Мени
Овошје и зеленчук
 
 
БОРОВИНКА - најдобро е да се јадат свежи,но може и замрзнати сок, вино,ракија,мармаладе.Содржи антоцијанидни,танинот и пектинот се многу корисни средства против разни воспаленија,особено на уринарниот систем.Многу е ценета како против воспалително и астригентно средство за лечење на пролив(особено детски).Комбинацијата на железо и Ц витамин е корисна за слабокрвност.Освен свежа можно е да се користи и како екстракт или како сува,во прав.На дијабетичарите им се препорачува чај од листовите од боровинка,затоа што содржат биофлавоноид миртилин, “растителен инсулин” , кој ја олеснува регулацијата на шеќерот,таа може да дејствува и како благ лаксатив,диуретиц и тоник,анекоилуѓекога има боровница практикуваат чистење на организмот.
   
   
 
КАПИНА - старите грци ја употребувале за лечење на грлото,а римјаните против воспаление на органите за варење и воспаление на слузокожата на устата.Денес се користат и за лечење на пролив,поттикнување на лачењето на урината и како благ тоник.Содржат шеќери,органски киселини а помалку витамин Ц. Плодовите и листовите содржат таннин и биофлавонод.Народната медицина препорачува и чај од капинови лисја(и суви плодови) со мед или прополис како коктел за само детоксикација и тонизирање.Виното и сирупот Арапите го сметаат за афродизијак.
   
   
 
МАЛИНА -Овошје кое го сопира проливот,ги ублажува изгорениците и лечи проширени вени.Плодот и листовите можат да ја регулираат столицата и да го зајакнат мокрењето.Ни капинката ни малинката немаат многу витамини.Повеќе содржат калиум,железо И магнесиум.
   
   
 

ШУМСКА ЈАГОТКА -Содржат нешто повеќе витамин Ц од малинките и капинките,па се препорачуваат за слабокрвните ,затоа што содржат и железо.Во народната медицина се познати како сретство за намалување на крвниот притисок,против згрутчување на крвта и за спречување артериосклероза,за намалување на телесната тежина.Тие ја олеснуваат работата на црниот дроб,се зголемува лачењето на урината.Листот на јагодата се подготвува како индински чај и може да послужи за надоместување на изгубената течност при пролив.

   
   
 

ШИПКА -Старите римјани верувале дека може да се лечи кучешкото беснило.Плодот е рекордер по содржината на витаминот Ц,затоа што просечно содржи 1400 мг. а понекогаш оди и до 1870 мг. на 100 грама.Со сушење содржи 270мг. во сув плод,како чај за зимно време обично.Во кората има 5 до 8мг. на бетакаротин.Можат да се спечат надтинки,грип и да го зајакнат организмот,имунитетот.Се користат против воспаление на служокажата на дигестивниот систем.

   
   
  ДРЕНКА -Содржи многу таннин,пецтин и органски киселини но и биофлавоноид,поради Што од античко време се користи како пролив,како сретство за зајакнување,намалување на зголемен крвен притисок,зголемување на мокрење,зајакнување на крвните капилари.Бидејќи содржи и фитонции,се користи и против бактериски и габични инфекции.Витамин Ц содржи од 50-90мг.
     
     
 

МУШМУЛА -Содржи многу таннин,пецтин и прилично витамин Ц.Го потикнува лачењето на плунката и сокови за варење на храната па затоа се пожелни во исхраната на постарите лица кои имаат проблеми со варењето.Семчината содржат лековити материи,па потопени во вода даваат смеса која се нанесува на повредената кожа како облог.

     
     
  ЛУБЕНИЦА -ги мие бубрезите, но и го освежува организмот бидејќи овозможува полесно растворање и исфрлање на отровите.
     
     
  ДУЊА -Е позната како лек за повеќе заболувања и здравствени тешкотии,но најмногу против против пролив заради присуството на танин.Дуњата е добра и за намалување на холестеролот во крвта и за заштитан а крвните садови воопшто.
     
     
  ЦРЕША -тоа е калорично овошје. Во 100 грама цреши има 80 калории. Значи не заостануваат многу зад бананите. Црешите се полни со фруктоза и енергија што му ја носат на организмот, тој полека ја искористува. Црешите се диуретик. Корисни се за исфрлување на штетните материи од организмот, а може да се користат како комплетен оброк за држење диета.
     
