|
Природа, убавина, здравје... |
|
Рибата ги намалува симптомите на воспалението
Ако имате болка при ревматоиден артритис, јадете риба. На пример лососот и скушата се исклучително богати со Омега 3 масни киселини. Тие освен што и чуваат вашите зглобови, го смируваат воспалението на зглобовите кај ревматоидниот артритис. Не сакате риба ? Обидете се со капсули со рибино или ленено масло.
Заштитете ги со правилно држење на телото

Седете и стојтесекогаш исправено. Правилното држење на телото ги штити вашите зглобови од вратот до колената. Еден од начините да поработите на правилното држење е прошетката. Колку побргу одите толку вашите мускули се повеке се трудат да го одржат телото во исправена положба. Со пливањето се постигнува истото. Исто така мислете на вашите зглобови при кревање и при носење товар. Товарот носете го на рамена, а не на раце за да не ги оптоварите поголемите мускулни групи и поголемите зглобови.
Глукозамин и хондроитинот при остеоартхритис на колената
Глукосаминот е природна хемиска состојка на рскавицата на зглобовите. Испитувањата покажале дека глукосаминот заедно се хондроитинот ја ублажува средната до силна болка предизвикана од остеоартритисот на колената. Многу добри резултати се добиваат и со метилсулфонилметан (мсм) т.е се покажал како ефикасен во одредени случај и неговата сигурност и ефективност до крај не се докажани. Некои се обидуваат со ѓумбир и лен.
Сокот од цвекло како еликсир за долговечност
Новите истражувања покажуваат дека еликсирот на долговечноста можеби се крие во сокот од цвекло, кои им овозможува на лиѓето да живеат активно на постара возраст.
Со текот на годините многу процеси во организмот стануваат побавни, со што се отежнува извршувањето на многу од нив. На пример , се намалува количеството кислород во крвта, па поради тоа и одењето претставува голем предизвик. Експертите велат дека решението за постарите лу”е велат дека е сокот од цвекло, кои им овозмужува поголема активност и издржлуивопст. Забележано е дека состојки од сокот од цвекло, посебно нитратот, влијаат на мускулите така што тие трошат помалку кислород од крвта, кој е потребен за каква било физичка активност.
Повеќе
Се наведува и дека сокот од цвекло го намалува притисокиот и овозможува подобра циркулација бидејќки ги шири крвните садови, тоа овозмужува поактивен живот.
При појава на киселини-режим на јадење
Млекото и млечните производи треба да се избираат што се со помала маснотија. Се советува јогурт со помала маснотија, кисело млеко, младо сирење ...
Препорачуваме месо со помалку масти и без сланина, пилешко или мисиркино месо (без кожа). Јајцата да се јадат ровки или кајгана без многу преливи, сол и зачини. Добро е во исхраната да се користи и риба (бела риба) без многу силни зачини и преливи и без лимонов сок.
житните зрна може да се јадат и во интегрален облик, освен ако се заклучи дека лушпите кај пациентите предизвикуваат киселини, како и тие од компирот и од мешунките,
Може да се јадат сите видови зеленчук, осверн оние што пресдизвикуваат гасови или се премногу кисели. Овошјето треба да се јаде зрело, а не кисело. Корсино е да се јаде пасирано или печено овошје, а компотот е добар за органите за варење.
Да се избегнува: полно масно млеко и полно масни млечни производи, силни сирења и масни павлаки, треба да се избегнуваат бидејки предизвикуваат киселина. Особено треба да се избегнуваат зачинети и силно запржени месо и јадења, сланина, зајачко месо, месни преработки, внатрешности, тврдо варени јајца, солена риба и лути сосови.
Свеж и жежок леб треба да се избегнува бидејки покрај киселина предизвикува и надуеност. Од зеленчукот треба да се избегнуваат: домати, зелка, карфиол, прокељ, кромид и пиперки. Киселото овошје особено го погодува развојот на киселина: зелено овошје, нездрело овошје,кисело овошје (лимон и сок од лимон), кандирано овошје, овошје прелиено со шекерен сируп: треба да се избегнуваат кафе со кофеин, силни чаеви(особено чај од нане), пијалоци од чоколадо, газирани напивки а особено алцохол. За да немате повремени киселини, слатките треба да се прескокнат, особено тортите, колачината и пеперминтот, Има продукти кој можеме повремено да ги јадеме: полномасно млеко и млечни производи, сутлијаш, миклшејкови, полномасно месо, сина риба, мусли, житни зрна со малку шекер или мед, сокови кој не се кисели, овошје од кпмпот, сладолед, суво овошје, благи пити со овошје.
