржи сите потребни состојки. Од ладно цеденото конопово семе се добива темно зелено масло, кое содржи хлорофил и каротиноди. Хемиски, маслото од коноп е како и другите масла, триглицерид, односно молекул на глицерин со три различни многу долги масни киселини, совршен состав идеален за човечката исхрана. Ова го става коноповото масло на позиција на извонредни биолошки вредности.
Доминантната масна киселина е незаситената линолна киселина следена од незаситената алфа линолинска киселина. Двете киселини се многу битни во човечката исхрана и според тоа треба да бидат дел од секојдневната исхрана. Уникатно во маслото од коноп е неговиот однос од 1/3 на двете масни киселини оптимални за човековиот метаболизам. На човечкото тело му требаат и двете масни киселини за одржување на производството на регулирачките хормони со краток живот, за одржување и како составен дел на имунолошкиот систем и за континуитет на метаболизмот на клетките. Односот на овие масни киселини е особено важен за градењето на мембраната за клетките. Добрата употреба на маслото од коноп во човечката исхрана не води до холестерол така брзо како на пример употребата на цврстите растителни масти или животински масти.
Најбитниот составен дел на маслото од коноп е незаситената гама линолинска киселина во однос 1,5-6% за метаболизам, зависно од видот на конопот. Гамалинолинската киселина и неодамна откриената омега-3-стеаридонска киселина се важни фактори за функционирање на хормоните, нервите, мускулите и крвниот притисок. Друг битен аспект од високиот состав од над 70% незаситени масни кисеини е неговиот совршен состав, идеален за човечката исхрана. Повеќето масти и масла со заситени масни кисеини се разложени, делумно претворени во енергија од човечкото тело и делумно се складирани во масните клетки (холестерол). Според тоа незаситените масни киселини играат важна улога во синтезата на битните хормони, во поддржување на имунолошкиот систем и одржување на енергични клетки со подобрување на метаболизмот на сите клетки.
Уште од средно време фармерите го користеле конопот за правење на каши и путер. Благородниците го занемарувале конопот како вредна храна и според тоа не му давале значење како додаток во исхраната. Протиеините во конопот го зајакнуваат одбрамбениот механизам на организмот, поради хемиската блискост со имуно глобулините и според тоа го подобрува имунолошкиот систем. Состојките на маслото се од витално значење поради содржината на незаситени масни киселини и гама линолинска киселина. Составот на протеините од конопот е 65% глобулин едестин и други албумини кои се слични со крвната плазма.
Семето од коноп е совршен додаток за печење, супи и други јадења и според тоа не се искористува целосно неговата вредност со користење само како животинска храна или храна за птици. Во процесот на пресување и брусење на семето од коноп се екстрахираат протеини. Брашното од коноп се добива после просејување на пресираната супстанца со цел да се елиминраат некои заостанати лушпи.
Со повторното откривање на здравите и нутритивни својства на конопот, се развија нови технологии за унапредување на подготовката на јадења со конопово семе. Повторното откривање на конопот како храна не е само есенцијален, докажан напредок кон здрава целозрнеста исхрана туку е исто и вкусен додаток на модерното готвење. Зголеменото производство на коноп во иднина ќе ја зголеми количината на здрави, вкусни јадења со коноп. Ваква здрава исхрана со сите есенцијални амино и масни киселини, без холестерол, ГМО, хормони и деструктивни антибиотици е совршна причина за да се осврнеме кон човечката традиција на одгледување на коноп стара илјадници години.
Следниве табели и графици ги покажуваат карактеристиките и содржината на различни конопови производи.