     
  ПРАСКА -плодовите на праската се богати со витамини, но и со гликоза, фруктоза, сахароза, целулоза, минерални материи, протеини. Таа делува лековито на некои органи на човечкиот организам. Исто така поволно влијае и на црниот дроб бидејќи му помага во формирањето на хемоглобинот и на црвените крвни зрнца, го подобрува варењето на храната и во извесна мера го јакне организмот.
     
     
  СЛИВА -се препорачува за чистење на крвта, за јакнење на отпорноста против грип, или настинки, за лекување, восплаено грло и непца, за рани кои тешко зараснуваат и за хемороиди, за намалување на висок крвен притисок, против болки од ревматизам и гихт, за јакнење на црниот дроб, за регулирање на варењето против запек. Се земаат свежи или во вид на компот, навечер и наутро пред јадење.
     
     
  КИВИ -содржи повеќе витамин Ц од портокалот – и тоа двојно повеќе, го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува пробавата и го олеснува животот на постарите лица. Кивито ја гаси жедта, го поттикнува лачењето на течности и прочистува, ја поттикнува циркулацијата и гарантира доволен доток на кислород во клетките, помага во создавање колаген и еластин, потребни за еластичност на кожата. Доволни се две-три киви на ден за да не трошите големи количества на крем.
     
     
  АНАНАС -особено свежиот содржи два ензима: бромелин и папаин, кои одлично го потпомагаат варењето на белковините. И папајата содржи голем процент папаин и помага во случаите со потешкотии при варењето и тегоби во желудникот и непријатен здив.
     
     
  ПАПАЈА -тоа е егзотично овошје, е богато со здрави активни состојки. Папајата е најбогата со витамин Ц кој го забрзува разградувањето на мастите и ослободувањето на штетните состојки, така што, се препорачува за поефиаксно отстранува на масните слоеви
     
     
  ЛИМОН -убиец на бактериите. Го јакне имунолошкиот систем и ткивото на пробавниот тракт, особено на желудникот. Повремени гргари на база на лимон создаваат инфекции.
     
     
  ГРОЗЈЕ -младост за кожата. Благодарение на својствата на антиоксидансите го содржат најдобрите козметички препарати. Освен тоа, го прочистуваат организмот и може да спрече инфаркт. Семе: уште во античко време, златно-жолтото масло добиено од ова семе се сметало за вистински еликсир за убавината. Главна состојка се незаситените масни киселини, пред сè, линолната киселина, што е и составен дел на горниот слој на кожата. Маслото од зрното на грозјето се користи и во исхраната, а го содржи витаминот Е и ново откриената супстанца активин, која дејствува против слободните радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата со уништување на нејзините клетки. Лист: ако нозете ви се уморени и тешки, по напорниот ден, подгответе освежителна купка. Во водата за капење ставете 50 гр измиен лист од грозје. Тој содржи значително количество флавоноиди кои ги стабилизираат ѕидовите на крвните садови т.е. ги закрепнуваат вените.
     
     
  ЈАБОЛКО -најдобар доктор – пектинот кој го содржи го штити срцето, го намалува нивото на холестерол, ја подобрува циркулацијата, го лекува затворот и дијарејата. Го јача имунитетот, содржи Ц витамин и топеви влакна. Тоа има и антиканцероген потенцијал на различните хемикалии во лушпата и месото на јаболкото и откриено е дека ефектот на сите овие хемикалии земени заедно е многу поголем отколку кога се зема само витамин Ц. Хемикалиите за кои станува збор се флавоноидите и полифенолите кои имаат антиоксидантни својства. Штитат од карцином со тоа што ги „запираат“ молекулите на оштетувањето на клетките кои може да доведе до појава на карцином. Јадењето 100 гр јаболка дневно има ист антиоксидантен ефект како и земањето 1500 мг витамин Ц. Некои од хемикалиите во јаболкото делуваат антиалергиски, некои делуваат антиканцерогено, антиинфламаторно и антивирозно.
     
     
 

КРУШИ -се вистинско богатство на шеќер, киселини, минерални соли, танини, витамини и ферменти. Содржи најповеќе калиум, калциум фосфат и магнезиум. Богати се со витамин – каротин: провитамин А, Б1, Б2, Б6, а витаминот Ц го има повеќе од јаболкото. Таа е вистински благодет за сите органи во организмот. Тие се вистински еликсир за крвните садови, срцевиот мускул, за бубрезите, и за болните од нефритис. Се препорачува и во случај на пролив.  Се препорачуваат во случај на камен во бубрегот, особено ако тој настанел од соли на оксалната киселина, крушите го забрзуваат распаѓањето на каменот и неговото исфрлање. Крушите го поттикнуваат растењето на децата, заздравувањето на рековалесцентите и влијае на зголемување на капацитетот на умствената работа.