Алкохолот го уништива и панкреасот
Се смета дека најчест предизвикувачки фактор на хроничниот панкреатит и континиурантотом пиење алцохол. Познато е дека алкохолот има тоскично дејство на клетките кој лачат енизми и како последица на тоа доаѓа до зголемена концетрација на инзимските протеин во панкреасниот сок, кој се таложат во одводниите канали на панкреасот. Така се создаваат протеински чепови, кој подоцна калцифицираат и стануваат панкреасни камчина.
Поради токсичното дејство на алкохолот, доаѓа до постепено разорување на жлездениот паренхим, кој полека се заменува со сврзливо ткиво, што ги зафака и одводните канали на панкреасот.
Повеќе
Од една страна, затнувањето на одводните канали со протеински чепови доведува до забавена елиминација на панкреасниот сок , а од дфруга страна сврзливот ткиво го зафака делумно и одводниот канал на панкреасот. Така се создаваат делумни стеснувања со делумни проширувања на главниот панкреасен канал, кој личи на бројаница.
Прво треба да се забрани понатамошната употреба на алцохол, како и лута и масна храна. Има случаи кога по апстиненција од алцохол и по примена на дијатален режим кај над половина болни со хроничен панкреатид доага до исчезнуванје т.е до смирување на хроничната болка. Ако болните имаат проливи, треба да се направи кореквија во режимот на исхарана-да се зголеми внесувањето јаглеродни хидрати и белковини, а да се ограничат животинските масти.
Алкохолот е тивок убиец, кој освен панкреасот ги оштетува и желудникот и дванаесет прсното црево , а најмногу страда црниот дроб од цироза.
Кога сте решиле да пиете алкохол секогаш пиете на полн стомак, затоа што полниот стомак ја забавува апсорпцијата на алкохолот и му дава на организмот повеке време за да ги сузбие токсичните материи.
Секогаш испијте по една чаша вода мегу два алкохолни пијалака-тоа на организмот ке му овозможи да задржи доволно течности. Да се земат при тоа и мултивитамини за да не дојде до загуба на витамин покрај зачестеното мокрење.
Пијте умерено,што значи еден алкохолен пијалак на еден час,затоа што на организмот толку му е потребно да го свари.
Конзумирајте само еден вид пијалак цело време. Никако не мешајте различни. Мешањето пијалаци го присилува организмот да работи многу понапорно.
Земањето големо количество вода пред спиење е ефективен начин за спречување на симптомите на дехидрација, кои го чуствувате утрото потоа. Водата пред спиење ке ви помогне во плакнењето на алкохолот од вашиот систем.
Алкохолот ги разболува мускуилите
Влијае на хормонот за раст-голем проблем во врска со консумирањето алкохол е неговот влијание врз излачувањето на хормонот за раст. Хормонот за раст е соединиение во телото кое игра многу важна улога кога се работи за изградба на мускулите, го стимулира растот и развојот на другите клетки и обезбедува оптимален раст на коските.
Повеќе
Кога нивото на овој хормон е ниско, мускулите не се равиваат еднакво како кога е на оптимално ниво. Хормонот за раст во голема мера се излачува во текот на првите часа од спиењето во текот на ноќта, а бидејки алкохолот има тенденција да му пречИ на природниот ритам на спиење, тој го намалува и количеството на овој хормон. Намалувањето може да биде до 70%така што навистина ќе се направи краток спој во напредокот кој може да го постигнете.
