Мени
Мед
 

Багремов мед: Има бледо зелена нијанса,ароматичен е и пријатен.Долго време не се кристализира.Ја регулира функцијата на желудникот,го запира крваренјето,ефикасен е против кашлица и висока температуре,при очни болести,смирување на нервите,стресни ситуации и против несоница.

Костенов мед :Медот е темно жолт,горчлив вкус и е еден од најбараните медови заради своите лековити својства и големото количество полен.Помага при бронхитис,асма и др. болести на дисните патишта,болести на крвните садови,го подобрува апетитот,помага при болести на органите за варење,желудникот,црниот дроб,жолчката,простатата,слабокрвност.

 

Липов мед :Светло жолта боја,специфичен мирис и остар вкус.Предизвикува потење и незаменлив е при настинки.Се употребува при ангина,воспалителни процеси рани,изгореници,при болести на желудникот,црниот дроб и бубрезите.

Мед од сончоглед :По костеновиот мед е еден од најбогатите со полен.Со жолта боја,брзо се кристализира.Се препорацува при настинки,грип,кивавица,болести на дисните органи.

Ливадски мед :Може да варира според бојата,мирисо и вкусот.Бојата му е од жолта и светло црвена до темно жолта,црвена а може да биде и потемен.

Мед од жалфија :Има темно жолта или потемна боја,пријатен мирис и вкус,по малку горчлив.Го запира крварењето,дејствува против воспаленија,има силно бактериско дејство.Се употребува против настинки бидејки полесно ја исфрла од душникот и од бронхиите,па и од желудникот.Чајот со мед од жалфија не се пие топол туку млак.

Шумски мед :Овај мед не потекнува од нектарот,пчелите го собираат од листовите и игличките на разни листопадни и зимзелени дрва.Овај мед по својот состав најблиску е до составот на човековата крв,најпрепорачлив е при слабокрвност.

Мед од детелина :Светол мед со пријатен вкус и мирис.Помага при кашлици,артерио склероза,болести на црниот дроп,за чистење на крвта,при различни воспаленија.

Мед од капина :Дава квалитетен мед,од светло жолта до потемна боја,со пријатен вкус и мирис.Помага при болести на респираторните органи.

Мед од малина :Дава ароматичен светло жолт мед,со суптилен мирис и вкус.Се употребува при настинки и се препорачува како превентивно сретство против грип.

Мед од маслодајна репка :Медот е жолт,брзо се кристализита.Дава добри резултати при лекување на чиреви,го потикнува мокрењето.

Мед од хелда :Темен,јак,со непријатен мирис и со не многу пријатен вкус.Богат е со минерални материи,особено со железо.Многу корисен при анемија,хипо и авитаминоза,различни крвавења,покачен притисок,болести на крвните садови ид р. болести.

Мед од глуварче :Има интензивно жолта боја,одреден мирис и вкус.Се кристализира многу брзо.Се препорачува заради своето диуретичко и лаксативно својство и за чистење на црниот дроб.

Мед од лаванда :Светло жолт мед со јак мирис и вкус.Погоден е кај болестите на црниот дроб,го потикнува лачењето на жолчката.Овај мед во чај од камилица го смирува организмот,се употребува против подуеност и го забрзува мокрењето.Добро дејствува проти мигрена и вртоглавица,им помага на срцевите болни ин а лицата со низок крвен притисок.

Мед со полен :Направен е од одбрани сорти на мед и полен(цветен прав).Се применува како здрава храна кај хронични цревни заболувања,воспаление на џигерот,хроничен запек,чир на желудникот,кај заболување на простатата и др.  

Бронхи мед :Одбрани сорти на мед,прополис,анис и мента.Го олеснува дишењето и искашлувањето,ја спречува кашлицата кај воспаление на грлото,слузокожата,усната шуплина и желудникот. 

Прополисен мед :Одбрани сорти на медови и прополиси.Најполезен е против:ангина,бронхијална астма,заболувања во усната шуплина,грло,ждрело,синус ии др. 

Мед за шекераши :одбран мед со додаток на витамини:Б-комплекс,ПП и Ц-витамини во строго одреден однос.Ваквата мешавина го зголемува лачењето на инсулин во организмот,а и самата комбинација делува слично на него.