     
     
  ТИКВА -е еден од највкусните хранливи, диетални десерти и истовремено лековит плод. Содржи големи количини на процитамин А (каротин), витамин Ц, ензими и многубројни минерали, додека семките содржат значајни количества витамин Б, аминокиселини (леуцин, тирозин и др.). Во народната медицина се користи како излачување на штетните материи од организмот. Таа благородно дејствува против заболување на бубрезите, мочните канали, мочниот меур и простатата, против реуматизам, гихт, при заболување на црниот дроб и жолчното кесе, кај лица со стомачно-цревни тегоби (проливи, запек, разни труења, хемороиди) и др. Има ниска калорична вредност, лесната сварливост и брзо заситување се препорачува како одлична диетална храна кај лица склони на дебелеење. Тиквата се препорачува против кожни заболувања, како што се: себореа, егземи, неуродерматити, питиријази, па сè до една од потешките кожни болести – псоријазата.
     
     
  ЗЕЛКА -корисното дејство на зелката врз варењето на храната и се препишува поради богатата содржина на целулоза што ја поддржува моторната функција на цревата и помага за исфрлање по пат на врзување со заситените масти (пред сè холестеролот). Со тоа ги штити крвните садови од предвремени склеротични промени. Зелката е богата со минерални соли, витамини, провитамин А, витамин Ц, ферменти, Б1 и особено значајниот витамин У. Таа содржи голема количина на калциум, сулфур, магнезиум, бакар, фосфор и железо. Сокот од свежа зелка поволно влијае при лекување на хроничното воспаление на желудникот и дванаесет палачното црево (чир, гастрит).
     
     
  СПАНАЌ -и другиот зеленчук со зелени листови освен бета каротен, ги содржи витамините Б2, Ц, Е, сол, железо, калциум и фосфор. Тие дејствуваат и како лаксативи (средства за прочистување).
     
     
  ПИПЕРКА -содржи витамин Ц и бета каротен. Дејствува против инфекции и има особина на вазодилатор – ги шири крвните садови. Витаминот Ц е нерамномерно распореден во плодот. Најмногу го има во месестиот дел околу рачката.
     
     
  ДОМАТИ -кога се прави салата, секогаш треба да ги отстраните зелените делови околу рачката, бидејќи во тој дел се наоѓа еден токсин, а позрелиот домат е и побогат со А и со Ц витамини.
     
     
  КРАСТАВИЦА-таа е одлична во борбата против целулит. Добро е да се јаде овој зеленчук и против нервоза и создавање на камен во бубрезите. Таа е голем детоксификатор на човечкиот организам.
     
     
  КРОМИД И ЛУК-содржат супстанции што ги стимулираат ензимите и штитат од тумор на стомакот. Лукот се вбројува во најстарите лековити билки. Лукот се употребува за лечење на треската, глувоста, искашлувањето крв. Лукот е општ антибиотик и антисептик, добар регулатор на цревната флора, ненадминливо средство за јакнење на организмот и регулатор на основните животни функции, добар против шеќерна болест и има превентивно средство против канцерогените тумори, го намалува крвниот притисок и штити од артериосклероза, тромбоза, го регулира холестеротол, го спречува труењето со никотин (користен е за страсните пушачи). Освен тоа, лукот ја поттикнува и половата енергија. Испитувањата покажуваат дека е добар во прочистувањето на артериите и ги отвара „устите“ на вените. Една комисија на УНЕСКО во еден урнат тибетски манастир нашла старокинески рецепт за лек против склероза и други болести напишан на глинена плоча. Овој рецепт комисијата го превела на сите светски јазици за да и го приближи на денешната медицина. Лекот се приготвува на следниот начин: треба добро да се исчистат и измијат 350 гр лук, да се исечат и истолчат со дрвен толчник во двена чинија. Потоа се става во 300 гр, 96% алкохол. Се става во чиста тегла, цврсто се затвара за да не влегува воздух, и се оствата да стои 10 дена на ладно место. Потоа се цеди низ чиста цврста ткаенина. По 2-3 дена може да се употребува со 50 гр млеко по овој редослед:
     