Токсичност за тестостеронот- следен ефект кој треба да се земе предвид е влијанието на алкохолот врз тестостеронот. Како што веројатно знаете, тестостеронот е уште еден важен хормон поврзан со изградбата на мускулите и причина зошто мажите имаат поголема мускулна маса од жените. Од друга стана, кога конзумирате алкохол, во црниот дроб се произведува супстанција која е токсична за создавање на тестостеронот. Таа го намалува нивото на тестостерое во телото, што резултира со помала мускулна маса.
Диуретичко дејство- дехидрацијата е уште еден проблем на кој треба да внимавате ако одлучите да пиете алкохол додека вежбате и се обидувате да добиете мускулна маса.Бидејќи алкохолот дејствува како диуретик во телото,ако не ја надоместите изгубената течност со вода или некој друг безалкохолен пијалак кој не содржи кофеин, вашата природна рамнотежа на вода во телото ќе биде нарушена.
Стресот ги зголемува шансите да настинете
Се смета дека стресот е еден од предизвикуважките фактори бидејќи луѓето кои се постојано изложени на него произведуваат многу повеќе кортизол (хормон на стрес), чија задача е да го спречи приозводството на цитокин, молекул кој поттикнува агресивни реакции на имунитетот. Ако имате премногу кортизол, овој процес може значително да ги зголеми шансите да настинете.
Затоплувањето не може да ве заштити- изложувањето на ладно нема никаква врска со настинката.Настинките се почести во текот на есента и на зимата само затоа што ладното и влажно време ги тера лугето да останат во затворени простории, а таму вирусите се шират најлесно. Најголем број луге настинуваат во септември и во јануари. |
|
Најздравата храна за зима
Зимска тиква – Ни нуди полн вкус без разлика на начинот на подготовка-печена, пржена, во вид на пире
Зимската тиква е одличен извор на витамин А во вид на бета каротин, но претставува и моќен антиоксидант, кој може да спречи појава на срцеви заболувања, па дури и некој вид тумори.
Повеќе
Прокељ – Содржи повеќе витамин Ц од колку портокалот.Потребни ви се ѓест ситни главици за да ја задоволите потребата за то витамин на дневно ниво, меѓутоа не само витаминот Ц она со што прокељот може да се пофали кај што содржи азотно соединение индол за кој е познато дека дејствува антиканцерогено и против воспалително.Прокељот е одличен извор на влакна, на витамин К и на магнезиум.
Грејпфрут – Кисел и горчлив вкус со малку шеќерна сласт тој е идеално зимско овошје.Не само што е преполн со витамин Ц исто така е полн со ликопен, антиоксиданс кој исто така го има и во доматите, лубеницата и во зелениот чај.Ликопенот е антиканцероген и се смета дека го намалува ризикот од појава на тумор на простата.Со многу здрави фитонутритиенти и флавоноиди.
Зелка – Е корисен продукт во сите облици, а особено е добра таа со црвена боја.Полна е со витамини А, Б6, Ц и КА и станала позната по своето против воспалително дејство, кое потекнува од глутаминот (аминокиселина кое го засилува имунолошкиот систем) и од антоцианот(растителен пигмент кој на црвената зелка му ја дава бојата).Зелката спречува појава на тумори и на кардиоваскуларни заболувања благодарејќи на својата богата нутритивна содржина.
Костени – За нив малку е познато нивното благотворно дејство врз организмот.Костените се класично здрава храна – одличен извор на витамини Б, Калиум, Бакар и Манган.Одличен избор се за оние што вежбаат физички.Костенот е единствен орев кој содржи витамин Ц, што го прави задолжителен за заштита од грип.
Репка – Е горчлив зеленчук и полно си витамини А, Ц, К, со фолати и исто така содржи корисни минерали како што се калциум, манган. . .Репката е одличен извор на лутеин антиоксиданс кој ги штити очите од оксидационо оштетување, го намалува ризикот на катаракт и од заболување на и од катаракт.
Прас – Тоа е растение од семејството на кромидот и лукот, богати со фитонутриенти одлични за борба против болести.Празот е полн со полифеноли кои ги јакнат крвните садови, со витамини А, Б6, Ц, К, со фолати и со железо .Испитувањата кажале со негово земање се намалува ризикото д тумор на дебело црево и на простата.