Нутритивни факти за 100g
Анализа на масните киселини во коноповото масло
Заситени масни киселини во % од вкупните масни киселини
Palmitic киселина (16:0)6.50%
Margaric киселина (17:0)0.03%
Stearic киселина (18:0)2.50%
Arachidic киселина (20:0)0.40%
Behenic киселина (22:0)0.20%
Lignoceric (24:0)0.06%
Вкупно заситени масни киселини9.7%
Незаситени масни киселини во % од вкупните масни киселини
Palmitoleic (16:1)12%
Олеинска киселина (18:1 omega-9)10.50%
Линолна киселина (18:2 omega-6)3.10%
Алфа-линолинска киселина (18:3 omega-3)20.0%
Стеаридонска киселина(18:4 omega-3)1.20%
Eicosaenoic киселина (20:1)0.50%
Вкупно незаситени масни киселини90.20%
Хемиска анализаВитамин E
100-150 mg/100g (најмногу гама-токоферол) 13-20 IU/100g (како еквиваленти на алфа-токоферол)
Хлорофил50-20 ppm
Содржина на THCНема
Специфична гравитација0.92 kg/l
Вредност на јод110
Вредност на перикси0.3 meg/kg
Слободни масни киселини1.50% (како олеинска киселина)
Фосфатиди100-400 ppm
Точка на чадење330 °F (165 °C)
Точка на топење18 °F (-8 °C)
Холестеролнема
Забелешка: 1ppm (дел по милион? / милионити дел) = 1 mg/kg = 1 mcg/g
Маслото од семе од коноп е наречено “Совршено балансирано масло од природата” поради фактот дека содржи совршено балансиран 3:1 однос од двете потребни есенцијални масни киселини за долгорочна потрошувачка. Омега-6-Линолна киселина: Омега-3-Линолинска киселина. Коноповото масло исто така е одличен извор на супер-полинезаситената гама-линолинска киселина со 2,5-3%.
Само маслото од коноп содржи омега-6, омега-3 и 75-80% полинезаситени масни киселини - најголема количина во растителното кралство и единствено помеѓу маслата од семки.
Масла кои содржат омега-6 и омега-3 (однос)
Коноп 3:1 (оптимално)
Лен 1:4
Канола 2:1
Соја 7:1
Есенцијални масни киселини
Есенцијалните масни киселини (ЕМК) се сметаат за есенцијални бидејќи нашето тело не ги произведува самостојно, ниту пак тие може да бидат произведени од други масти или масла во исхраната. Присуството на есенцијални масни киселини во нашата исхрана сега се смета критичен аспект во одржувањето на одлично здравје цел живот. Есенцијалните масни киселини се моќни антиоксиданти кои ја штитат кожата од прекумерно изложување на сонце. Тие исто така играат важна улога во подобрување на имунолошкиот систем, поради нивните потенцијални анти-инфламаторни карактеристики. Тие ни помагаат да ги согориме вишокот на масти преку донесување на готова енергија која помага да се изнесат токсините од кожата, цревата, бубрезите и белите дробови. ЕМК го хранат мозокот и очите, кои од голем процент се составени од омега-3 масни киселини. ЕМК исто така, го подмачкуваат нашиот кардиоваскуларен систем, намалувајќи ја опасноста од срцеви заболувања и инфаркт. Конопот е една од ретките растенија кои содржат значајна количина на следните есенцијални масни киселини: омега-6 (линолна киселина и гама линолинска киселина) како и омега-3 (алфа линолинска киселина). Содржината на масло на конопот нормално содржи околу 80% од овие есенцијални полинезаситени масни киселини, со омега-6 и омега-3 во совршен однос од приближно 3:1 или 4:1. Совршениот однос на омега-6 и омега-3 е 3,38:1, речиси колку 3:1 односот кој се препорачува за човековата исхрана од водечкиот американски експерт за масти и масла Удо Еразмус и 4:1 просечен однос кој се препорачува од Светската здравствена организација, Шведска и Јапонија. Коноповото семе е единствената позната храна што ги поседува овие идеални односи. Рибиното масло и маслото од лен се богати со омега-3, но не и со омега-6. Речиси сите јаткасти плодови што вообочаено се конзумираат и семки се богати со омега-6, но не и со омега-3. Омега-3 масната киселина се зголемува кај конопот што е одгледуван на екстремните северни и јужни хемисфери. Колку е климата постудена толку е поголема потребата од полинезаситени масни киселини, особено омега-3, кои се содржат во добар дел не само во коноповото семе туку и во рибите во студените води, морските фитопланктони, ленено семе, модрозелена алга и многу други интересни извори. Омега-3 масните киселини исто така не штитат од прекумерно изложување на сонце, што е особено силно во екстремните северна и јужна хемисфера во лето. Научните откриле дека кокосовото масло ја зголемува ефективноста на омега-3 масните киселини во конопот, па се препорачува конзумирање на конопово семе заедно со сиров органски кокос.