ДЕНОВИ

ПОЈАДОК

РУЧЕК

ВЕЧЕРА

1 ден

1 капка

2 капки

3 капки

2 ден

4 капки

5 капки

6 капки

3 ден

7 капки

8 капки

9 капки

4 ден

10 капки

11 капки

12 капки

5 ден

13 капки

14 капки

15 капки

6 ден

15 капки

14 капки

13 капки

7 ден

12 капки

11 капки

10 капки

8 ден

9 капки

8 капки

7 капки

9 ден

6 капки

5 капки

4 капки

10 ден

3 капки

2 капки

1 капки

     
  Кромидот се употребува во исхраната како лековито средство, за лекување на различни заболувања, почнувајќи од обичната настинка до габични заболувања на нозете. Има антиканцерогени својства. Во кромидот се наоѓа голем број супстанции кои го инхибираат растот на малигните клетки. Една од тие супстанции е кверцентинот кој според научните испитувања го попречува развојот на естрогенските осетливи клетки, односно оние клетки кои често се „вмешани“ во појавата на ракот на градите. Содржи сулфурно соединение кое можи да го спречи ланецот биохемиски процеси, кои водат до појава на астма и воспалителни реакции. Кромидот, исто така, е добар и за намалување на нивото на лошиот холестерол и зголемување на нивото на добриот холестерол, а може да помогне и за намалување на крвниот притисок.
   
     
  ПРАЗ-оружје против бактериите во цревата. Зелениот дел е поздрав од белиот. Но, секако треба целиот да се употребува. Еднонеделен третман, со праз, многу помага во намалување на количеството холестерол во крвта, при што сосема е неважно дали тој  е варен или свеж, важно е да не биде помалку од 200 грама на ден. Неговата најважна особина е уништувањето на бактериите. Маслото што го содржи празот, кое што се наоѓа во зелениот дел, содржи материја која во нашиот желудник делува превентивно, благопријатно и над сè, здраво. Ги уништува бактериите и габичките, кои умеат да се вгнездат во желудникот и тенкото црево, па затоа сите оние кои не нашле лек за непријатниот здив и постојаното чувство на надуеност, треба да јадат праз. Празот го подобрува и варењето, па затоа помага и при опстипација (запек), но исто така и во случај на пролив. Празот е одлично средство и во лекувањето на надворешни болести на пример: се препорачува во лекувањето на хемороиди. Тој е ефикасен и против згуснување на крвта. Содржи многу минерали, како на пример: цинк, манган и селен, витамин Ц и е ниско калоричен.
     
     
  ЦЕЛЕР-го стимулира мокрењето. Се препорачува против сите бубрежни болести, гихт и реума. Тој ја намалува покачената телесна температура и ја поттикнува работата на желудникот. Тоа е силно аперативно средство. Богат е со витамини, се препорачува на болежливи и слаби лица со слаби нерви. Целерот се користи и за слабеење. Да се грицкаат неговите стебла меѓу оброците. При ревматски заболувања се употребува свеж сок од коренот и тоа три пати дневно по една супена лажица, еден час пред јадење. За зајакнување на организмот и половата моќ, се употребува жолтото масло од коренот на целерот и тоа 6-8 капки, 2 х дневно со вода. Уште подобро е да се комбинира целеровиот сок со корен од глуварче. Целерот не се препорачува во тек на бременост и при акутно воспалување на бубрезите.
     
     
  РОТКВИЦИ -се многу здрави, особено ако место киселина, се стави јогурт, не треба да се посолуваат бидејќи на тој начин ги губи драгоцените минерали, а не треба ниту доматите.
     
