Работа на пчеларникот во Септември
Зголемување на виталноиста на зимските пчели
Септември е месец на цветање на растенијата кој обезбедуваат помали количини на нецтар и полен . Но Септември го означува почетокот на есента и се одликува со значително пониски температури со вечерните часови.
Пчелите ги претчуствуваат атмосверските и астрономските промени и го ограничуваат нивниот развој. Во нивното тело настануваат анатомско - морфолошки промени натрупуваат мрсно ткиво во своето тело .Тие стануваат потешки , го намалуваат движењето , а често нивното движење се сведува на ориентационо летање околу кошницата и ослободување на стомачно - цревната содржина.
Биолошкиот ритам кај пчелите нетреба да се нарушува. Кон крајот на овој месец матицата престанува со несење. Кинеските научни работници предлагаат во втората половина на овој месец матиците да се затвораат во кафез за да не несат , а со тоа ќе се задржи и зголеми виталноста на зимските пчели .
Спротивно на ова , во повеќето наши пчеларски списанија и книги се даваат совети за стимулативно прихранување , со цел матицата да го зголеми несењето на јајца , а со тоа и бројноста на пчелното семејство што е многу погрешно .
Од септемвриското прихранување се нанесуваат само штети и тоа :
- Шеќерниот сируп го возбудува и активира пчелното семејство и го зголемува несењето на матицата . Зголеменото несење го зголемува хранењето на ларвите , а тоа е најголемото амортизирање во животот на пчелите . За преработка на ше
ќерот од сахароза во гликоза и фруктоза се троши инвертаза , за која што се троши мрсното ткиво од телото на пчелите , а без него тие се кратко вечни .
Преработката на сирупот не само што го троши мрсното ткиво на пчелите работнички , туку и ги стимулира да се припремаат за летни пчели , без натрупување на истиот во своето тело .
- Доцна < испилените < пчели од ова прихранување често немаат услови за прочистување , и по првите ориентациони летови , кај нив предвремено настапува смрт .
- често пати лошото време во октомври ги затекнува пчелите така речено со < полна уста < . Тие изеле многу храна главно полен , и дебелото црево ќе им биде преполно , временските услови лоши за прочистен лет , а со тоа ќе настапи пролив или прерана смрт .
Швајцарскиот институте за пчеларство во Берн го донел следниот заклучок : < прихранувањето со шеќерен сируп во есенскиот период ги доведува семејствата до значително голем број на пчели , но кон карајот на зимата ( јануари , февруари ) нивниот број станува помал од неприхрануваните семејства <. Ова најдобро го покажува амортизирачкиот ефект на прихранувањето со шекер а со тоа и непотребните потрошувачки на шеќер , полен и трут на пчелите и пчеларот , а ефектот е негативен .
Неопходноста од прихранување во овој месец се прави со мед кој е добиен исклучиво од здрави пчелни семејства .
Септемвриското шеќерно прихранување се заменува со : префрлање на легло , префрлање на млади пчели , соединување на едно или повеќе пчелни семејства во едно .
Раните пролетни роеви се најдобриот пат кон создавање на силни есенски семејства .
Во септември треба да се направи главниот есенски преглед и да се оцени јачината , виталноста и обезбеденоста со храна .
Критериумите за овој преглед се следните :
- Бројниот состав - семејството треба да содржи некаде околу 30000 неамортизирани пчели за нормално развиени пчелни семејства .
- Здравствената состојба - отсуство на шарено легло , отсуство на вдлабнатини на поклопците на пилото и нормална боја на истите. Се оставаат понатаму да продолжат со работа само здравите семејства . Болните ги уништуваме. Антибиотиците и хемотерапијата се забранети . Од сите заболувања треба да ги лекуваме само од вароата , И тоа со органска заштита ( мравја , оксална киселина , тимол КАС81 ).
- Оценка на матицата - треба да е витална млада и здрава . Дефектните матици се менуваат .
- Резерви на храна - перга и мед . Секоја рамка во која е зафатено пчелното клубе треба да содрзи 2,5 кг мед . Не е пожелно присуство на медлика ( шумски мед ) .
- Намалување на влезовите , во зависност од јачината на семејството . Голем отвор на влезот на полеталката е погоден за ограбувачите и тешко се брани .
- Инвазијата на оси и стршлени во овој месец е голема , а да не заборавиме дека на температура од 12 С пчелите се во клубе , а осите и стршлените и натаму летаат . Треба да се преземе нешто за нивно уништување ( разни стапици и унуштување на нивното легло ) .
- Заштита од глувци и од други гризачи - со употреба на отров кој се нуди во трговијата и поставување на чешли на влезовите .
- Обезбедување со чиста вода ( поило) . Поилото да е поставено на топол дел од пчеларникот и завртено кон јужната страна .
- Борба со восочен молец - ставање на плодишните и медишните вишок рамки на отворено , наредени во форма на оџак , од 10 - 12 наставци , а од долната и горната страна затворени со матична решетка и капак од горе .
- Полеталата се завртени кон југ или југоисток .
Работите во септември треба да обезбедат нормално преживување на пчелните семејства во тешкиот зимски период . |