Гама линолинска киселина
Семето од коноп, како и спирулината, ја содржи супер анти-инфламаторната есенцијална масна киселина позната како гама линолинска киселина (ГЛК). ГЛК е покажано дека го инхибира формирањето на воспалителните простагландини (краткотрајни хормони) и масните метаболити на варењето. ГЛК исто така помагаат за рамнотежа на хормоните. Ова значи дека коноповото семе може позитивно да го подобри предменструалниот синдром, исто и промените во однесувањето. Недостаток на ГЛК покажано е дека предизвикува жените да станат преосетливи на нивните пролактички хормони, што предизвикува болку во градите.
Минерали
Конопот е супериорен во апсорбирање на минерали од почвата. Коноповото семе е одличен извор на минерали. Откриено е дека коноповото семе ги содржи следните минерали:
- фосфор (енергетски минерал за полнење, потребен за подобрување на цврстината на коските)
- калиум (енергетски минерал за акција)
- магнезиум (отвора над 300 различни патишта на детоксификација во телото)
- сулфур (минерал примарно за убавина и долговечност)
- калциум (го релаксира дигестивниот тракт и мускулниот систем, ги отфрла токсините)
- железо (изградител на крвта и оксидатор)
- манган (изградител на крвта и оксидатор)
- цинк (минерал за убавина, ја подобрува кожата и црниот дроб)
- натриум (го балансира калиумот, ги храни надбубрежните жлезди)
- силициум (минерал за убавина, потребен за подобрување на цврстината на коските)
- бакар (дел од витаминот Ц комплекс, ја враќа првобитната боја на косата)
- платина (ензимски господар на минералите)
- бор (му помага на калциумот, ги нормализира хормоните за време на менопауза)
- никел (игра клучна улога во метаболизамот на ензимите)
- германиум (антивирусен, имуно поддржувачки минерал)
- тин (помага за спречување на опаѓањето на косата на мажите)
- јод (тироиден минерал, ја подобрува хипотироидозата)
- хром (минерал на панкреасот)
- сребро (антивирусен, антигабички и антибактериски минерал)
- литиум (алкален минерал за подобрување на расположението)
Како да се употребува коноповото семе
Коноповото семе е одлично кога се јаде само, како ужина. Исто така се користи и попрскано врз салата, во густи цедени сокови или во преливи за салата. Целите зрна може да се покиснат во вода, ако сакате, за да се намалат инхибиторите на ензими што ги има во конопот. Потоа може да се сомелат и да се јадат. Слободно може да се додава во свежи сокови, сирово чоколадо (какао), домашни преливи за салата. Коноповото семе е побогато со протеини и позаситувачки од повеќето семиња за салата како сончоглед или афион.
За кого е препорачлив конопот?
Во време кога се повеќе потрошувачи стануваат се поинформирани и посвесни за исхраната, станува поважно да се понудат врвни и природни храни. Конопот е препорачлив за сите групи и за сите возрасти бидејќи е многу вреден еколошки и нуртитивно, и нуди многу предности на секого.
Луѓето кои сакаат да се хранат здраво, очекуваат внимателно избрана разновидност на состојки кои се добро избалансирани, и малку повеќе од тоа. Конопот им нуди на луѓето со алергии природна шанса да подобрување на нивната состојба. Поради се поголемиот број на луѓе со алергии, производителите се поттикнати да бараат нови средства. Бидејќи конопот не само што е еколошки одгледан, туку е практично и без аларго-отпорни материи, тој е значајна алтернатива за исхрана на луѓето што страдаат од алергии (пр.целијакија и неуродерматитис) бидејќи е и без глутен.
Поради присуството на високо квалитетни протеини и полинезситени масти, конопот исто е погоден и за спортисти. Тој обезбедува енергија преку протеините и растителните масти, но исто така обезбедува и витамини и го балансира нивото на минерални материи. Покрај овие биолошки предности, конопот исто така е многу ефективен и во мода. Ова е не само поради тоа што конопот се промовираше во последно време туку и поради нараснатото љубопитство на луѓето кои во главно бараат нешто ново и посебно. Самиот збор коноп предизвикува љубопитство особено кај млади луѓе. Затоа треба да се нагласи дека конопот кој ние го снабдуваме е без халуциногени суспстанци и од контролирано органско потекло. Како што може да се види, конопот ја задоволува побарувачката на модерниот и свесен купувач и исто така ги задоволува нивните потреби.