     
  МОРКОВ-јадејќи го морковот, во усната шуплина се намалуваат бактериите, а со тоа и можноста за расипување на забите. Содржи провитамин А, овој чуден зеленчук ја помага епитализацијата на желудникот и органите за варење, па во последно време се користи и лечењето на гастритис, чир на желудникот и стомачни тешкотии. Го подобрува видот и се користи кај воспаление на очите. Ги содржи витамините Б1, Б2, ПП, Б6, Е, биотин, Ц и К. Од минералите ги содржи: калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо, цинк, јод, манган, алуминиум, молибден итн. Содржи шеќери, белковини, разни каротиноиди, етерични масла, целулоза и пектин. Иако е богат со шеќери, на дијабетичарите му е препорачлива во исхраната бидејќи обилува со алкални соли кои ја неутрализираат ацетонемијата т.е. делуваат противотров, неутрализирајќи ги и киселите продукти. Значајна состојка му е стеринот, кој делува на смалувањето на холестеролот. Се користи во лечење на артериосклероза, висок крвен притисок и кај сите болести каде што е важно снижувањето на холестеролот, и семето од морковот е богато со етерични масла. Најдоја примена во козметиата и во фармацевската индустрија. И семето и коренот имаат смирувачко дејство на нернвиот систем. Како диуретик го потпомогнува исфрлувањето на отровните продукти од метаболизмот, ги смалува отоците, крвниот притисок, и ги штити бубрезите. Морковот му го препорачуваат во исхраната на луѓе кои боледуваат од карцином, реуматичарите и заболени од разни заболувања на коските, бидејќи помага во излачувањето на солта на мокрачната киселина од организмот. Каротинот е растворлив во маст и масла и значи дека треба да се додава во припремата на јадењата. 80 гр морков доволно е за потребата на организмот од 2 дена. Морковот се препорачува посебно во успорувањето на стареењето на организмот. Го изострува видот, кожата ја штити од слободните радикали одоговрни за стареењето и појавата на брчки и видот.
     
     
  ЦВЕКЛО-лековитоста се состои во богатството на микроелементи, како што се јод, бакар, селен, калиум, клациум, магнезиум и органски состав со сумпор. Од витамините богато е со Д и Ц витамини. Лековитоста била позната уште во стариот век. Растителната боја АНТОЦИЈАН го стопира развојот на ќелиите на туморот. Црвената боја на цвелкото содржи органски врзано железо кое што во потполност се пренесува на хемоглобинот, односно ја лекува слабокрвноста. Антоцијанот од цвеклото има уште едно својство. Тоа е природно, биолошко средство за отстранување на штетното зрачење. Цвеклото, исто така помага и при регулација на крвниот притисок, а го стимулира и исфрлувањето на урината. Значи, сокот од цвеклото го зголемува хемоглобинот во крвта, кој пак, пренесува повеќе кислород до ќелиите, па нивното дишење е нормално, не доаѓа до создавање на т.н. анаеробни услови и развој на малигни (неприродни) ќелии и во понатамошна фаза – рак.
     
     
  БРОКУЛА-содржи витамини и минерали, се препорачува како превентива против рак. Од витамините содржи Ц и А, а од минералите калциум, цинк, магнезиум. Може да се јаде на повеќе начини, припремена со ладно цедено  маслиново масло, со малку лук, може да се стави во туршија, можат да се пржат, но, секако, најздрави за јадење се свежи како сезонска салата.
     
     
  ТИКВИЧКИ-го чистат организмот од токсини, даваат енергија и многу витамин А
     
     
  СОЈАТА и нејзините деривати (тофу-сирење, млеко и масло од соја), содржат изофлавоноиди (растителни протеини со висока биолошка вредност), што придонесуваат за намалување на нивото на холестерол, го намалува ризикот од создавање и развивање на карциномот на градите.
     
     
 

БАДЕМ-семето од бадемот е висококалорична храна. Треба да се зема умерено од 10-20 парчиња на ден. Се препорачува на трудници, доилки, спортисти, нервозни особи и кај големи умни и физички напори. Се користи кај зголемена киселина. Од него се припрема пијалак за отстранување на грозница. Ако патиме од непријатно зуење на ушите, треба да земиме бадем замотан во памук и натопен во бадемово масло и да се стави во увото, постапката да се повторува додека не ни помине.

     
     
  ОРЕВ -содржи многу белковини кои можат да ги заменат белковините од месото. Листовите од оревот се едно од најдобрите средства против белото прање на вагиналниот секрет. Свежи листови во вид на облоги успешно го лечат очниот катар, краста на главата, бубулици и загноени и загадени рани. Зелената лушпа на оревот, како и младите зелени ореви, содржат голема количина на витамин Ц. Еден од најкорисните начини за оставање на зелените ореви е конзервирањето во медот, бидејќи на тој начин не се губи витаминот Ц. Лековитост: против грчеви во желудникот, цревни болести, реума, катар на желудникот и цревата, воспаление на очите, загадени рани, хронична егзема, потење на нозете, перут, зајачење на косата и организмот, за смирување, воспаление на кожата и лишаи, хемороиди, проливи и цревни глисти, анемија. Тој е сојузник на срцето, ви осигурува добра работа на срчено-крвожилниот состав. Тајната е во тоа што содржи 93% незаситени маснотии кои во организмот ги претвара во корисни Омега-3 масни киселини.
     