Блитва – Само еден филџан содржи сто одсто од препорачаната дневна доза на витамините А и КА и исполнува повеќе од 50% од дневните потреби за витамин Ц.Не е чудо што блитвата е класифицирана меѓу најмоќните антиоксиданси и против заедновсопалителни производи.
Лук – Тој е толку нутритивно важен што би требало да се јаде во текот на целата година тој е
сулфурни состојки и со алицин.Испитувањата утврдиле дека игра важна улога во намалувањето на срцевите заболувања и на канцерот и има силни антибактериски и против антивоспалителни својства.Затоа јадете лук во сите сезони.
|
|
Непожелни комбинации на храна и лекови
Грејпфрут – Агрумите и соковите од агруми особено грејпфрутот содржат големи количества калциум и може да дојдат во интеракција со лекови што ги блокираат калциумовите канали, како што се антиаритмиците и оние за лекување артериска хипертензија, оралните контрацептиви, лековите против алергија, и оние за регулација на холестелорот на крвта.Грејпфрутот содржи фуранокумарин материја кое може да предизвика сериозни и несакани ефекти во комбинација со повеќе од 30 најчесто користени лекови, како што се оние за лекување со висок притисок, рак, алергии и оралните контрацептиви.
|
Повеќе
Млеко
Поради високиот удел на калциум, мелкото и млечните производи може да ја намалт апсорпцијата на антибиотици и да го намалат нивното дејство.Затоа не земајте ги овие лекови два часа по консумирањето на млеко или млечни прозиводи.И некои сирења, како што се камамберта или пармезан, можат да го намалат дејството на антидепресивите.
Зелен листен зеленчук
Витаминот К има важна улога во процесот на згрутчувањето на крвта, па лицата што земаат натикоагулински мора да внимаваат колку витамин К внесуваат дневно.Тоа не знаши дека треба да се внесуваат продукти богати со витамин К како што се спанаќот, магдоносот, кељот и другиот листен зеленчук, туку требада се внимава на количеството што дневно се внесува во организмот.
Чоколадо, кафе, чај
Кафето, чаевите, енергетските и другите напивки што содржат кофеин може да ги спречат апсорпцијатаи дејството на невролептиците, лекови што се применуваат при душевни нарушувања.Овие лекови го отежнуваатразградувањето на кофеинот, кој поради подолго задржување бо организмот го забрзува срцевиот ритам и претерано го стимулира централниот нервен систем.Напивките и продуктите што содржат кофеин интерферираат и со лековите врз база на теофилинза лекување астма.Затоа, ако земате вакви лекови избегнувајте кофеин или намалете го минимум.
Продукти богати со калиум
Ако продуктите изобилуваат со калиум, како што се бананите, доматите или компирот земајчи гги истовремено со диуретици кои го штетат калиумот и се користат за лекување висок крвен притисок, доаѓа до преголемо насобирање калиумот во организмот.
Јаболка
Растителните влакна особено пектинот со кој изобилуваат јаболката и портокалите ја забавуваат апсорпцијата на повеќето лекови.Тоа особено е изразено кај лековите што ги земаат срцевите болни и кај “парацетамолот”, кој многу често се користипротив болки.
Масна храна
Конзумирањето масна храна може негативно да дејствува врз делотворноста на некои лекови , на пример, антибиотиците, но и да ја зголеми успешностан терапијата кај други.Масната храна значително го забавува празнењето на елудникот, па ако истовремено се зема со таков оброк, лекот многу подолго е изложен на дејството на ензимот пепсин и на киселините во желудникот.Поради тоа, лековите осетливи на дејството на желудочната киселина особено антибиотиците, може да бидат разградени многу порано пред да стигнат во тенкото црево за да се апсорбираат, а тоа го намалува нивното дејство.