Рецепти со коноп
Конопово млеко:
1чаша конопово семе
4 чаши чиста вода
1 прстофат морска сол
1 ванила стапче
Изблендирајте ги сите состојки и исфилтрирајте со газа. Додадете 1-3 лажици засладувач по желба (сиров мед, агаве сируп, стевиа). Ако сакате додадете и шумски овошја, праски и/или папаја. Ако конопот е со лушпа, киснете го 8-12 часа, исцедете ја водата, измијте го конопот и изблендирајте како што е кажано погоре. Додадете млеко од коноп на вашиот шејк или смуди, утрински мусли, или на вашето кафе или чај. Исто така можете да го пиете чисто.
Масло од Коноп hanf&natur

Медицинската употреба на маслото од коноп е позната со векови. До денес науката се концентрирала само на маслото од коноп како активна компонента. Според тоа, за маслото од коноп, како придонесувач за есенцијалните масни киселини како линолната, алфа и линоленската киселина и пред се гама-линолинската киселина се уште не се знае. Само 100 гр. семки од коноп (или 30 гр. масло од коноп), е доволно за задоволување на дневните потреби на есенцијалните масни киселини. Составот на масните киселини покажува висок процент на полинезаситени масти:
Линолна киселина
Алфа-линолинска киселина
И ретката Гама-линолинска киселина
Ладно цеденото масло од коноп игра многу важна улога како лек или како нутритивен суплемент со својот придонес од линолната и линоленската киселина. Маслото од коноп е многу добро масло за јадење и единствено масло кое содржи гама-линолинска киселина. Според тоа, маслото може да биде вклучено во исхраната на луѓе кои страдаат од неуродерматитис. Ова е еособено битно за лица кои имаат проблеми со земањето на лекови.
Недостаток на есенцијални масни киселини може да предизвика кожни мутации или варијации како кај неуродерматитисот. Есенцијалните масни киселиниа се клучни за заштитната функција на кожата. Тие ја регулираат трансепидермалната загуба на вода што се појавува кај кутикулите. Овие симптоми се појавуваат при недостаток на есенцијални масни киселини.
Постојат бројни анализи за терапевтското влијание на линолната киселина и гама-линолинската киселина. Во 1982 година Wright и Burton направиле истражување во кои вклучиле 99 возрасни и деца. Пациентите примале по 360 мг. линолна киселина и 45 мг. гама-линоленска киселина на ден за време од 12 недели. Резултаите биле значајно подобрување на патологијата на нивната кожа. Третманот немал несакани ефекти. Нанесуваната доза е еквивалентна со 12 пати по 1,5 гр. масло од коноп. Конверзиата на семките и маслото од коноп во активна супстанца се одвива на следниот начин: за апсорпција на 1 гр. гама-линолинска киселина потребно е 100 гр. семки од коноп или 30 мл. масло од коноп. За да се задоволат дневните потреби на линолна киселина потребно е помалку од 20 мл. масло од коноп или 50 гр. семки од коноп.
Маслото од коноп е модерен и здрав додаток на скоро секој вид на храна, пецива и тестенини. Конопот за јадење задоволува хранливи материи со високо квалитетни состојки. Семето од коноп (лупено или нелупено) обезбедува:
- сите потребни аминокиселини (есенцијални и неесенцијални)
- во маслото од коноп 75-95% незаситени масни киселини во вистинскиот сооднос за човековата исхрана
- 2-4% гама-линоленска киселина за одржување на здравјето на крвта
- минерални хранлви материи (калциум, калиум, фосфор, железо и многу други)
- диететски влакна, кои се добри за дигестијата
- витамини (Б, Е)
Препорака за употреба:
Маслото од коноп на hanf&natur е 100% природно и органско масло и нема ризик од предозирање и нуспојви-контра индикации но би ви препорачале да не конзумирате повеќе од 50мл дневно. Можете да почнете со една супена лажица масло измешано со малку лимон (како би ја олеснале дигестијата на малото и му ја олеснете работата на црниот дроб) наутро и навечер. По потреба и во зависност случајот може да се консумираат и по 4 супени лажици на ден. Исто така се користи и за мачкање на оштетената и проблематична кожата. |