Мени
Сушено овошје
 
 

Диња

Нискокалорична и богата со хранливи материи

Дињата е богата со хранливи материи и е нискокалорична. Богата е со Ц витамин, антиоксиданси кои го спречуваат движењето на слободните радикали и го заштитуваат организмот.
Дињата е едно од ретките овошја кои имаат високо ниво на Б витамини и тоа: Б1 (тиамин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина) и Б6 (пиродоксин). Токму затоа конзумирајќи дехидрирана диња го снабдувате своето тело со витамински состојки неопходни за добро здравје.

Сушената Диња од Виталиа е вкусен десерт и додаток за разни благи рецепти: филови, палачинки, сладолед и колачи.

     
 

Aлое Вера

Кралицата на лековитите билки сега како додаток

Aлое Вера изобилува со хранливи вредности и исклучутелно лековити својстава. Кристофер колумбо рекол Постојат 4 билки кои се неопходни за човекот: Пченица – за храна, Грозје – пружа радост на срцето, Маслинка – обезбедува хармонија, Алое – го прави човекот здрав.

Сушена Алое Вера е сладок десерт, лесен оброк, но и вкусна ужина за целото семејство.
Сушената Алое Вера ги содржи хранливите состојки од свежиот плод и тоа:

  • Минерали: магнезиум, цинк, бакар, хром, калциум, железо
  • Амино киселини: Алое вера обезбедува 20 од 22-те неопходни аминино киселини
  • Диетални влакна.


Сушената Алое Вера од Виталиа е вкусен десерт и егзотичен додаток за разни благи рецепти: филови, палачинки, сладолед,колачи.

   

 

 

Брусница

Сушен и засладен бобинкаст плод со оригинална арома и киселкаст вкус

Сушен и засладен бобинкаст плод со оригинална арома и киселкаст вкус. Изобилува со антиоксиданси, органски киселини, провитамин А( бета каротин), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), витамин Ц и многу други минерали (K, Ca, Mg). Содржи и многу фитоматерии и омега 3 масни киселини.

Бобинкастите плодови се широко употребувани и предизвикуваат големо внимание поради нивните докажани корисни здравствени својства. Токму затоа брусницата е одличен избор за оние кои се грижат за своето здравје. Има антигабично и антивоспалително дејство.Се употребува за подобрување на имунитетот, при разни заболувања на урогениталниот тракт, заштита од срцеви заболувања, рак и останати болести.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
*Пресметките се однесуваат на 100g
Енергетска Вpeдност 320kcal
Mасти 1.4g
Протеини <0.1g
Јаглехидрати 82,4g
   

 

 

Папаја

Го поттикнува варењето на протеините и делува антибактериски

ПАПАЈА- постојат околу 45 видови на папаја. Плодот има зеленкаста или жолта кора, додека бојата на пулпата варира од портокалово, розе па се до црвено.Месото на папајата е меко, сочно и благо.Во средината има семчиња кои во Централна америка се користат како зачин сличен на бибер.

Зрелиот плод може да се користи во свежа состојба или да се суши и таков да се користи како здрав десерт, за појадок со мусли или како додаток во колачи. Папајата содржи ензим папаин кој го поттикнува варењето на протеините и делува антибактериски. Папајата е богат извор на витамин А, фолна киселина, витамин-Ц, калциум и диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 38g
*Дневни потреби %
Енергетска Вредност 112kcal  
Енергетска Вредност од масти 0kcal  
Масти 0g 0%
Заситени масти 0g 0%
Холестерол 0mg 0%
Натриум 1,15mg  
Вкупни јаглехидрати 27,8g 9,2%
Диетални влакна 0,68g 2,72%
Шеќер 19g  
Протеини 0,23g  
Витамин А 108mg  
Витамин Ц 23,48mg  
Калциум 9,12mg  
Железо 0,038mg  


*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

     
 

Ананас

Симбол на гостопримливостa

Ананасот ширум светот е симбол на гостопримливоста. Има сладок и сочен плод со посебен оригинален вкус.

Од нутриционистички аспект плодот е без маснотии,содржи мала количина на сол, богат е со витамин Ц, а особено обилува со минералот манган. Освен тоа содржи ензим бромелаин кој ја помага дигестијата на протеините.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 38g
*Дневни потреби %
Енергетска Вредност 115kcal  
Енергетска Вредност од масти 0kcal  
Масти 0g 0%
Заситени масти 0g 0%
Холестерол 0mg 0%
Натриум 0,7mg  
Вкупни јаглехидрати 28,5g 9,5%
Диетални влакна 0,45g 1,8%
Шеќер 19g  
Протеини 0,2g  
Витамин А 22,8mg  
Витамин Ц 9,5mg  
Калциум 4,56mg  
Железо 0,15mg  


*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

     
 

Манго

Едно од најбогатите овошки со провитамин А

Мангото е познато како тропска праска, бидејќи во него се помешани вкусот на праската, портокалот и ананасот. Мангото е егзотичен плод кој се одгледува повеќе од 4000 години во јужна Азија и е најискористена овошка во тропските предели. Неговата пулпа е жолтеникава поради богатството на каротеноиди и богата содржина на диетални влакна, има сладок вкус и посебна арома. Мангото е едно од најбогатите овошки со провитамин А, богат е со витамин Ц и Б5, а од минералите Ca, P, K, Mg.

Токму затоа конзумирајќи дехидрирано манго го снабдувате своето тело со витаминско-минерални состојки неопходни за добро здравје.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 38g
*Дневни потреби %
Енергетска Вредност 116kcal  
Енергетска Вредност од масти 0kcal  
Масти 0g 0%
Заситени масти 0g 0%
Холестерол 0mg 0%
Натриум 0mg  
Вкупни јаглехидрати 27g 9%
Диетални влакна 1g 4%
Шеќер 19g  
Протеини 2g  
Витамин А 456mg  
Витамин Ц 11,4mg  
Калциум 3,8mg  
Железо 0,19mg  


*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

     
 

Егзотик микс

Инзворедна мешавина на дехидрирани овошја и јаткасти плодови

Инзворедна мешавина на дехидрирани овошја и јаткасти плодови која ќе Ви даде енергија и здравје. Без додаток на шеќер. Состав: папаја, манго, ананас, бадем, лешник.

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

     
 

Кристализиран ѓумбиp

Здрава ужина или сладок десерт

Кристализираниот ѓумбир е подготвен од внимателно одбран корен од ѓумбир, специјално конзервиран со сиров шеќерен сируп.

Уживајте во него како здрава ужина или сладок десерт, подобрувајќи ја циркулацијата и ублажувајќи го утринскиот мамурлак.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 40g
*Дневни потреби %
Енергетска Вpeдност 130kcal  
Енергетска Вредност од масти 0kcal  
Масти 0g 0%
Заситени масти 0g 0%
Холестерол 0mg 0%
Натриум 23mg 1%
Вкупни јаглехидрати 33g 11%
Диетални влакна 0g 0%
Шеќери 16g
Протеини 0g
Витамин А   0%
Витамин C   0%
Калциум   6%
Железо   2%

 

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

     
 

Банана чипс

Банана чипсот се засладени сушени парчиња банана со неверојатно сладок вкус и изразена арома на банана.

Бананата претставува богат извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум, а воедно и богат извор на шеќери и диетални влакна - коишто позитивно влијаат врз Вашето здравје и ја снабдуваат неопходната енергија во текот на денот.

Банана чипсот е одличен хранлив и здрав десерт за секој -деца, спортисти, ученици и возрасни. Може да го конзумирате како грицки или како додаток во оброк од житарки, колачи и сладолед.

Пробајте и уживајте!