Протеини и јаглеродни хидрати
Некои лекови како што е срцевиот бета-блокатор, многу добро се апсорбираат ако се земаат со храна што изобилува со протеини, а други послабо се апсорбираат ако се земаат со протеинска храна.И јаглеродните хидрати со кој изобилуваат лебот, оризот и тестенините, влијаат врз дејството на некои лекови , особено врз бронходилататорите.
|
|
ОПАСНА КОМБИНАЦИЈА :АЛКОХОЛ И ЛЕКОВИ ЗА ДИЕБЕТЕС
Правилото е дека не треба да се пие алкохол додека се земаат лекови , а не саканите ефекти се особено изразени ако се консумираат во комбинација со антихистаминици , антидепресиви, аналгетици и со лекови што дејствуваат врз централниот нервен систем.Такви интеракции можат да предизвикаат поспаност , збунетост , слабеење на рефлексите , а често и сериозни последици за здравјето. Многу опасна комбинација е алкохол со лекови за диебетес : резултатот е зголемено намалување на нивото на шеќер во крвта , што може да доведе до опасна хипогликемија со многу тешки последици за здравјето или смртен исход.
НЕ СЕ САКААТ
Сирење + месо – ако ги јадете овие два продукта заедно , ќе добиете многу белковини и заситени маснотии , две хранливи материи со кои не треба да се претерува. И не само тоа , фосфорот со кој е богато сирењето , ги ослабува асорпцијата на цинкот од месото.
Повеќе
Кафе + млеко – кафето содржи киселина која може да ги промени белковините од млекото и со тоа да го отежни варењето. А уште повеќе ако тоа е капучино : млазот врела пареа го зајакнува овој ефект и појадокот останува во желудникот.
Јајца + риба – салата од туна со јајца? Подобро одлучете се за еден од овие два продукта : авидинот од белката го неутрализира витаминот Х (биотин) од туната , но и од скушата , џигерот и од интегралниот ориз.
Тестенини + месо – јаглеродните хидрати од тестенините имаат ниска киселост и нивното варење започнува во устата. Ако се најдат во желудникот со месото , кое бара многу кисели желудочни сокови , фермертираат и предизвикуваат надуеност во стомакот.
Мешунки + алхохол – по варилото од мешунки , подобро е да не пиете. Алхохолот ја смалува асимилацијата на драгоцениот витамин Б1 од гравот и од другите мешунки. Иста работа се случува кога го комбинирате виното или пивото со суво овошје и интегрални житарки.
ДОБРИ КОМБИНАЦИИ ВО ИСХРАНАТА
Се сакаат :
Млеко + портокал – сокот од портокал за појадок обезбедува многу витамин Ц. Но , не создава ли киселина во желудникот ако се пие по млекото ? Не , напротив благодарение на портокалот , млекото подобро се разградува и со тоа станува полесно сварливо.
Повеќе
Тестенини + зеленчук – зеленчукот содржи влакна , витамини и минерали , тестенините јаглеродни хидрати. Ако додадете малку маслиново или ленено масло кое носи добри маснотии ќе добиете лесно сварливо јадење.
Риба + лимон – варената риба или онаа на скара , секогаш зачинетеа со лимон , но , исто така и шницлата или хамбургерог. Витаминот Ц кој го има особено во агрумите , ја забрзува асорпцијата на железо од месото , а со тоа храната станува полесно сварлива.
Житарки + суво овошје – ако на пченкарните снегуклки им додадете некој бадем или ако ги зачините тестенините со сос во кој има и ореви ќе ја зголемите вредноста на белковините и ќе консумирате многу железо. Тогаш ќе можете и без месо , бидејќи сте ги добиле потребните хранливи материи.
Житарки + машункасти растенија – на житарките (тестенини , ориз , просо ) им недостига есенцијалната киселина лизин , додека во мешункастите растенија (грав , сланоток )нема метионин и цистеин. Ако ги јадете заедно , ќе се надополнат и ќе ви ги обезбедат важните белковини како оние од животинско потекло.
ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА – ЛЕК ПРОТИВ ИЗГОРЕНИЦИ
Гелот содржи активни состојки кои помагаат изгореницата бргу да зарасне. Најдобро е да се најде цело растение чиј сок – гел повремено ке го цедите. Скинете ги краевите и исцедете го гелот кој подсетува на балсам за коса. Ставете го на изгореницата и веднаш ќе почуствувате подобро.