     
  ЛЕШНИК-содржи голема количина на масти и белковини и има голема калорична вредност, се препорачува во диетите за поправање и во вегетаријанската исхрана. Виното припремено со свежи и суви листови од леска, се употребува како додатна терапија кај особи кои прележале жолтица, а додека иситнетата кора од леска варена во мешавина од вино и вода се применува како облога кај гнојни чиреви и го убрзува нивното созревање. Ако имате низок притисок, јадете три пати на ден, еден саат пред оброкот по две лажичина излупени лешници. Пола саат пред оброкот јадете 200 грама црно грозје и устата исперете ја со вода
     
     
 

ЦИМЕТ -се употребува за појачување на чајните мешавини наменети за лекување на состојби карактеристични за зимски услови (настинка, грозница, артирт, ревматизам), има антисептичко и тонизирачко дејство, а се користел и за лекување при нарушена дигестија при немање апетит, мрзливи црева, грчеви во стомак и дијареја. Кората од циметот се препорачува и при прекумерно мокрење, полова немоќ при менструални болки, при аменореја и неплодност кај жени, не се препорачува при силни циклусни крварења.

     
     
 

САЛЕП-салепот е таинствен и чудотворен лек. Салепот е типична слузеста маса. Дејството на салеповата слуз (течност) е благотворно и корисно. Тоа е ефикасно средство за лекување воспаленија на слузницата на цревата и желудникот, а пред сè, против разни катари и проливи, особено кај децата. Салепот го закрепнува и јакне организмот, го подмладува и ја враќа потенцијата.

     
     
  ЦРН ПИПЕР -сигурно сте забележале дека кога ќе изедете нешто луто, ви станува жешко и нагло се препотувате. Топлината е многу корисна зошто ја подобрува циркулацијата, ги отвора порите и ја поттикнува размената на материите. Нешта што се многу корисни во процесот на разгранување на мастите, покрај црниот пипер, слично вакво дејство имаат и зачините кари, чили и црвен пипер, кои се многу поздрави од солта и треба редовно да се конзумираат.
     
     
 

Ѓумбирот-корисен против мигрена,мачнини и ревматоиден артритис

      Ѓумбирот (зингибер оффицинале)  е корен од повеќе годишно зељесто растение, кое расте во тропските делови на Азија. Како додаток на исхраната со лековито својство е познат во Индија и  во Кина  пред повеќе од 3000 години. Се претпоставува дека нема друг зачин што има поголема примена во исхраната од ѓумбирот. Се употребува како исушен корен што може да се ренда или да се употребува сомелен. Денес, освен во тропскиот дел во Азија, се одгледува во Јапонија, Западна Индија и во Африка. Се смета дека  најквалитетниот ѓумбер успева во Јамајка. Ѓумбирот е многу популарен во европските земји, а кај нас од неодамна почна да се користи често.
      Од енергетски аспект, ѓумбирот е многу корисен за надминување на разните блокади во организмот и за ослободување на човековото тело од негативна енергија. Тој го отпушта човековото тело, го оптимализира лачењето на стомачните сокови и е многу корисен за надминување на проблемите со таканаречениот”нервозен” стомак.
      За таа цел, според написите, се употребувал уште пред новата ера.Востановено е дека може корисно да дејствува при настинките и во надминување на тегобите кај луѓето кај кои се јавува т.н. морска болест - мачнина и повраќање при долго патување.
      Според поновите клинички истражувања е утврдено дека ѓумбирот ја спречува и запира мигрената ефикасно како и предвидените фармацевски медикаменти, со таа разлика што воопшто не создава несакани ефекти. Според испитувањата на д-р Сривастава од Универзитетот во Данска, ѓумбирот дејствува слично како Аспиринот бидејки го сречува создавањето на простагландинот (супстанција слична на хормони) со што се намалуваат воспалителните процеси и болките во организмот.     Овој светски познат стручњак за примена на зачините во медицината, користејки го илјадагодишното искуство во традиционалната Индиска медицина, успишно ги лекувал тегобите кај пациентите што настануваат од автоимуното заболување-ревматоиден артхритис. Откако теоретски го разгледал дејствувањето на ѓумбирот,три месеци го применувал со мали дози кај болни од ревматоиден артхритис. Кај повеќе пациенти болките, отоците и утринската вкочанетост значително се намалиле и им се подобрила подвижноста.
      За таа цел д-р Сривастава им давал на пациентите во јадењата или во чаша вода три пати дневно по половина кафена лажичка мелен ѓумбир.
      Затоа препорачувам во секое готвено солено јадење да се става  по половина кафена лажичка ѓумбир или да се зема во чаша вода за да не се иритира слузницата во устата ако го земаме директно.
      И на други клиники е востановено дека ѓумбирот се покажал поефикасен од употребата на т.н. нестероидни антиревматици кај артритисот, кој иако ја подобруваат состојбата, имаат и несакани споредни ефекти. Ѓумбирот за разлика од антиревматиците дејствува преку најмалку два механизма во човековиот организам така што го спречува создавањето на простагландините и на другите воспалителни супстанции наречени леукотриени.
      Освен тоа, ѓумбирот дејствува и како антиоксиданс и ги разградува киселините што се создаваат во текот на воспалителните процеси во синовијалната течност во глуждовите. Констатирано е дека ѓумбирот не е единствен зачин што дејствува против артритисот. Слични ефекти се постигнуваат и со употребата на зачинот каранфилче.
      Препорачувам каранфилчето да се употребува како зачин во сите благи јадења или десерти, а ѓумбирот во сите солени јадења.
      Ѓумбирот дејствува и како антикоагуланс и се препорачува за сите луѓе што имаат тромбоза, особено за “срасните “пушачи, кај кои појавата на тромбоза моче да биде фатална. Ѓумбирот се препорачува и кај сите луѓе што лесно се тревожат т.н. паничари.
      Со редовно земање ѓумбир во препорачаните дози (2-3 пати дневно по половина лажичка сомелен ѓумбир) се создаваат услови за видливо спокојство бидејќи ги успокојува нервите и ги стабилизира мислите.
      Совети:

  1. Ако сте настинати или имате грип, трипати на ден џвакајте по едно парче ѓумбир или пијте два до три пати дневно чај од ѓумбир.
  2. Ако ја имате т.н. “морска болест”за време на патувањето со автомобил, со воз, брод или друго превозно сретство џвакајте по неколку парчина ѓумбир. Овие луѓе неколку дена пред патувањето редовно треба да го користат ѓумбирот во јадењето.
  3. Луѓе што имаат т.н. нервозен стомак треба да пијат секој ден по една мала чаша чај од ѓумбир меѓу јадењата.
  4. Препорачувам ѓумбирот и каранфилчето да ги користат сите луѓе бидејќи во ова време ретко кој е поштеден од наведените нарусувања.
     
 

Коприва
Биохемискиот состав на листот од копривата е мошне сложен.
Од минералните соли присутни се: калциум, фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо. Хормонот глукагон го регулира шеќерот во крвта. Ензимот секретин поволно влијае на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта. Овој ензим влијае и на жлездите кои лачат сокови за растворање на мастите, белковините и јаглените хидрати.
Од киселините присутни се: мравја, танинска, силициумова, оцетна, пантотенска, гална и др. Од витамините има: А, Б2, Ц, Д, К.
Својства: својствата на копривата се докажани. Таа е еден од најдобрите чувари на функцијата на црниот дроб и претставува средство за запирање на крварењето (хемостатик). Како диуретик ја елиминира мочната киселина од организмот. Позната е како антианемик. Од копривата се употребуваат младите листови. Се берат кога копривата ќе достигне висина од 15-20 цм. Копривата не смее да се бере околу патишта, буништа, населби, околу ниви кои се со плевел или се ѓубрени со вештачко ѓубриво. Мајките доилки кои немаат доволно млеко, треба да конзумираат коприва, подготвувајќи ја на повеќе начини. На малите деца кои биле лишени од доење, копривата треба да им се дава како свежа или сува компонента во исхраната.

Чај против слабокрвност, жолтица, камен во бешиката и водена болест
Во еден литар вода се ставаат 50 гр иситнети лисја од коприва и се варат 15 минути, и тоа на вечер. Чајот се поклопува да преноќи. На утро треба да се процеди и да се пие наместо вода. Во народот, листот од коприва се употребува и за заздравување на рани, што тешко зараснуваат. На раната директно се става варена коприва. Добра е за лекување на мочните канали, преобилно крварење за време на менструација. Хлорофилот од копривата го зголемува снижениот крвен притисок на крвта до нормала.