МЕД ПРИ БОЛКИ ВО ЖЕЛУДНИК , УБОД НА ИНСЕКТИ ИЗГОРЕНИЦИ ЧИРЕВИ
Медот има бактерицидни својства. Едно истражување покажало дека нанесувањето мед може да ги анмали површинските чирови на кожата за 35 отсто. Против болки во желудникот измешајте по една супена лажица мед и домашен јаболков оцет и додадете ги во вода. Испијте ги веднаш за да ја ублажите кашлицата или натопете ги завоите со кои ке ги покриете изгорениците.Медот има спори кои произведуваат бактерии предизвикувачки на ботулизам (сериозен облик на труење со храна ) кај децата.Затоа бебињата помлади од една година не треба да земаат мед. Некои луѓе се алергични на него но реакциите се вообичаено благи и краткотрајни.
ЦИМЕТ – ПРОТИВ ЛОШ ЗДИВ , ’РЧЕЊЕ , ВРТОГЛАВИЦА , БАЦИЛИ
Откриено е дека циметот има антисептички својства и убива бактерии. За да направите чај , помешајте половина кафена лажица цимет во прав со филџан зовриена вода. За лош здив помешајтегосо ладна вода и користетего како водичка за плакнење на устата. Циметот може да се употребува и за дезинфекција на раце , најчесто во вид на етерично масле. Циметот терба да се внесува во мали количества.
МУСКУЛИТЕ
Домашниот јаболков оцет соджи млечна , лимонска јаболкова кислина. Се нанесува однадвор на модринки и на повредени мускули , му помага на воспалението. Натопете еластичен завој во еднакви количества јаболков оцет и вода , а потоа исцедете го вишокот. Превијтего болното или повреденото месо и оставете еден час . повторувајте ја постапката неколку дена додека болката не исчезне.
Масло од каранфилче – природен аналгетик
Маслото од каранфилче е природен аналгетик и анти септик. Пред какви било лекови против болки, маслото од каранфилче го користеле забарите, а и денес останува популарен народен лек.
Повеќе
Најдобро е да натопите стапче за уши во маслото и да го нанесете дирекно на болниот заб. Можете да направите и чај од каранфилче така што ке додадете неколку ливчина од каранфилче во зовриена вода и ќе оставите да отстои 15 минути. Нанесете ја течноста на заболениот заб. Маслото од каранфилче може да биде токсично ако се нанесе во големи количества. Несаканите ефекти се повраќање, болка во грлото и отежнато дишење. Меѓутоа консумирањето во помали количини е сосема безбедно.
Природни маски за нега на вашата коса - за здравјето на косата ќе помогнат и природните маски. Една од најпознатите и наједноставните е маскат од золчка и мед. Измешајте ги состојките, нанесете ги на косата, држете ги 15 тина минути и измијте ја косата како вообичаено. На смесата можете да додадете и маслиново масло.
Маска од авоцадо и џумбир – потребни ви се едни здрело алокадо, една лажица џумбир во прав, една лажица сусамово масло ( можи и бадемово, ореово, рицинусово масло ), две лажици маслиново масло. Авокадото излупете го и изгмечете го во паста, додадете ги џумбирот и маслото, па измешајте. Маската нанесете ја на влажната коса, измасирајте ја од скалпот до врвовите. Прекријте ја главата со пластична капа за туширање и оставете ја косата минимум 15 минути. По можност главата загрејте ја со фен.Потоа косата измијте ја како и обично.
Многу квалитетна маска е и следнава : 3 супени лажици ленено семе - мелено, 1 супена лажица ленено масло, 1 жолчка и 2 супени лажици природен мед. Целата содржина се меша, а постапката на нанесување на косата е иста како и кај погорните маски.
КОГА СМЕ НАСТИНАТИ ЗЕЛЕНАТА СЛУЗ НЕ Е ЗНАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА
Спротивно на народното верување дека зелениот секрет од носот е знак на бактериска инфекција, таа всушност е показател декла нашиот имунолошки систем работи правилно. Како што телото користи се повеќе и повеќе бели крвни зрнца за борба против вирусите во носот, бојата на секретот се менува од прозирна до жолта и зелена. Ова е затоа што овие клетки на носот носат зелени ензими кои содржат железо. Колку е секретот позелен, толку е посилен имунолошкиот одговор. |
|
|
|
|
|